Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Само не ми е јасно, Лацио одби 14-5 милиони од Зенит, за сега да прифати 5 милиони? Почнува на Лотито да му делува дрогата...

А кој испаднал со информации дека зенит толку понудил или пак некој друг(тоа се е новинарски муабети кој мора да ги полнат весниците), може и ова ни е празен муабет шо го праиме но сепак ова бар малце држи вода бидејки е последна недела од преодниот рок
 
Само не ми е јасно, Лацио одби 14-5 милиони од Зенит, за сега да прифати 5 милиони? Почнува на Лотито да му делува дрогата...
На почеток на летово Лотито бараше 20 м евра.Никој не му понуди нормално.Како проагаше време цената му паѓаше и Лотито се реши да не го пријави за сезонава демек да се свести Горан.Со тоа сам си ја намали цената Лотито знае дека до година нема да земе динар за него.И да не е само 5 м трансверот него и 50% од следна продажба ако дојде до тоа добро би му дошле на мафијашот.Сепак ова сеуште се шпекулации нема никаква потврда.
 
50-те % се јака работа... Ако направе трасфер 20м за 2 години, 10 за лотито. Ете ги 15-те милиони шо ги бара.
А како по тргнал трасфер бизнисот , цените се пораснати ненормално ногу, прашање е колку ќе се продаде Пандев ако игра добро у Вест Хем.
Се докажува само едно со 50% клаузулата, дека Лотито верува дека Пандев ќе стане голем играч.
 
Сегде освен Лацио ќе биде одлично...се надевам дека ќе потпише и конечно ќе заврши сагата со него :olee:
 
Нема ништо официјално на италијанскиве релевантни страници. Само на срање.ком и на А1 викаат дека е готова работата.

Енивеј, Вест Хем, клуб кој според многумина ја има најверната публика во Англија (имаше јак документарец за ова на времето а последно во сеќавање ми е прославата на гол на Тевез на трибина заедно со навивачите). Се надевам дека ќе успее трансферов (извинете фанови на Лацио, ама за тие пари ни јас нема да му играм на Лотито, а јас не сум ни фудбалер) и дека ќе биде хит во Премиер лига и ќе се пробие во некој од најсилните клубови. Пандев заслужува да игра и мислам дека промената добро ќе му дојде.
 
Мое мислење е дека Лион ќе беше нај оптимално решение за Гоче или евентуално Фиорентина ако го шитнеа Муту. Пандев е играч кој заслужува да игра во Лига на Шампиони! Но нејсе и Вест Хем е подобра опција од таа да преседе една сезона во Лацио! Е сега само да го видиме во Англија каде се бара многу повеќе трчање, но сепак верувам во него и мислам дека ова може да биде отскочна даска за напредок во кариерата! Само да не потпише некој многу долг договор!

пс: Џанфранко Ѕола беше одличен како играч и добар тренер е и мислам ќе влијае позитивно на Гоче наш
 
Екипата е добра од аспект на тоа што ќе се изнаигра таму, со Хименез и Карлтон Кол верувам дека ќе се вклопи добро.
Како и да е од аспект на напредок во кариера ова не ништо, не е уназадување пошто од Лацио бетер да биде не може ама напредок не е сигурно, поготово што во Англија “резервирани’’ се веќе од прво до седмо место.
Вест Хем по сите рачуници во оптимален случај ќе се бори Куп Уефа.
Како и да е, тргање од онаа средина унзадаувачка ќе го освежи многу, а време за него сеуште има. Никој не го врзува со прангии таму. Зенит ќе му беше идеално нешто ама што е тука е.
 
Пандев во Англија......промашен трансфер,ќе се испусти фудбалерот....каде струмичачнче хрането со чушки и френки ќе трча со “рагбистите“...видовте што се случи со Едуардо,не би посакал исто на нашиот бисер.Сепак најгрубиот фудбал се игра во Англија,на нашиов би му одговарало единствено Италија,каде поместувањето на топката од едниот до другиот гол трае најмалце 10 минути...
 
Ех сега Зенит ќе му било добро решение. Да идеше за пари ќе му беше најдобро, ама Зенит не е ни 20% од тоа што беше пред 1-2 сезони, катастрофално лошо играат. Ги продадоа клучните играчи, и еве денеска кај се. Зенит ќе му беше најлошото решение. Супер ќе му биде во Вест Хем (доколку се реализира трансферов нормално), има шанса да се докаже во Англија зошто е најгледана лига, а и Куп Уефа му е доста со оглед на тоа што Лацио еднаш играше ЛШ и тоа беше све, и тие не се ништо поарни од Вест Хем. Дај боже да се реализира трансферов.
 
Доколку ова навистина се оствари, сметам дека пред се Пандев ќе добие во секоја смисла на зборот. Вест Хем е една одлична екипа, а Зола сметам дека е прекрасен тренер кој ќе има влијание на играта на Пандев.
Еден од вас спомна Пандев да не ја прае грешката на Панчев. За ова ќе кажам дека Панчев има изјавено дека тој бил свесен дека со трансферот во Интер нема да се прослави, ама тие му понудиле и те како добар финасиски договор кој не можел да го одбие па макар и да седи на клупа цела сезона.

Така да ако Пандев замине во Вест Хем би било одлично за него, даааалеку подобро отколку во Лацио каде се изживуваа со него.
Само да не испадне ништо од ова и да не се радуваме пред време, да почекаме официјални информации.
 
Еве го на сител Гоче у живо кажува дека е шпекулација!
 
Лондонските „чекани“ се водат по старата „ако е забавено, да не е заборавено“, па при крајот на преодниот рок наводно излегоа со официјална понуда за нашиот Горан Пандев.

pandev-455.jpg


Сагата „Пандев“ се развлекува веќе подолго време и се чинеше дека македонскиот напаѓач ќе остане во Лацио, каде што во последно време не се чувствува среќно и сака да ја промени средината.

Според италијанските медиуми, римскиот клуб ја прифатил понудата на Вест Хем од 5 милиони евра, плус дополнителната клаузула што налага Вест Хем да му исплати на Лацио половина од сумата што ќе ја добие за Пандев, доколку тој си замине од клубот во следните две години.

Овој трансфер би бил идеално решение за Вест Хем, Лацио, како и за самиот Пандев. Претседателот на небесно-сините Клаудио Лотито би ризикувал да го загуби Пандев како слободен играч идното лето доколку не го продаде сега, затоа што македонскиот центарфор има уште една година од договорот со Лацио, а обновување засега не доаѓа во предвид.

Спортскиот директор на Лацио Игли Таре за медиумите изјави дека Лацио не го „малтретира“ Пандев со тоа што го изостави од првиот состав, пријавените играчи за Лига Европа, па дури и од клупата за резервни играчи. Сепак, дваесет и шест годишниот Пандев е незадоволен од односот на клубот кон него и сака да ги промени клупските бои што побрзо.

Пандев беше поврзуван и со трансфер во Зенит од Санкт Петерсбург, но Горан го одби трансферот во Русија, верувајќи дека до крајот на преодниот рок ќе добие понуда од друг европски клуб.

Ако се’ оди по плановите на Џанфранко Зола, Пандев би бил во првиот состав на Вест Хем за дуелот на „чеканите“ против Блекбурн Роверс.

Кајгана.
 
Според А1, Пандев изјавил дека е само шпекулација.

x
 
А според Кајгана, Пандев е играч на Вест Хем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom