Односот од Црквата кон науките, општо земено, е следен: за Црквата, знаењата од науките се од пониска, сетилно-умна природа, кои се корисни само на ниво‘ од прагматизам.
Попрецизно кажано,односот на Црквата кон науките е следен:
1. За Црквата, прифатливи се знаењата, кои подолг период се покажале како проверливо точни и неменливи. За беља, таквите знаења, се (пре)малку на број.
2. Црквата има иронично-саркастичен однос кон „знаењата„ од науките, кои се производ од нечија арбитрарност, своеглавост, високоумие, волонтаризам и и неконтролирана фантазија, во отсуство од опипливи факти.
3. Црквата има изразито негаторско-критички став кон дел од науките, кои имаат забраздено во „црвено„, и кои дрско се мешаат во Божјата екслузива, како што се: психологијата, генетскиот инжинеринг и сл.
Мене лично, науките не ми се од посебен интерес, ради мојата насоченост кон вероисповеста а не кон сциентизмот. Плус, немам професија која е врзана за науките, така да од таа страна сум раат. Она кое лично ми пречи, тоа е следното: научниот светоглед, наметнат преку образовниот систем и преку медиумите, ни‘ нуди саде една и иста вистина, која во суштина е само обична лага: лага се и еволицонизмот и марксовиот историски материјализам, па кој се впуштил во градење на светоглед на тие две основи (дарвинизам и марксизам) ќе добие и лажен светоглед. Образовниот систем наметнува монопол на вистината и не допушта „конкуренција„, оти ако такво нешто стори, ќе биде соборен од зафрканција...
Постои и друга работа која лично ми оди на нервниот систем, а која е непосредно произлезена од модерниот светоглед: тоа е елегантото наметнување на идејата за „напредокот„, која центрите на моќ ни‘ ја наметнуваат насилно, во облик од „најнов„ производ од оваа или онаа област, како на пример, пребрзото наметнување на „најнов„ софтвер и хардвер или модели од „мобиљки„ (небитно што и постарите нивни верзии вршат работа....) а кое наметнување во себе го крие дарвиновиот принцип, познат како „...посилниот победува...„ па сега, кој нејќе да се „надоградува„ и „прилагодува„ кон сите (пребрзи) промени во индустријата, а кои, како реков, се раководени од „сивата еминенција„, тешко си го него: таквиот поединец, ќе биде „дарвинистички„ осуден како „ретрограден„, „реакцонерен„, „непрогресивен„, „неприлагодли„ кон „промените„, и тако даље и томе слично....