То је то...
Завршија квалификациите. Добивка е што од следен циклус ќе бидеме барабан погоре. Добро е што конечно добиваме играчи со креативност во средината. Бабунски ќе биде голем играч, добро ќе биде лека полека да му се дава шанса во првиот состав.
Ауф каква средина ќе имаме во иднина. Спировски, Ранѓеловиќ и Трајковски истотака лека полека треба да добиваат шанса.
Лично си го форсирам Ранѓеловиќ
Нормално дека е играч на тимот кој што навивам, ама детето стварно има талент. Знае да задржи топка, да крене глава, да даде осдличен пас, или да тргне во акција и да протне некоја топка до нападот. Штета што имаше повреда и падна во форма. Спировски истотака одлично се движи со топката. Сите во тројка се одлични.
Трајковски, Хасани и Георгиев истотака треба се почесто да добиваат шанса.
Ајде време е за чистка за тоа дрвата во средина на терен. Никој да не видам, само младиве и плус може да се земе некое DM, според мене Остоја Стјепановиќ
Од младиве послабо играат во дефанзива, повеќе се офанзивни играчи. Може и Демири, не изигра толку лошо со Хрватска, но под услов да се труди а не да дреме како дремикур како на другите мечеви.
Проблемот е кој ќе биде напаѓач. Јас викам Пандев и тричковски и двајцата да играат напад, подобро они двајца, отколку некое тешко дрвесимо што топка неможе да смири. Или па некој гол играч да земат како Филип Ивановски...