Oh, boy.. незнам. Многу е лоша на старт. Камера, визуелно, ефекти..
Инаку симнав фикс од стим форумот за маусот, помазно е сега, онака за free roaming што се вели, а за борби ја заклучуваш камерата (lock on enemy) и гајле нема. Одтаму, немам стането.. Ти текнува моментот во Скајрим "зарем уште еден змеј, ugh.. ајде ќе пукнам 2 пати за да продужам со мисијата.." Хех... овде кога ќе видиш змеј you fuckin run, 2 скелети ако видиш you run! Играва е претешка, значи како што вели верзијата.. prepare to die. A lot.
Секој потег е битен, ако му тргнеш некому на иста страна ти отиде пола хелт, ако застанеш да се лечиш ти отиде целиот.. за лечење и цел арсенал оружје ќе истрошиш за попат, и веќе кај босот си нула и умираш. И те враќа на далечен чекпоинт со сите непријатели одново родени на патот кон босот. Одтука, зарем да ти кажувам тежината на босовите.. ебено неизводливо, по цела ноќ сум играл еден ебен бос да минам. Ама штом го убиеш.. оргазам!
Левелираш со собирање души од убиените, ако умреш таму ти паѓаат сите, и треба да идеш да си ги земеш. Има доста широк обсег на оружја, all that. Поправање, enchanting, et cetera.. Moжеби не е визуелно нешто незамисливо, ама сепак има добри моменти инстантно да те изненадат.
Џабе зборам, еден нов вид искуство е играва.. ако поминеш недостатоците на почеток, играва е во најмала рака одлична. Тука сум за tips and tricks.