Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
сега читам Пандев не е ставен на списокот играчи на лазио за во УЕФА купот заедно со Ледезма, значи тој Лотито е многу прљав човек и алчен
а ти БобанМакедонија ај молим те кажи ми какви маки имал Тоти во Рома???:tapp:
I Toti sakase da ja napusti Roma ama duri i navivacite pocnaa da mu se zakanuvaat.:tapp::tapp:
 
Па талент размисли малце,како успеа Рома да задржи талент како него?
Тој кога беше во најдобрите години од кариерата сакаше да замине, но добиваше закани од мафијата.
 
Е сега, кога заврши целата фарса да дадам јас свое мислење. Жал ми е дека ќе зборам против Пандев, ама морам. Пандев има потпишано договор до зимоска. Според тој договор (сигурно) е обврзан да ги почитува боите на дресот кој го носи. Кога некој потпишува договор треба да биде свесен дека може да сноси последици ако не го почитува. Вели сакам да заминам. И јас сакам да го раскинам договорот со т-мобиле, ама не можам, бидејќи ќе ме тужат и ќе ми земат двојно повеќе пари.
Го малтретираа во Лацио. Не е точно, имаше статус на клупска икона, додека не почна да извољева дека сака да игра во Реал, Ливерпул, Интер или некој “голем клуб“. Епа дечко за да играш треба да се трудиш, а не да тераш политики. Светот на фудбалот е место каде се вртат големи пари и секој сака да заработи, а Пандев не е бизнисмен. Он требаше да си го испочитува договорот и да си тера понатаму, а сега навлече омраза од навивачите, од раководоството и ќе мора да седи без важни утакмици по што психички ќе ослабне и ќе искочи од форма. Зошто? Зашто сакал да игра во голем клуб.

Се што можам да кажам... фудбалер, шо друго да очекуваш?! :tapp:
 
Па не знам баш дали Пандев самиот е виновен за оваа ситуација. Јас мислам дека проблемот е во тие негови менаџери. Ние информациите ги имаме од медиумите, а таму во секој натпис од типот „Баерн го бара Пандев“, „Арсен Венгер го сака Пандев“ и слични ... беа цитирани изјави на менаџерите негови. Пандев во секое интервју повторуваше дека останува во Лацио и дека не размислува за трансфер. Дали таа сума што ја зема Пандев како плата (се спомнуваат 500.000) е реална на она што Пандев го даваше за Лацио? Да му понудеше Лацио подобар договор јас мислам дека Пандев ќе останеше.
Дали Пандев (т.е. неговите менаџери) се преценил, или не, колку е добар или не е, секој различно може да коментираме. Времето ќе покаже кој бил во право.
Мене ми се допаѓа како играше во Лацио и мислам дека може да игра во секој клуб во Италија.

П.С. Да му беше Бате Ване менаџер сега Пандев ќе беше во Премиер лига :)
 
Нема европска лига за Пандев(клик).Очекувано според мене, тие се предавници според клубот и навивачите.Мал ризик за кариерата на Пандев.
 
Е сега, кога заврши целата фарса да дадам јас свое мислење. Жал ми е дека ќе зборам против Пандев, ама морам. Пандев има потпишано договор до зимоска. Според тој договор (сигурно) е обврзан да ги почитува боите на дресот кој го носи. Кога некој потпишува договор треба да биде свесен дека може да сноси последици ако не го почитува. Вели сакам да заминам. И јас сакам да го раскинам договорот со т-мобиле, ама не можам, бидејќи ќе ме тужат и ќе ми земат двојно повеќе пари.

Го малтретираа во Лацио. Не е точно, имаше статус на клупска икона, додека не почна да извољева дека сака да игра во Реал, Ливерпул, Интер или некој “голем клуб“. Епа дечко за да играш треба да се трудиш, а не да тераш политики. Светот на фудбалот е место каде се вртат големи пари и секој сака да заработи, а Пандев не е бизнисмен. Он требаше да си го испочитува договорот и да си тера понатаму, а сега навлече омраза од навивачите, од раководоството и ќе мора да седи без важни утакмици по што психички ќе ослабне и ќе искочи од форма. Зошто? Зашто сакал да игра во голем клуб.

Се што можам да кажам... фудбалер, шо друго да очекуваш?! :tapp:

И јас морам да ти реплицирам пошто тотално си ја утнал. Во еден мал пост успеа да направиш толку грешки...

Прво, Пандев нема договор до зимоска тику до Јуни 2010.

Второ, играчите (секаде) кога си заминуваат, си заминуваат минимум една година порано, за да може клубот да добие оштета. Ако клубот не ги продаде во тој рок, го губи играчот губи без пари.

Проблемот не е што Пандев не го почитува договорот, туку што клубот го присилува да потпише нов, и го казнува затоа што не сака да го потпише. На тоа нема апсолутно никакво право. Може да го продаде (што проба, ама лаком гз...), или да го пушти да игра, што Пандев и го бара во случајов. Да си го одработи она што му остана до 2010 и да замине.

Пандев има статус на клупска икона ама заработува малку повеќе од тој што ги чисти соблекувалните. Тој е еден од најслабо платените играчи на Лацио. Дури и Инзаги кој е на клупа 2-3 години повеќе зема од него. Нормално е што сака да си оди во клуб кој ќе го плаќа колку што заслужува. Во меѓувреме, го купија Зарате и го наполнија со пари. Никој не е толку глупав да седи.

Така да, уште еднаш: Пандев има договор да игра и сака да игра. Не игра затоа што не сака да попушти и да потпише нов договор за ситни пари. Договор со кој ќе му биде роб на Лотито уште неколку години и на крајот ќе му донесе голема заработка. Дечкото покажа карактер и му се спротистави на мафијаш од типот на Лотито. Покажа дека е човек а не дете кое може да го манипулираат и притискаат. Ледесма на пример ја свитка опашката и потпиша.

Интер го пушти Адриано, му го раскина договорот и му кажа среќен пат. Лотито го казнува Пандев зошто не игра како што тој свири. Мафијаш, од старите...
 
Викторе,клупска икона која беше најмалку платена во клубот. Иосоноинтериста убаво ти кажа,Инзаги кој што во сезона игра по 10 утакмици максимум зема повеке пари од него.
Епа неможе некој да го сноси целиот товар на тимот,а да биде малку платен. Тоа е тоа. Јас го оправдувам Пандев(не оти сум струмичанец). Едноставно и јас да сум на негово место и да ја имам неговата улога во клубот и јас би побарал повеке пари,нормално ако сакаат да ме задржат ке платат.:toe:
 
I Toti sakase da ja napusti Roma ama duri i navivacite pocnaa da mu se zakanuvaat.:tapp::tapp:

ццццц ајде не тропај глупости

Па талент размисли малце,како успеа Рома да задржи талент како него?
Тој кога беше во најдобрите години од кариерата сакаше да замине, но добиваше закани од мафијата.

каква мафија бе нема врска што збориш
јас само да кажам па нека се избрише овој оф топик
 
Викторе,клупска икона која беше најмалку платена во клубот. Иосоноинтериста убаво ти кажа,Инзаги кој што во сезона игра по 10 утакмици максимум зема повеке пари од него.
Епа неможе некој да го сноси целиот товар на тимот,а да биде малку платен. Тоа е тоа. Јас го оправдувам Пандев(не оти сум струмичанец). Едноставно и јас да сум на негово место и да ја имам неговата улога во клубот и јас би побарал повеке пари,нормално ако сакаат да ме задржат ке платат.:toe:

Klubska ikona vo o4ite na navivacite a vekje ne e
 
Кои навивачи бре...

Дојде нов играч - ѕвезда е, си замине - предавник е.

Сега се глупираат со Зарате, демек голем напаѓач бил, ќе му дигнат цена, кога ќе си отиде и он ќе биде предавник. Смешно ми е кога гледам некои големи навивачи на фудбалски екипи.
 
sakas da kazes deka pandev e slaba napagjac ili milsis deka i zarate i pandev se slabi?
 
И јас морам да ти реплицирам пошто тотално си ја утнал. Во еден мал пост успеа да направиш толку грешки...

Прво, Пандев нема договор до зимоска тику до Јуни 2010.

Второ, играчите (секаде) кога си заминуваат, си заминуваат минимум една година порано, за да може клубот да добие оштета. Ако клубот не ги продаде во тој рок, го губи играчот губи без пари.

Проблемот не е што Пандев не го почитува договорот, туку што клубот го присилува да потпише нов, и го казнува затоа што не сака да го потпише. На тоа нема апсолутно никакво право. Може да го продаде (што проба, ама лаком гз...), или да го пушти да игра, што Пандев и го бара во случајов. Да си го одработи она што му остана до 2010 и да замине.

Пандев има статус на клупска икона ама заработува малку повеќе од тој што ги чисти соблекувалните. Тој е еден од најслабо платените играчи на Лацио. Дури и Инзаги кој е на клупа 2-3 години повеќе зема од него. Нормално е што сака да си оди во клуб кој ќе го плаќа колку што заслужува. Во меѓувреме, го купија Зарате и го наполнија со пари. Никој не е толку глупав да седи.

Така да, уште еднаш: Пандев има договор да игра и сака да игра. Не игра затоа што не сака да попушти и да потпише нов договор за ситни пари. Договор со кој ќе му биде роб на Лотито уште неколку години и на крајот ќе му донесе голема заработка. Дечкото покажа карактер и му се спротистави на мафијаш од типот на Лотито. Покажа дека е човек а не дете кое може да го манипулираат и притискаат. Ледесма на пример ја свитка опашката и потпиша.

Интер го пушти Адриано, му го раскина договорот и му кажа среќен пат. Лотито го казнува Пандев зошто не игра како што тој свири. Мафијаш, од старите...

1. Ништо битно, Горан во Лацио е од 2004, дали е зимава или јуни, не менува премногу, поентата е дека пред самиот крај на договорот си ја загорчи иднината. Како Дарко Панчев кој мислеше дека Југович, Михајлович и Најдовски уште ќе му праќаат топки у 16 со гс да дае гол.

2. За играчот да си отиде година порано, некој треба да му плати оштета на клубот. Ама на клубот, играчот нема никаква врска со тие пари. Но додека е под договор, тој е буквално сопственост на клубот, а според договорот и едниот и другиот се обврзуваат на фер однос едни спрема други со јасни точки за своите права и обврски, кој во случајов не беше почитуван од ниедна страна.

3. Проблемот не беше што Пандев не сака да потпише нов, никој никого со сила не може да натера на потпис, проблемот беше јавното незадоволство од “маленкоста“ на Лацио, и желбата да игра во “голем“ клуб. Еве што вчера Пандев изјави за Телма, на англиски е бидејќи оригинал не најдов, го најдов ова, односно тука. Еве на кој не му се клика:

Пандев напиша:
`I don`t want anything to do with Lotito anymore. He always caused problems during contract negotiations, I wanted to play at a higher level, for another club and that`s a wish he should have accepted. Now I will watch the matches of Lazio from the stages till my contract expires in 2010. I can`t wait for my transfer free move next year
Како тоа да му биде прифатена желбата да игра за поголем клуб? Па зошто се потпишуваат договори, за да се фалиш низ маало? Не, зашто клубот сака да се обезбеди дека нема да си отидеш кога некој ќе ти понуди повеќе пари. Ако си сигурен во тоа, избори се за подобар договор.

Тоа што бил притискан да потпише нов договор само треба да му дава сатисфакција дека го сакаат и почитуваат во тој клуб, и се обидуваат по секоја цена да го натераат да остане. Таму сине него некој го лажел, квалитетен играч како него не треба да има проблем да му се качи плата, ама за да му се качи плата, мора да потпише нов договор.

Сега шпекулирам, нагаѓам... најверојатно тој и покрај покачувањето кое ќе го добиел со новиот договор не сакал да остане во Лацио зашто не го гледа клубот како Интер или Јувентус. Едноставно не е врвот на неговата кариера. Ама тоа си е негово, Есиен имаше слична одисеја од Лион кон Челзи, ама од друга страна тој никогаш нема да биде тоа што беше Жунињо. За да бидеш најголем треба многу повеќе од само добра игра. Ама ај да не навлагам у спортска етика.

3. Сеедно, и да не сум во право за претходните две точки, сеуште мислам дека Пандев изигра погрешно во целата ситуација. На крајот не направи ништо освен што направи регрес на кариерата и тоа од цела година (која следи), година која требаше да му биде можеби и најдобрата во кариерата.
 
Сега шпекулирам, нагаѓам...

Целиот предходен пост а и овај ти е полн со шпекулации и нагаѓања. Затоа ќе скратам. Воопшто не си запознат како стојат работите и во што е проблемот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom