Тренерот не рачуна на Пандев бидејќи довербата е разнишана. Од целата инает работа, Пандев губи драгоцено време надвор од теренот, Лотито губи пари кои можел да ги земе. Кој од нив е поголем губитник не може да се каже. За Пандев ќе речеме дека е релативно млад и дека има уште време, а Лотито има пари па овие милиони нема многу да му сменат.
И јас мислам дека Лотито е лошиот во целава приказна, ама тоа е негово право бидејќи Пандев е негов играч уште една година. Тоа се обврски од договорот. Пандев зема помалку пари од другите бидејќи така се договорил пред 5 години. Што ако Пандев не се снајдеше добро во Лацио? Пак ќе ги земаше тие 500.000 немаше да му ја смалат платата. Ако пробаа да ги избркаат секако ќе му ги исплатеа тие пари. Тоа се обврски од договорот.
Логично е Лотито да му понуди подобар договор на својот најдобар фудбалер за да проба да го задржи. Дали му понудил, колку пари му понудил, дали Пандев одбил тоа се информации што ги немаме од сигурни извори. Само шпекулации.
Јас мислам дека најголеми виновници за оваа случка се менаџерите или агентите на Пандев.
Многу паушални оценки си давате и промашувате една битна, најбитна нијанса:
Пандев има договор уште една година. Тоа во фудбалот значи дека СЕГА треба да се продаде. Значи Пандев не побарал предвреме да си замине.
Лотито од друга страна треба да го продаде, да го задржи (со нормален договор), или да го пушти да си го одработи договореното.
Наместо тоа, Лотито го уценува Пандев да ги прифати НЕГОВОВИТЕ УСЛОВИ, или да седи на трибина. И да беа тие услови нормални, барем еден релевантен трансфер сајт ќе напишеше за понудата. Лотито се обидува да си ги задржи играчите за малку пари, со притисок.
Објективно, Пандев треба да биде најплатен играч во клубот. Тој се докажа и клубот треба да му понуди нов договор како што е случајот секаде со најдобрите играчи.
Во секој клуб, секоја сезона, фудбалери бараат да си заминат. Сте слушнале газдите да ги ставаат на трибини под казна? Јас не гледам фудбалери на трибина затоа што сакале да си одат.
Во Интер, на Адриано предвреме му беше раскинат договорот и го пуштија без пари, иако плаќаа многу повеќе за него од оние бедни 400-500 000 на Лотито. Потоа Максвел побара да замине и замина. Некој ден пред крајот на трансферите Мансини кажа дека сака да си замине. Никој не го качи на трибина. Тоа е нормално во фудбалот. Фрикин Ибрахимович кажа дека сака да си оди во Барселона, па седнаа и се договорија. Што требаше да направи Морати, да го врзе во соблекувална?
И не е проблем некаква нелојалност и други приказни за форуми. Лотито на 31ви август го нудеше кај стигна само да го продаде. Проблемот е што предходно тој се прецени, па бараше 20 милиони за Пандев. Сакаше да го плаќа како чистач а да го продаде како ѕвезда. Не оди тоа така, друже Лотито...