bojann1
desmosedici rr
- Член од
- 7 ноември 2007
- Мислења
- 1.234
- Поени од реакции
- 41
Да му дадеше добра плата оддамна ќе прифатеше ама Лотито сака за без пари да му игра. Па брат да му е без пари нема да игра за 400 000 евра кога за Зарате ем што платија 25 милиони ем супер платичка уште првата сезона му дадоа. А Лацио дека игра фантастично, вчера го гледав натпреварот, пречки паѓаа и богами со среќа се извлекоа против Киево. Ќе се види на престојните натпревари дали се фантастични или не.
П.С. Зарате нешто не му тргна во Сериа А со голови...нормално кога лани од тие голови што ги даде повеќе од пола беа по асистенција на Пандев.
Пандев во моментов зима во Лацио над 1 милион евра, со новиот договор што Лотито му го понуди платата беше 2 милиони евра. Едноставно Пандев сакаше поголем предизвик а не поголема пара. Свесен е дека може да игра во Лигата на Шампионите со друг клуб нешто што Лацио тешко ќе може да му го обезбеди за година, две или пет.
Тоа за преселбата во Интер е уште пред десет дена, Матрикс најверојатно е клучен во целата зделка. Ако Мурињо се сложи да го загуби Матераци можно е Пандев да дојде во Интер уште сега.

