Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум зел Л-карнитин и не добив никакви резултати само залудно фрлени пари. Само мала забелешка според мене диета+кардио+ 3 дена неделно како втор тренинг да се вежба тежински тренинг. Барем на своја кожа како што гледам многу паднав на мускулна маса само од кардио и диета и затоа вклучив и тренинг со своја тежина (склекови, згибови и тн)+ еднорачи со кои вежбам останатите делови (раце, рамо)
Едно другарче со солидна градба така се исуши, одеше кардио, диета и тежински ама малце претера со кардио ни гради ни раце му останаа. Исто и на мене осетив лани, со желба за брзо слабеење форсирав строги диети со кардио и тежински и бајаги паднав мускулно.

Пошто правев мала пауза летово, почнав веќе еден месец да сум на режим на низок калориски внес (околу 1500 калории, избалансирана исхрана) и 3 пати неделно само тежински тренинг без многу форсирање и резултатите сега за сега се добри, немам голема загуба во сила како претходно и подобро се осеќам а губам по пола килограм неделно
 
Така и јас мислам дека е правиот пат да се избере за топење масти, а зачувување мускул. Никако повеќе од 0,5 кг губење мускул на недела така да диетата да фати 12-16 недели, кардио сесии не подолги од 30 минути 3-4 пати неделно со низок интензитет, а намалено внеметраење на тежински тренинг, но со повисок интензитет. Потоа треба да се подесат некои финеси како користење исклучиво на комплексни ЈХ, не јадење ЈХ после 6 часот минимум, заобиколување на масти во широк круг и високо количество протеини (2-3 на кг) Зборувам за природен бодибилидинг. На сето тоа може да се додаде зелен чај, л-карнитин и кофеин, сепак умерено со овие зошто го дехидрираат телото а најголемиот анаболик е секако вода. За време на диета особено може да помогне и pre-workout за да даде фокус и интензитет додека сме исцрпени поради редуциран внес на ЈХ.
 
дечки дали е добра комбинацијата од cell-tech и протеин?
Колку штом сум запознае со ова,многу луѓе се незадоволни од cell-tech.Па дури и само најлошо кажуваат за него.
Протеин и монохидратен креатин мислам дека ќе ти биде далеку подобро и поефтино.
 
Некој систем за вежбање бицепс/трицепс два пати неделно? Во понеделник вежбам бицепс + трицепс (3 вежби, по 3 серии), но незнам останатите 5 дена во неделата како да ги распоредам.
 
Некој систем за вежбање бицепс/трицепс два пати неделно? Во понеделник вежбам бицепс + трицепс (3 вежби, по 3 серии), но незнам останатите 5 дена во неделата како да ги распоредам.

Трицепсот вметни го пак во денот кога вежбаш гради, а бицепсот кога вежбаш грб.

Пример:

Понеделник: Гради - трицепс
Вторник: Грб - бицепс
Среда: Одмор
Четврток: Рамо - нозе
Петок: Раце
Сабота: Одмор
Недела: Одмор

Иако јас лично не би ја практикувал рутинава, изгледа како најпогодна за твојот случај.
Можеби некој има подобар предлог, причекај па одлучи си.

дечки дали е добра комбинацијата од cell-tech и протеин?

CellTechот е најефтината форма на креатин, измешан со декстроза.
Истата комбинација можеш да ја направиш за помалку од 1000 денари.

Во секој случај, комбинацијата е добра.
 
Ај некој постручен во нутриција да ми каже што мисли за овие два продукта кои доста често ги користам во исхрана , дали се во склад со режимот на исхрана : вариво(ака златна мешавина , пченка+грашок+морков) и кашкавал/сирење
 
Ако ти е за мускулна маса калориите од мастите од сирењето/кашкавалот се ок но не претерувај имаат над 25% масленост и повеќето од нив се заситени масти.Подобро да земеш изварка или урда и да ја ставиш во комбинацијата.Ем поздрава ем нема толку масти ем побогат извор од калциум амин.
 
Некој систем за вежбање бицепс/трицепс два пати неделно? Во понеделник вежбам бицепс + трицепс (3 вежби, по 3 серии), но незнам останатите 5 дена во неделата како да ги распоредам.
@Stef Angel @sajSiGa ?
 
Имам 94кг а сум висок 188см.Имам мал стомак(не е проблем тој) и спрема мене раменава и градиве треба да ги набацам малце..Ќе почнам да билдам деновиве , какви совети ми давате дали да одам скрос природно или да земам нешто хемија? И за колку време може да се достигни некоја линија на телото, значи не сакам да се направам по пропорции туку она основното да држам некоја линија.
 
Дропсетови,пирамидално вежбање,5х5 бирај кој систем го сакаш.Почни со дропсет или супер серија 3 тежини од почеток тешко па намалувај.Ако ти е толку за рацете имај еден ден тренинг само за раце трицепс/бицепс.Не ти треба повеќе затоа што ги оптеретуваш со другите делови.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 19:46 ---

Вежбан си не си вежбал до сега?
 
Се сложувам со истото што го кажа Myers. вториот пат кога ќе ги вежбаш бицепсот и трицепсот нека биде тоа денот кога вежбаш грб т.е. гради соодветно, инаку ризикуваш да претренираш и ништоо фајде да не видиш бидејќи ако ги распоредиш поинаку ќе излезе дека по 3 пати неделно ги вежбаш (индиректно со гради/грб) што дефинитивно е претренирање. Дури би ти препорачал да ги вежбаш 2 пати во 10 дена наместо во една недела освен ако не те мрзи да пресметуваш. пример понеделинк, сабота, среда.... Обавезно при секое вежбање зимај тег што можеш да го дигнеш по максимум 6-8 пати, а заврши со вежба која го истегнува целиот мускул а на која можеш да нашравиш по 15 повторувања, битно е да дадеш максимум кога вежбаш а не да вежбаш во зоната во која ти е пријатно, исто и поставви ја исхраната на место инаку џабе работа.
 
Некој систем за вежбање бицепс/трицепс два пати неделно? Во понеделник вежбам бицепс + трицепс (3 вежби, по 3 серии), но незнам останатите 5 дена во неделата како да ги распоредам.
Обрни повеќе внимание на негативите.Кревај го тегот 1 секунда а спуштај го 3-4 секунди полека и без мамење.
 
Дропсетови,пирамидално вежбање,5х5 бирај кој систем го сакаш.Почни со дропсет или супер серија 3 тежини од почеток тешко па намалувај.Ако ти е толку за рацете имај еден ден тренинг само за раце трицепс/бицепс.Не ти треба повеќе затоа што ги оптеретуваш со другите делови.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 19:46 ---

Вежбан си не си вежбал до сега?

Не сум одел никогаш во теретана.Инаку имам активно спортувано 5-6 години порано,сеа 2-3 години сум залегачен така.
 
vakasega na stranata na california fitnes sport mu pisav na mirko on mi preporaca da zemam mutant mass 6.8kg pa sakam nekoj koj se razbira od ovie raboti da mi kaze dali ovca e dobro ili ne a i nemozev da najdam tamu kolku e doziranjeto vo tekot na eden den kolku dozerki se pijat po kolku pati i kolku vreme ke imam od ova 6.8kg posto e skapicko. blagodaram
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom