Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Ај до поискусниве:

1.Има некој искуство со Мелатонин за подобро заспивање?Немам проблеми со спиење,ама ми се дешава еден ден во неделата да неможам да заспијам и ми ги пореметува сите планови.

2.Исто така сакам мислење околу стаков за намалување бф.Лично сега не ми треба,ама да го поставам прашањево додека ми е на памет да не заборавам до пролет :icon_lol:

25-50mg Ephedrine + 200-300mg coffeine + Aspirine (100mg) + 5gr L-Carnetine.
1. Мелатонин лани ова време го пробував и немав некое добро искуство со него, но други луѓе го фалат дека им помага па пробај. Јас лично ако некој пат имам обврски или тренинзи многу рано лупам дијазепам, но не би го препорачал. Ксанакс и лунеста ми ги имаат препорачано многу пати, но не сум имал прилика да ги пробам.
2. Немам искуство со ЕКА стакот, но личи дека е во нормални граници според тоа што имам читано.
 
DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Ај до поискусниве:

1.Има некој искуство со Мелатонин за подобро заспивање?Немам проблеми со спиење,ама ми се дешава еден ден во неделата да неможам да заспијам и ми ги пореметува сите планови.

2.Исто така сакам мислење околу стаков за намалување бф.Лично сега не ми треба,ама да го поставам прашањево додека ми е на памет да не заборавам до пролет :icon_lol:

25-50mg Ephedrine + 200-300mg coffeine + Aspirine (100mg) + 5gr L-Carnetine.

Јас не би ти препорачал ова.Ефедринот предизвикува аритмии и тахикардии а работата на аспиринот е сосема спротивното.Правиш шок на срцето пред се.
Пробај со л-карнитин и убава и строга диета.Нема утка.Не ризикувај.
Прашај го Стеф Ангел погоре за совети он има големи резултати постигнато со губење на бф.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260

Немам јас проблем со бф,напротив,ама после фаза на градење мускулна маса што ми трае до кај средината на Мај почнувам да се чистам,стаков е препорачан поради топењето на масти поефективно одколку само л-карнетин и правилна исхрана.Често го користат професионалните бодибилдери за форма пред натпревар.Во последнава книга што ја прочитав исто така е препорачан стаков со акцент на тоа дека нема странични ефекти,мада мене не ми се веруваше најмногу поради Аспиринот,па побарав низ некои студии на интернет и повеќето укажуваат на тоа дека нема странични ефекти.Но,едно се лабараториски студии а друго е во пракса,затоа прашав дали има некој повеќе искуство со стаков,и јас бев и сеуште сум скептик за користење на Аспиринот како дел од него.Најважен е балансот во бодибилдингот било да е за исхрана,тренинг или одмор,се што е многу повеќе од нормалата штети на организмот,без разлика дали се работи за суплементи,лекови,витамини или нешто друго.
 
Па аспиринот се дава најчесто на луѓе со срцеви заболувања,после инфаркт итн.Ефедринот мене исто ми е сумљив.
Јас не би земал тоа.

А доколку качуваш маса (значи немаш некоја голема претходно претпоставувам) не би ти требало нешто толку „екстремно“.
Добра диета и убаво кардио би ти завршиле работа.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256

Ако подобро погледнете на составот од овој препарат кој го користат бодибилдерите, ќе видите дека ефедринот е достапен во чист облик или како Ma-huang ( кинески чај кој исто така содржи ефедрин). Ефедринот е силно стимулативно средство забрането од страна на IOC-a 1972 година “поради непредвидена промена во работата на срцето, притисокот и расположението”.
Ефедринот е алколоид чиј ефект е стимулација на симпатикусот со карактеристично подигање на адреналинот, поради што наоѓа примена во медицината и се користи против астма, бронхитис и конгестија на каналите (нагло отварање на дишните патишта). Поради тоа што силно ги стимулира алфа и бета рецепторите, никогаш не се знае како ќе реагира на корисникот. Посебениот психолошки ефект може да се опише како кога се лулате на столица и одеднаш губите рамнотрежа и почнувате да паѓате наназад! Стимулацијата не е како кај кафето (блага еуфорија), туку имате јаки возбудувања кои немаат видлив резултат, зависно од траењето на дозата 30-40 минути и крајно е непожелен за време на натпревари. Ако се конзумираат заедно кофеин и ефедрин, корисникот може во истиот момент да колабира поради брзиот пад на притисокот.
Занимливи се истражувањата спроведени на ефедринот. Така на пример истражувањето од 1997 година ( доза од 24 грама) не утврдила значајни резултати на сила или издржливост на спортистите, се додека наредната година истата истражувачка група не го направила и следното испитување , доза од 24 грама ефедрин во комбинација со 130 грама на теофилин од чај и добила не многу значајно подобрување во само еден параметар. Искуството на Америчкиот пливач Rick Demont кој бил астматичар и кој го користел ефедринот во спреј како лек, Америчката Академија за Алергија (American Academy of Allergy) донела посебна резолуција по која можел да ја помине anti-doping контролата. Инаку, ефедрин бил пронајден во мокрачата на Diegо Maradonа, атлетичарот McMartin и Silken Lauman. На олимпијадата се појавил и проблем поради користење на ginseng (кој содржи псеудоефедрин во мали количини). Меѓутоа и pseudoefedrin-от не многу значајно делувал во можностите на спортистите, па поради тоа комисијата не реагирала.
Според примерот на кофеинот, бил направен обид и ефедринот да се стави на листата на напитоци за рехидрација и опоравок, на пример Ultimate Orange firme Next Nutrition во кој е додаден екстракт од кинескиот чај Mahuang. Ефедринот се користи како додаток и во средствата за слабеење, а верувањето дека "топи" масно ткиво потекнува заправо од бодибилдерите.
Дозирање и несакани ефекти: средството е толку силно што и малите дози се проблематични (10-20 mg) поготово доколку се земаат подолг период. Мора да се нагласи дека реакциите се индивидуални : нервоза, раздразливост, тресење, безпричински страв . Несоницата и главоболките се благи несакани ефекти . Кај поголемите дозирања се јавува силно биење на срцето, пораст на крвниот притисок, гушење и хипогликемија.
Ова го имам читано како објава на www.napumpajse.com
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Немам јас проблем со бф,напротив,ама после фаза на градење мускулна маса што ми трае до кај средината на Мај почнувам да се чистам,стаков е препорачан поради топењето на масти поефективно одколку само л-карнетин и правилна исхрана.Често го користат професионалните бодибилдери за форма пред натпревар.Во последнава книга што ја прочитав исто така е препорачан стаков со акцент на тоа дека нема странични ефекти,мада мене не ми се веруваше најмногу поради Аспиринот,па побарав низ некои студии на интернет и повеќето укажуваат на тоа дека нема странични ефекти.Но,едно се лабараториски студии а друго е во пракса,затоа прашав дали има некој повеќе искуство со стаков,и јас бев и сеуште сум скептик за користење на Аспиринот како дел од него.Најважен е балансот во бодибилдингот било да е за исхрана,тренинг или одмор,се што е многу повеќе од нормалата штети на организмот,без разлика дали се работи за суплементи,лекови,витамини или нешто друго.
Л-карнитин не дејствуваше кај мене ми намали стриите што ги имав ништо повеќе.Може малку енергија и фокус на тренинг но друго не осетив.За ефедрин никогаш не сум конзумирал но ако конзумираш нека биде во помали дози на почеток и зголемувај полека.
Пробај со цик цак диета и со намалување на јх на 1 грам на секој кг.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Л-карнитин не дејствуваше кај мене ми намали стриите што ги имав ништо повеќе.Може малку енергија и фокус на тренинг но друго не осетив.За ефедрин никогаш не сум конзумирал но ако конзумираш нека биде во помали дози на почеток и зголемувај полека.
Пробај со цик цак диета и со намалување на јх на 1 грам на секој кг.
Мали количини зависат до индивидуата,пример за некој ако 50мг е мала количина за друг е голема,и обратно.Инаку со диетиве си се држам строго до 2.5-3гр протеин,5јх и 1масти на килограм,зборувам за градење мускул,а за чистење или намалувам јх па зголемувам протеини,или одам со carb cycle дитата.Секакви други диети кај што има low carbs а се наменети за ставање мускулна маса ги избегнувам.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ефедринот е силно стимулативно средство забрането од страна на IOC-a 1972 година “поради непредвидена промена во работата на срцето, притисокот и расположението”.
Како е забрането кога и ден денеска се користи, може да се купи од аптека.
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
131
Поени од реакции
27
Stefanvil какви л-карнитини ефедрини и слични др глупости.. кога си на чистење кето диета (зголемен внес на протеини намален скроз внесот на јх и кардио кардио и само кардио) Тоа е тоа... не ги фрли парите за глупости мн души имам питано викаат дека л-карнитинот за ништо не го бива така даа... твој избор сепак
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Еве совет од експерт :icon_lol:
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
До колку работи во недела Гладијатори во К.Вода?
Ако прашуваш за теретаната дури одев работеше од 17 до 22 часот се надевам дека за 2 и пол месеци нема промена. :)
--- надополнето: 16 септември 2012 во 15:56 ---
Stefanvil какви л-карнитини ефедрини и слични др глупости.. кога си на чистење кето диета (зголемен внес на протеини намален скроз внесот на јх и кардио кардио и само кардио) Тоа е тоа... не ги фрли парите за глупости мн души имам питано викаат дека л-карнитинот за ништо не го бива така даа... твој избор сепак
Јас сум зел Л-карнитин и не добив никакви резултати само залудно фрлени пари. Само мала забелешка според мене диета+кардио+ 3 дена неделно како втор тренинг да се вежба тежински тренинг. Барем на своја кожа како што гледам многу паднав на мускулна маса само од кардио и диета и затоа вклучив и тренинг со своја тежина (склекови, згибови и тн)+ еднорачи со кои вежбам останатите делови (раце, рамо)
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Ајде и тука да прашам каде во Скопје можам да најдам вакви гуми/ластици??
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Stefanvil какви л-карнитини ефедрини и слични др глупости.. кога си на чистење кето диета (зголемен внес на протеини намален скроз внесот на јх и кардио кардио и само кардио) Тоа е тоа... не ги фрли парите за глупости мн души имам питано викаат дека л-карнитинот за ништо не го бива така даа... твој избор сепак
Да не бидам дрзок во одговоров,ама муабети од теретани и од луѓе што ги бараат резултатите единствено во суплементација никогаш не сум ги зимал како валидни.Нема да ми биде прв пат да користам карнетин,така да точно знам дали индивидуално мене ми има или ми нема ефект.Секако постојат луѓе што имаат проблеми со конзумирање на л-карнетин,ама кај сите ефектот е ист,проблемот е кој колку знае да го искористи правилно со тренинг и со исхрана.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom