Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.325
Квази навивачи !
Брат не се навивачи овие, си одат си гледаат фудбал стандардно. Е вака им е полесно сега, заштедуваат 100-ка, долг, плус ќе си гледаат на топло, а надвор врне, времево е гомно... Али ипак...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Немој и ти вака :)


Што е ова бе, овие од моја населба што си одеа на јужна, никој немало да иде, ќе си гледале на ТВ :tapp: Само тие што сме Комити идеме... Ова контра ефект од преносиве на крај ќе излезе :tapp:
Јбг, не ми се збори повеќе, иначе претходните два натпревари се поклопија со Интер и два пати бев на Градски, секоја недела пцујам што ги ставаат ист термин со Вардар, а само тој еден термин е во калчото. Денеска вака, следната утакмица сигурно идам :)
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Брат не се навивачи овие, си одат си гледаат фудбал стандардно. Е вака им е полесно сега, заштедуваат 100-ка, долг, плус ќе си гледаат на топло, а надвор врне, времево е гомно... Али ипак...
И времето не е оправдување,јас ако сакам стварно да одам,и дожд да врне,и сонце јако да пука ќе одам.

Ќе треба сеа да бараме од МТВ,нашите домашни утакмици да не ги пренесува.:)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Ќе треба сеа да бараме од МТВ,нашите домашни утакмици да не ги пренесува.:)
100% гревовине ќе пренесуваат само утакмици од нас се кладам.Нема шанси да пуштат екипа до некој друг град :icon_mrgr:
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Костовски и Маневски :tapp: кец во кец ја имам тие што прават
--- надополнето: 16 септември 2012 во 20:46 ---
МАЈСТОРИЈА НА ПЕТРОВ... ајде сега да ги наполниме
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Брат не се навивачи овие, си одат си гледаат фудбал стандардно. Е вака им е полесно сега, заштедуваат 100-ка, долг, плус ќе си гледаат на топло, а надвор врне, времево е гомно... Али ипак...
каков стадион цел покриен плус под рефлектори и да неидеш тоа навистина е залосно но затоа сме на ова нивоо за зал
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
каков стадион цел покриен плус под рефлектори и да неидеш тоа навистина е залосно но затоа сме на ова нивоо за зал
Не само стадионот,него и играта што ја игра Вардар........жалосно е што вечерва имаше само 1000 луѓе од прилика на стадионот од кои 300-400 беа Комити.Стварно жалосно,затоа што доживувањето на утакмицата е одлично на таков стадион под рефлектори,а плус и одличен фудбал игра Вардар.Еден куп шанси,добри потези,голови,а во живо сето тоа изгледа уште подобро.......
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.325
Не само стадионот,него и играта што ја игра Вардар........жалосно е што вечерва имаше само 1000 луѓе од прилика на стадионот од кои 300-400 беа Комити.Стварно жалосно,затоа што доживувањето на утакмицата е одлично на таков стадион под рефлектори,а плус и одличен фудбал игра Вардар.Еден куп шанси,добри потези,голови,а во живо сето тоа изгледа уште подобро.......
Повеќе бевме Комити едно 500 души сигурно :)

На цел стадион околу 1000 да речеме, мада и тоа е многу...


Жалосно не жалосно такви се луѓево тука. Али они губат :D
Одново, незнам дали е до нас или па другиве екипи се ептен тапа.

Вардар-Дрита 4-0!
И покрај тоа што тпавме многу, сепак можевме да дадеме многу повеќе голови. Барем едно 7, за да се израдуваа сите што ја чекаа 4+ :D
Вака сите пцовки одат на контото на Маневски :icon_mrgr:
Се изнапромашува, или поубаво кажано голманов на Дрита се изнабрани.

Се изнауткавме во прво полувреме. Неможам да допамтам се, али ми текнува на 3 чисти шанси. Прво една одлична акција имавме, Маневски убаво ја зафати ама голманот на гостите одлично одбрани.
Потоа шанса за Маневски одново, чиста шанса но и тоан го промаши. Тука имавме и една шанса со глава, ама не сум сигурен кој шутираше. Дали беше Костовски или Маневски...
Конечно при крајот, Петров во соло акција ги помина сите и мајсторски погоди за 1-0.
Иако се плашевме за десната страна, денес Петров ни беше најдобар играч!
Георгиев беше просечен, а највеќе потфрли Стјепановиќ. Им удри изгледа славата во глава :D
Ме изненади Милевски што играше без Таневски. Игравме со Вајс и Бојовиќ, а во игра не беше ни Темелков, средината се состоше од Ранѓеловиќ и Стјепановиќ.
Во одбрана бевме одлични, дури и подобро изигравме без Таневски. Не ми текнува на ниедна шанса на Дрита. Освен еден слободен, Захов го одбрани, а одбиената топка некој ја исфрли во корнер.
Во прво полувреме Георгиев еднаш се искурнази сакаше пак со макази да дасде гол, али повторно неуспешно исто како и со Турново.
Судијата воедно не ни досуди чист пенал, Петров стигна прв до топката (бар од запад така изгледаше) и беше фаулиран за пенал на 0-0.

Второ полувреме газење. Костовски не беше добар играч??? :D
Сам си ја зема топката им ја распали од далечина во долен десен агол за 2-0.
Тука имавме уште по некои шанси ама не ми текнуваат. Знам една голманот им ја одбрани рефлексно, откако нивни играч си ја шутна позади и ќе си дадеше автогол.
Еднаш Мичка излезе еден на еден странично, но му ја одбранија.
Петров со уште еден соло продор од десно за статива-гол и 3-0.
Георгиев тука имаше еден одличен шут од страна, со добро ефе, но топката мина милиметри до стативата. На четвртиот гол не ми текнува баш. Мислам имапе нафрлување и Јове само ја закова со глава, за негов 7-ми гол сезонава.
Милевски направи каша-попара со сотавот во втор дел. Влегоа Стојаковиќ, Бошкоски и Темелков, излегоа Петров, Костовски и Маневски.
На крајот Георгиев беше шпиц, Цикарски крило, Бошкоски лев бек, Пеџа десно крило...

На трибини добро издание. Вебавме нова песна, и имавме одлична кореографија. Едно време и голем дел од јужна пееше на АЛЕОООО АЛЕОООООО :D:D
Имаше едно дете горе што скокаше само на јужна :D
Бевме во добра бројка, околу 500 души, што за ваков меч е и повеќе од добро.
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Не само стадионот,него и играта што ја игра Вардар........жалосно е што вечерва имаше само 1000 луѓе од прилика на стадионот од кои 300-400 беа Комити.Стварно жалосно,затоа што доживувањето на утакмицата е одлично на таков стадион под рефлектори,а плус и одличен фудбал игра Вардар.Еден куп шанси,добри потези,голови,а во живо сето тоа изгледа уште подобро.......
јбг имаме еден ебен менталитет овде во мк бес разлика албанец или македонец мие таа сезона што станавме шампиони што народ идеше секој натпревар најмалку 6,7илади имаше,исто и кај вас прошла сезона,кај нас во мк ако сакаш да имаш добра бројка мора тимот една сезона да игра втора лига па после наредната сезона да влезе прва за да се запали публиката или па да се бори за шампионска тилула тоатие како што казав покоре ебен менталитет,што че го кошта да остави некоа работа ако има или да не отидне на кафе но тоа изгледа им е побитно:(
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.516
Поени од реакции
28.995


И аман доста те со изговори, ладно било, жешко било, на работа сме не знам што. Еве ви недела еве ви вечерен термин и пак сме иста бројка. Сума сумарум, ова е нашата бројка и вистински навивачи!
--- надополнето: 16 септември 2012 во 23:35 ---
Имаше едно дете горе што скокаше само на јужна :D
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Абе каква карта си влагаа луѓето слободно на јужна.Значи џабе и беспари да направат пак е истиот глуп менталитет.Што ќе идам на стадион дома ќе седам ја има на ТВ :facepalm::facepalm:
Натпревар во кој одма се знаеше кој е победникот.Дрита еднаш не шутнаа кон голот освен тој слободен удар ама Захов ја испушти па Вајс покри и ја исфрли во корна.Маестрален погодок на Костовски при првата акција во второто полувреме јас мислам и најбрз гол до сега па не поминаа ни 10 секунди :pos: исто и Петров со двата гола маетрален..Остоја потфрли денес некако изгубено делуваше.Георгиев не се изнаигра денес имаше шанса со лоб удар но непрецизен.Нови 3 бода и солидна предност пред конкурентите за титула :vozbud:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.328
Поени од реакции
5.304
Кладилниците поклони ни дават од македонската лига :D
За Вардар со Дрита
1&3+ @ 1.80
1-1&3+ @ 2.25 :eek: e фино лепо, благодариме за полонот :D
Се знаеше дека утакмицата нема да заврши 1:0 или пак 2:0
Вардар е 2 клади над Дрита, тие Турново ги наполнија не па Дрита :D

П.С.
Ептен слабо е посетен Филип II на домашните мечеви на Вардар (зборам за утакмици со Турново, Дрита...) и терминот ви е погоден, ноќна утакмица и се и пак има 300-400 гледачи максимум на Јужна...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom