Што носи сината карта?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113

На младите, високообразовани луѓе им се нуди професионална иднина во Германија без бирократски пречки. Тоа е можно со т.н. сина карта. Од први август се издава нова виза за стручните работници од земјите надвор во ЕУ.

Многу студенти од странство сакаат да живеат во Германија, меѓутоа комплицираната бирократија во текот на добивањето на визата за престој и работната дозвола често беше камен на сопнување. Со т.н. сина карта сега се’ е поедноставно. До четири години во Германија ќе може да престојува оној кој завршил германски факултет или, пак, се образувал во странство, а германските власти му ја признаваат дипломата, и кој има доказ дека годишно во просек ќе заработи 44.800 евра. Инженерите и стручњаците од природните науки годишно можат и помалку да заработуваат и да ја добијат сината карта, бидејќи тие во Германија се и повеќе од потребни. Дека интересот за сината карта е голем потврдува и Генералниот секретар на Германската служба за академска размена Улрих Гротхуз.
„Имаме барања главно во два правци. Првата група на луѓе се оние кои завршиле студии и сега сакаат да дознаат дали можат да работат во Германија. Уште поинтересни ни се оние кои сакаат да студираат во Германија или кои во странство имаат стекнато универзитетска диплома и размислуваат за доаѓање во Германија. Многу е важно да знаат дека подоцна можат да останат во Германија, секако доколку сакаат“, вели Улрих Гротхуз.

Помалку бирократија
Оној кој по студирањето сака да остане во Германија веќе не мора во рок од една година да пронајде работа за која е квалификуван. Тоа лице сега на располагање има 18 месеци. За тоа време смее да работи и со тоа да си осигура средства за живот. Исто така, сопственикот на сината карта по две или три години добива постојана дозвола за престој во Германија. Лицата кои бараат работа профитираат од укинувањето на т.н. проверка на правото за првенство при добивање на работата.
„За апсолвентите од странство тоа е многу практично олеснување. Сега нема долготрајни бирократски проверки на тоа дали постои внатре во ЕУ лице кое би можело да ја работи таа работа. Таквата проверка звучи едноставно, но трае долго. За работодавачите тоа е исто така олеснителна околност“, вели Гротхуз.

Инженерите и медицинскиот персонал се дефицитарни во Германија.
Тој се надева дека, со помош на сината карта, бројот на странската стручна работна сила во Германија ќе биде поголем. Тој сега годишно изнесува меѓу 10 и 15.000 лица. Меѓутоа, тој смета дека сината карта не е волшебно средство за борба против недостатокот на стручната работна сила. Гротхуз во секој случај смета дека Германија ќе стане многу попривлечна земја, благодарејќи на сината карта.
„Важно е за луѓето кои кај нас доаѓаат со сина карта дека политиката тука дава еден сосема јасен сигнал. Ние сме отворени кон светот. Ние сакаме заедно да живееме и да работиме со луѓе кои имаат поинакво потекло“, објаснува Генералниот секретар на Германската служба за академска размена Улрих Гротхуз.

за синава карта пишав и овде пред извесно време , но за во Италија-
Почнувајќи од 08.08.2012 сите заинтересирани за добивање сина карта во Италија Carta blu europea странските граѓани можат барањата да ги поднесат веќе и онлајн

http://forum.kajgana.com/threads/Кајганџии-во-Италија.61389/page-4
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:01 ---
>
/
,

Njemačka uvodi “Plavu kartu EU”

Njemačkoj će do 2030. godine nedostajati šest miliona radnika, a kako bi taj problem riješila, vlada želi, uvođenjem “Plave karte EU”, da pojednostavi dolazak visokoobrazovanih radnika iz zemalja koje nisu članice Evropske unije

Onaj ko želi da dobije “Plavu kartu” potrebno je da priloži fakultetsku diplomu i da zarađuje najmanje 44.000 evra godišnje. U tom slučaju, dobija radnu dozvolu, a poslije tri godine rada i neograničenu dozvolu boravka.

http://www.capital.ba/njemacka-uvodi-plavu-kartu-eu/
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:03 ---
Pravo na rad imaće i bračni partneri koji neće morati da dostavljaju potvrdu o znanju jezika.
Za doktore, inženjere i informatičare, koji su u Njemačkoj posebno traženi, platni prag spušten je na čak 35.000 evra. Pravo na “Plavu kartu” imaće i strani studenti u Njemačkoj, ukoliko pronađu posao u svojoj struci godinu dana po završetku studija.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.877
Поени од реакции
6.933
Нема за германскава уште аплицирање онлајн?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Pravo na rad imaće i bračni partneri koji neće morati da dostavljaju potvrdu o znanju jezika.
Досега процедурата беше брачниот партнер да има потврда за А2 познавање на Германскиот јазик нели?
Onaj ko želi da dobije “Plavu kartu” potrebno je da priloži fakultetsku diplomu i da zarađuje najmanje 44.000 evra godišnje. U tom slučaju, dobija radnu dozvolu, a poslije tri godine rada i neograničenu dozvolu boravka.

И за овој дел имам прашање, каде да заработува 44 000 евра, во Македонија или во Германија?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
sega imash mnogu olesnuvanja
porano beshe so A1
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:18 ---

таму бе леандрич:)
си наоѓаш работа која годишно ти носи не помалку од 44 000 евра годишно
само зошто кај доктори, информатичари и инженери прагот е 39000?
безобразни сеовие германциве бе- сакаат да ни ги соберат овие профили -затоа и ја спуштиле границатакако услов:mad:
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:27 ---
за Полска најдов пред некој ден многу поволности-
ноооо, сепак тоа е Полска и не е многу атрактивна и барана ко во случајов:icon_lol:
 
П

Пепси_

Гостин
А ова секој ќе може или само од одредени свери што им се потребни може да аплицираат ?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Фино е ова со синава карта и брачни другари, ако сега не се разбега населениево нема кога. дај пиши и за Полска нека има за сите земји овде, може некој ќе избере и за таму:)
 
П

Пепси_

Гостин
sega imash mnogu olesnuvanja
porano beshe so A1
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:18 ---

таму бе леандрич:)
си наоѓаш работа која годишно ти носи не помалку од 44 000 евра годишно
само зошто кај доктори, информатичари и инженери прагот е 39000?
безобразни сеовие германциве бе- сакаат да ни ги соберат овие профили -затоа и ја спуштиле границатакако услов:mad:
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:27 ---
за Полска најдов пред некој ден многу поволности-
ноооо, сепак тоа е Полска
Па види им фалат такви ако треба и 15 што се вели ќе направат само да има прилив на тој кадар.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Па види им фалат такви ако треба и 15 што се вели ќе направат само да има прилив на тој кадар.
знам
тоа и го реков
но, не чини за МК уопште- све ќе пребега таму
а во МК ќе остани пак радничка клааса(НК, КВ и ВКВ:(:mad:)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
sega imash mnogu olesnuvanja
porano beshe so A1
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:18 ---

таму бе леандрич:)
си наоѓаш работа која годишно ти носи не помалку од 44 000 евра годишно
само зошто кај доктори, информатичари и инженери прагот е 39000?
безобразни сеовие германциве бе- сакаат да ни ги соберат овие профили -затоа и ја спуштиле границатакако услов:mad:
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:27 ---
за Полска најдов пред некој ден многу поволности-
ноооо, сепак тоа е Полска и не е многу атрактивна и барана ко во случајов:icon_lol:
Може да ми дадеш линк за Полска?
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Фино е ова со синава карта и брачни другари, ако сега не се разбега населениево нема кога. дај пиши и за Полска нека има за сите земји овде, може некој ќе избере и за таму:)
Многу убаво размислување..Нека се разбега населението..
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Гледам почнавте да чекате да излезат сини и незнам какви карти, за да си отидете од Македонија. Всушност, кога ќе размислам подобро, одете си, мислите некој ќе плаче по вас? Песимисти, само да се мрчело нешто.
Не ја напуштам Македонија, па и месечна плата 44.000 евра да ми се нуди. Тоа е тоа. :)
Едноставно премногу си ја сакам државата и сум благодарна што сум се родила овде, за вака да и враќам. Ако во времето на Филип Втори, Александар Македонски, Гоце Делчев итн вака се откажувале, што ќе бевме сега? НИШТО. Тие ги дале нивните животи за нас, за подобро УТРЕ, ама ова да го видат, ќе се превртуваат во гроб. Срамота.
Што ви фали бе во Македонија?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.170
Ајдеее навалија патриоти на темава. Без гајле, ќе ве оставиме само вас, пензионерите и политичарите да ве носат на бања за гласови или да ви носат локум на врата.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
И онака тешко сфаќаш нема што да се објаснуваме.
Нема што да се објаснуваме..
Нека се разбега населението..Што има тука за објаснување..
Многу просто и јасно..Џанам нека фатат сите..Ама ти прва,водич биди им..Стомаков неможе да ве свари..
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема што да се објаснуваме..
Нека се разбега населението..Што има тука за објаснување..
Многу просто и јасно..Џанам нека фатат сите..Ама ти прва,водич биди им..Стомаков неможе да ве свари..
Секако.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom