Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Пандев во Вест Хем - само шпекулација

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев од Лацио во Вест Хем - пренесоа денеска бројни интернет-страници и повеќе британски таблоиди, а се возбуди и јавноста кај нас.
Не случајно, кога нашиот репрезентативен бисер се соочува со најсурова варијанта на мобинг од римскиот клуб, поради желбата да го напушти „Олимпико“.
Но. „Нема ништо од тоа.. Каков вест хем.. Само шпекулација, ништо повеќе“- изјави попладнево за А1 Пандев, потврдувајќи оти клубот од Лондон чиј менаџер е Џанфранко Ѕола, сепак, не е она што го сака како прогрес во кариерата.
„Има уште една недела од преодниот рок, па ќе видиме“, македонскиот репрезентативец загадочно најави дека со нетрпение ја очекува разделбата со Лацио.
И објективно - нема многу логика во веста што ја пласираа жолтите веб-страници дека Лотито прифатил отштета од Вест Хем од само пет милиони евра, наместо одредената од 18 милиони, без оглед на примамливата клаузула - доколку наводно од Вест Хем биде продаден во наредните две години, половина од парите да ги добие Лацио.
Во меѓувреме, Пандев ја очекува разделбата од лацијалите надвор од натпреварувачкиот состав, како форма на притисок поради решеноста да си замине.

извор

Ах...Хелз ме претркал :)
 
А според Кајгана, Пандев е играч на Вест Хем.

Никој не е мутав да не осетит дек е монтажа. :) Малце се нашаливме со сликата само, ништо страшно.

За веста, секако дека е преземена од странски медиуми, ваљда ме му се јавивме на Пандев да го прашаме... Не сме ние А1 и Сител. :teshi:
 
Штета... Но, барем на сите ни се дигна... моралот :smir:

Но, нели, Пандев вели дека со нетрпение чека да си замине од Лацио. Тоа може да значи на крајот на преодниот рок или кгоа ќе заврши сезоната. Ништо не кажува. Мустар еден...
 
На толку јаки клубој шо се шпекулираше на крај ако заврши во ВЕст Хем :kesa:. Па лацио е миљарда пати поерен од нив. Единствена добра работа за него би била платата шо ќе му е повисока (ако му е).
 
и сеа што ?!?!?!?!?!:toe:
Пандев има фора до 31ви да промени клуб ако не лошо му се пишува ја сакам да замине било каде кај што ќе игра барем негово си е не е веке на план на Лацио и не тренира со играчите :tapp:
 
Ова најмалку ни одговара...како на нас така и на Пандев.

Па на 5ти и 9ти септември, за две недели, играме решавачки натпревари со Шкотска и Норвешка.

Пандев сега сигурно не тренира со полн интензитет...и несакам да помислам дека нема да биде во форма на 5ти и 9ти. :nesum:
 
на крај ке дојде или во беласица каде тренер е милко или пак во турново кој добро игра во прва мак лига , бар ке биде секад во прв тим што е добро за него , да напредни и да го земи некој "голем клуб"

џабе го има менаџерот:toe:
 
Поправете ме ако грешам, али ако реши да си отиде од тимот и стане слободен играч после трансфер периодов, и ако на пример Јуве му понуди договор и овој прифати, одма ќе биде пратен во Јуве или ќе чека до зима?
 
Поправете ме ако грешам, али ако реши да си отиде од тимот и стане слободен играч после трансфер периодов, и ако на пример Јуве му понуди договор и овој прифати, одма ќе биде пратен во Јуве или ќе чека до зима?

Мислам дека одма ќе биде реализиран трансферот, ама не сум 100% сигурен.
 
Поправете ме ако грешам, али ако реши да си отиде од тимот и стане слободен играч после трансфер периодов, и ако на пример Јуве му понуди договор и овој прифати, одма ќе биде пратен во Јуве или ќе чека до зима?
Неможе да си оди од тимов , дека има уште 1 година договор.Неможе да потпише со друг клуб , без согласнот на Лацио.
 
Во Шпанија неможе, може да тренира со тимот, али неможе да игра за него се дур не е регистриран. Незнам во Италија какви се правилата...
 
Неможе да си оди од тимов , дека има уште 1 година договор.Неможе да потпише со друг клуб , без согласнот на Лацио.

Усвари ако си отиде од клубот, ќе испадне ситуација како со Муту така?

А што беше тоа нешто тужење читав, демек ќе го тужел Лотито за нешто?
 
Усвари ако си отиде од клубот, ќе испадне ситуација како со Муту така?

А што беше тоа нешто тужење читав, демек ќе го тужел Лотито за нешто?
Ќе го туже као демек без објаснување е исфрлен од тимот , такво нешто.Ама мислам дека нема шанси да добие.Причината е многу едноставна , еве например јас сум тренер и сметам дека тој не е за во првиот тим на Лацио и толку.Никој нема да може ништо против ова.:toe:Со тоа ќе се брани Лотито , и нема шанси да изгуби.
 
Абе Горан кој те тераше да потпишеш договор за мафијашот:nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom