Горан Пандев

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Дефинитивно Лацио гадно се заеба со оптишувањето на Пандев, премногу ке изгубат а не се свесни дека тешко може да се најде таков играч во денешно време.

Можеби се тешат на Зарате, кој според мене е профил на играч како Кристијано Роналдо, егоманијакален тип...ај ке видиме како ке заврши.

Моментално Интер е најлошата опција за Пандев, влага во клучен период од неговата кариера кај што треба да се докаже дали ке биде играч од светски калибар и константно ке игра добро, или само ке биде играч од 2-3 сезони.

Ако иде во Интер таму ке му биде загарантирана клупата, има да ја грее како никој друг. Ето и Милито таму се неприкосновени, Балотели е пред него.

А да си заебеш кариера за само 1 месец да бидеш стартер (?!?!) додека Ето не се врати од Куп на африкански нации, би било крајно глуп потег.

Најдобра опција според мене е трансфер во некој средно голем европски клуб, нешто како Волзбург, Хамбургер, Севиља, Валенсија, Бордо, Астон Вила...
 
CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
1. Стојков никогаш, ама никогаш, не бил поголем потенцијал од Пандев. Пандев го памтам уште од младинска и тогаш беше лидер на младите, уште тогаш го викаа „феномен“. Стојков одигра добро на турнирот за млади во Вијареџо и затоа доби шанса во Примавера на Интер заедно со Пандев.

2. Стојков никогаш не заигра во Сериа А, а Пандев заигра во АНКОНА. Не во Лацио. Тука доаѓа до израз квалитетот за кој ти зборувам. После Анкона, Интер можеше да го даде во било кој клуб од кој купуваше играч. За среќа на Лацио, Интер го купуваше Станковиќ.

Така Горан заврши во Лацио. Интер купува играчи и во доплатата ги дава младинците од Примавера.Така ќе го купи и Пандев сега, со пари + некој младинец. После ти ќе можеш да кажеш дека да не бил Лацио, тие младинци ќе пропаднеле, но факт е дека нема клуб во Италија кој не би ги примил Крхин или Биабиани во доплата. затоа што имаат голем квалитет и потенцијал.

Стојков го немаше и ништо посебно не прикажа во Примавера каде растураа Оба-Оба Мартинс и Пандев. Затоа, не мешај баби и жаби Крашо, квалитетот не може да се скрие. Кој е добар, ќе добие шанса во добар клуб. Како ќе ја искористи, тоа е сосема друга работа.
Ама ете пак вртиш, вртиш одоколу, ја цело време читам Интер не им дава можност на тие потенцијални звезди, пак Лацио е тој што ги прави играчи :) . Загледај го тимот на Лацио годинава: Муслера, Раду, Диаките, Лихштајнер, Коларов, Перпетуини, Лусиани, Фоџа, Зарате, Мендичино и се очекува Едгар Барето да наполни 18 години да може да заигра за прв тим, што значи фокусот е на млади играчи што мене ми значи многу и тоа е тоа што покажува дека Пандев е играч од Лацио што не е незаменлив во тимот како што другарчињата над тебе го прават!
Само за инфо, Круз на 4 утакмици даде 3 гола, што покажува дека и не е така лош трансфер нели?
Нагласив веќе 100 пати, покрај милион спремни напаѓачи што едвај чекаат да добијат шанса да заиграат за Лацио, Пандев слободно може да си ги спакува куферите и да си замине, Ледесма е тој што во моментов повеќе му треба на Лацио зошто средниот ред и одбраната е тој што заебава работа. Дај боже да се остварат трансферите на Аимар и Лугано во зимскиот преоден рок, друга песна ќе се пее... :)
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.565
Поени од реакции
11.579
Дефинитивно Лацио гадно се заеба со оптишувањето на Пандев, премногу ке изгубат а не се свесни дека тешко може да се најде таков играч во денешно време.

Можеби се тешат на Зарате, кој според мене е профил на играч како Кристијано Роналдо, егоманијакален тип...ај ке видиме како ке заврши.

Моментално Интер е најлошата опција за Пандев, влага во клучен период од неговата кариера кај што треба да се докаже дали ке биде играч од светски калибар и константно ке игра добро, или само ке биде играч од 2-3 сезони.

Ако иде во Интер таму ке му биде загарантирана клупата, има да ја грее како никој друг. Ето и Милито таму се неприкосновени, Балотели е пред него.

А да си заебеш кариера за само 1 месец да бидеш стартер (?!?!) додека Ето не се врати од Куп на африкански нации, би било крајно глуп потег.

Најдобра опција според мене е трансфер во некој средно голем европски клуб, нешто како Волзбург, Хамбургер, Севиља, Валенсија, Бордо, Астон Вила...
Од кај знаеш дека ке грее клупа како никој друг ???
-Ептен глупа логика имаш да ти кажам....или пак сакаш да дојде во Милан :):smir:

Пандев ако дојде во Интер,ке дојде благодарение на Мурињо кој сака да го доведе во Интер пред се поради начинот што знае да игра на повеке позиции,а не дека ке грее клупа.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
Ама ете пак вртиш, вртиш одоколу, ја цело време читам Интер не им дава можност на тие потенцијални звезди, пак Лацио е тој што ги прави играчи :) . Загледај го тимот на Лацио годинава: Муслера, Раду, Диаките, Лихштајнер, Коларов, Перпетуини, Лусиани, Фоџа, Зарате, Мендичино и се очекува Едгар Барето да наполни 18 години да може да заигра за прв тим, што значи фокусот е на млади играчи што мене ми значи многу и тоа е тоа што покажува дека Пандев е играч од Лацио што не е незаменлив во тимот како што другарчињата над тебе го прават!
Само за инфо, Круз на 4 утакмици даде 3 гола, што покажува дека и не е така лош трансфер нели?
Нагласив веќе 100 пати, покрај милион спремни напаѓачи што едвај чекаат да добијат шанса да заиграат за Лацио, Пандев слободно може да си ги спакува куферите и да си замине, Ледесма е тој што во моментов повеќе му треба на Лацио зошто средниот ред и одбраната е тој што заебава работа. Дај боже да се остварат трансферите на Аимар и Лугано во зимскиот преоден рок, друга песна ќе се пее... :)
Не вртам никаде само ти објаснувам дека Пандев е во Лацио зошто имал квалитет, инаку ќе го земеа Стојков да се бавеа со правење услуги. Секој бара квалитетни играчи, Пандев има квалитет, ако не играше за Лацио, ќе играше за друга екипа во Сериа А. Тоа ми е поентата ништо повеќе од тоа. Ја образложив и наведов примери.

Лацио кога ќе го даде Пандев ќе ги бара Крхин, Дестро, Биабиани, Оби. Сите овие имаат квалитет. Нема да им направи никаква услуга зошто ако не играат за Лацио, ќе играат за некој друг (патем Крхин веројатно ќе игра за А тимот на Интер). Имаат квалитет. И кога ќе потпишат за Лацио или за некој друг, ќе бидат должни да си го одработат договорот, а не по него да потпишат нов, а по новиот уште еден нов. Тоа си е нивна работа понатаму. Тоа ти го кажувам јас и тоа го кажуваат сите други, ти само тераш инает тука.

Што се однесува до Интер, тој има најдобра школа во Италија, погледни само какви играчи се дел од неа и какви играчи излегоа изминативе години. Нормално е што во Интер има место за по 2-3 такви играчи зошто Интер е силен клуб и конкуренцијата е огромна. Во моментов Сантон и Балотели се во А - тимот, а ќе им се приклучи и Крхин. Останатите одат на позајмици во други клубови, како Лацио, кој им дава шанса на младите. Не затоа што така сака, туку затоа што финансиите не му дозволуваат да направи екипа како пред 7-8 години, па нормално е што се врти кон младите фудбалери, кои му играат за џабе, а после по некоја ебена логика, уште му се и должни доживотно.

Инаку Capo, зборувавме за ова а и на долго и на широко се пишува на сајтовите на Интер, во кратки црти: Пандев игра и во формација 4-3-3 и во 4-3-1-2 зад двајцата напаѓачи, што значи корисен е на повеќе места во тимот. Играчите се ротираат поради голем број натпревари а се разбира и повреди (еве Ето е неизвесен за следниот меч, Милито 3 недели во Аут, Ето пак не е тука во Јануари...), и најважно од се, Милито е во години, од догодина ќе игра се помалку а се повеќе ќе игра некој помлад.

Така да Пандев ќе има сосема солидна минутажа која ќе се зголемува како ќе проаѓа времето.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.366
Поени од реакции
982
Пандев ако дојде во Интер нема да игра најчесто на позицијата напаѓач туку како некој полушпиц во замена на Снајдер. Тие што мислат дека Пандев доаѓа за да грее клупа гадно се лажете. Покрај толку повредлив Снајдер а и поради отсуството на Ето за Африканскиот куп на нации, Пандев редовно ќе добива можност а со тоа и шанса да се докаже дека треба да се смета и за понатаму.

Еве во оваа ситуација во која што е Интер со повредени Ето и Милито и суспендиран Балотели, Пандев е потребен. Штета што не дојде во Август, но и во Јануари би завршил работа.
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75

На Пандев и природната позиција му е полушпиц:smir:
 
^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Јасно ми е дека Пандев може да игра на повеќе позиции, ама 4-3-3 како крилен напагач нема да го биде, а башка и Мурињо знае што го снајде кога ја играше таа тактика лани.

Глупа не глупа логика таква е математиката, Пандев во ниедна опција не би играл пред Ето, Милито, Балотели или Снајдер.

Може до утре да дискутираме, ама така е.:helou:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867

Како навивач на Јувентус, ќе кажам дека не се сложувам со тебе.

Зошто нема да го биде во 4-3-3 како крилен напаѓач? Така играше едно време во Лацио како што се сеќавам, од спротивната страна Ѕарате, а централен напаѓач беше Роки. Добро се покажа.. Како и да е, Интер поретко ќе ја игра таа формација, така да нема потреба многу да се дискутира тука.

Друго ми беше зборот... Со болдот, воопшто не се согласувам. Ето од јануари ќе замине со Камерун на купот, Снајдер како што знаеме, често се повредува, така да Горан ќе си ја добие својата шанса да импресионира. Како што кажаа погоре, Милито не е веќе млад, на Интер им е потребна и посвежа крв напред. Токму од оваа причина и Јувентус се заинтересирани за Пандев.
 
Значи добро до толку ли не ме разбирате или?

Знам дека Снајдер со повредува, знам дека Ето е на куп...муабетот ми е дека Интер ке си ќари многу јака клупа а на Пандев ке му стагнира кариерата.

ЗНАЧИ кога СИТЕ играчи од нападот на Интер плус Снајдер би биле ЗДРАВИ, Пандев не би бил стартер.

Сеа пододбро е?:smir:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Значи добро до толку ли не ме разбирате или?

Знам дека Снајдер со повредува, знам дека Ето е на куп...муабетот ми е дека Интер ке си ќари многу јака клупа а на Пандев ке му стагнира кариерата.

ЗНАЧИ кога СИТЕ играчи од нападот на Интер плус Снајдер би биле ЗДРАВИ, Пандев не би бил стартер.

Сеа пододбро е?:smir:
Како да те разбереме кога види што викаш:
Пандев во ниедна опција не би играл пред Ето, Милито, Балотели или Снајдер.
Има повеќе опции во кои Пандев би играл пред било кој од овие... Неколку ти кажав и погоре. :smir:

Ти ја разбирам поентата сега, но сепак, сите знаеме дека нема секогаш сите играчи од нападот на Интер да се здрави, да се во форма или нешто трето. Затоа тука Пандев ќе си ја добие шансата, и сигурен сум дека ќе ја искористи.
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
Како да те разбереме кога види што викаш:

Има повеќе опции во кои Пандев би играл пред било кој од овие... Неколку ти кажав и погоре. :smir:

Ти ја разбирам поентата сега, но сепак, сите знаеме дека нема секогаш сите играчи од нападот на Интер да се здрави, да се во форма или нешто трето. Затоа тука Пандев ќе си ја добие шансата, и сигурен сум дека ќе ја искористи.
ti mislish deka ako dobie shansa ke ja iskoristi..
se raboti za 50%-50% ili ke ja iskoristi ili nema..
zatoa malku da pricekame, neka potpishe , da bide zdrav,vo top forma i nema da izostane uspehot..

p.s. kako sto vidov do sega mnogu malku go prati srecata
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
Никогаш не можеш да знаеш дали играчот ќе се разигра или ќе потоне додека не почне да игра. Ние мислевме дека Мансини ќе растура ама ништо, исто така ништо посебно не се очекуваше од Маикон, ама човекот растура.

Така да, не се знае, ама Пандев ги има сите предуслови во Интер па ќе остане на него и на добрата среќа (да нема повреди се мисли...). Инаку за местото во тимот кажавме многу пати зошто ќе има минутажа (верувајте поупатени сме од фан-клубот Интер за оваа работа), но за сите оние кои мислат дека ќе грее клупа мал пример е ситуацијава за следниот меч за два дена против Џенова: Во август Интер не сметаше дека му е потребен уште еден напаѓач. Во моментов, Милито е повреден, Ето е неизвесен, Балотели е суспендиран. Буквално нема напаѓачи. Предходно, Снајдер беше во аут (уште една позиција која може да ја пополни Пандев).

Дури и без повреди и отсуства, во сезона на три фронта ќе има многу натпревари за Пандев. Лани многу пати и Круз и Креспо беа стартери и играа. Не е никаков проблем дали ќе игра, туку како ќе игра. Ние веруваме во него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom