Последен гледан филм со кратка рецензија

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Изгледав неколку филмови вчера и денес па, кога ке имам време ке напишам за сите. Еве еден

Towerheist

Го глеав според препорака на некој форумџија и не сум нешто задоволен од филмов.


Приказна - 7.7/10

Приказната е добра, и би требало да биде интересна, но незнам зашто не беше изразена до максимум. На кратко: Работници во една многу hi-tech кула се измамени и самите пробуваат да си ги вратат парите, но на кој начин, самите ке си видите.

Музика - /



Глума - 8,5/10

Еди Марфи и Бен Сендлер, глумци прва класа, но некако на Еди мислам дека не му стоеше улогата, но одлично си ја заврши работата. Исто така тука е и Теа Леони која ме фасцинираше со плавите очи.


Филмов би му дал оцена 6/10, што е скоро исто како и на имдб. Гледајте го ако сакате да истепате време. Додуша можеби на вас би ви бил поинтересен
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The Silence of the Lambs


Hannibal


Hannibal Rising


Red Dragon


Почнувајќи од „Кога јагнињата ќе стивнат“ ова се 4 филмови за култниот лик на професорот Ханибал Лестер, американски психијатар, сериски убиец и канибалист. Во главните улоги се: Антони Хопкинс како проф. Лестер, Џоди Фостер како FBI инспектор Кларис Старлинг и Едвард Нортон како FBI инспектор Вил Грахам. Серијалот е инспириран од истоимените 4 книги на Томас Харис. Предходниот обид да се претстави ликот на Ханибал не го ставам во овој пост бидејќи режисерот немал добиено права на неговиот лик од страна на авторот, вршел измени за да се дистанцира од делото, а воедно тој филм не ја постигнал популарноста која ја има „Кога јагнињата ќе стивнат“. Нема да се задржувам на содржината за да не навлезам во спојлери. Серијалот има извонреден успех, со мали падови во „Издигнувањето на Ханибал“, најверојатно поради одалечување од возрасниот и зрел лик на проф. Лестер или поради отсуството на маестралната глума на Антони Хопкинс.

Една битна работа која ја научив од серијалот. Ниокогаш, ама никогаш да не се нудиме да помогнеме на некој кој не го знаеме, а има мака. Може да ја сака само нашата кожа! :confused:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Парада
Ок филмов го гледав по многу фалење и стварно е супер филмче и многу реално! Геј парада коај ќе ја штити еден мафијаш во пензија .... Незнам другото ама Тони Михајловски е ѕвер во филмов :) 8/10 моја оцена
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Gulliver’s Travels (1996)

Да си кажам на почетокот дека не се работи за филмот со Џек Блек :D , туку за телевизиска продукција, во два дела, од книгата „Гуливеровите патувања” на Џонатан Свифт.

Колку што знам ова е единствена верзија на книгата каде се прикажани сите четири патувања, дури и она во земјата на Хуинумите (разумните коњи). Бидејќи е правена за Холмарк (Hallmark), со цел да биде семеен филм, сценариото повеќе се фокусира на авантуристичкиот дел од книгата и додаден е заплет со ликот на Гуливер, неговите жена и син и докторот Бејтс (чија улога е многу различна од онаа во книгата). Но, присутни се сите главни случувања, со сите главни идеи, па основната порака – критиката за човечката природа – е успешно пренесена. Дејствието е прикажано низ флешбекови, па може на почетокот да делува чудно и нагло, но подоцна веќе не пречи. Мене особено ми беа интересни преодите меѓу флешбековите и главното дејствие.

Тед Денсон го глуми Гуливер и според мене беше сосема добар, мислам дека одлично го прикажа она што сценариото го бараше од ликот, а акцентот (американски во филм со претежно британски глумци) нималку не ми пречеше, така ми беше дури поинтересно. Мари Бартон, жената на Гуливер, ја глуми Мери Стинбурген, која е исто така добра во својата улога. Најдоброто нешто кај филмов се многуте познати глумци поради кои малите ликови се многу повпечатливи – Питер О’Тул (одличен е како кралот на Лилипут), Џералдин Чаплин, Кристин Скот Томас, Омар Шариф, Ворик Дејвис (многу страшно џуџе :eek:, не е како во Вилоу, хехе ), Николас Линдхерст (одлична глума и многу забавен лик), Џејмс и Едвард Фокс, Нед Бити, итн. Сите се фантастични, но морам да кажам дека најмногу се изненадив кога го видов Навин Чаудри како принцот Муноди – многу интересен и одлично одглумен лик. Него го паметам уште од Седмото париче. :)

Костимите, шминката, сценографијата се изработени на високо ниво, а ефектите се навистина добри, иако се работи за телевизиски филм од 1996 година. Поради сето тоа заедно, овој филм е пример за одлично сработено дело во целина.

Иако ефектот на филмот е доста различен од оној на книгата, филмот сам по себе е приказна која вреди да се погледне. Јас му давам оценка 7,5/10, а на IMDb има 6,9.


Малку е чудно вака, мислење за телевизиски филм, и тоа за Холмарк, но мене многу убаво ме изненади, па сакав да го посочам и на други на кои можеби ќе им се допадне.

gullivers-travels.jpg
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
The Boy in the Striped Pajamas


Филм според истоимениот роман за деца на Џон Бојн во кој, преку детската чиста душа и невиност е прикажан највалканиот период од човечката историја. Детското срце не знае за непријател. Не може да биде гневно и не може да следи сувопарни идеологии. Детското срце сака да истражува. Сака да верува во искрено пријателство, да гради свет од својата имагинација и да биде среќно во него. Мене посебно ми се допадна кратката содржина на книгата која ја прочитав. Авторот успева на секое дете да му ги прикаже ѕверства на кои е спремен човечкиот вид без при тоа да го повреди неговото чисто срце. Го внесува на едно место оделено со бодликав жица од детскиот свет и мала невина фигура на дете од другата страна, дете во валкани пижами.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
После толку “фалење“ го гледав "Cabin in the woods“.



Не очекував ништо зашто знам дека критиките можат да излажат (претежно се позитивни со тврдење дека е филмот генијален, одлична метафора и го ревидира хорор жанрот со примеси на комедија) и не знаев ништо за дејството освен тоа што самиот наслов ми го кажува.

Филмот е клише до клише првите 2/3. Нема една единствена сцена која не е веќе видена во некој друг филм (филмот е хорор со примеси на фантастика на крајот). Кој ги гледал
Evil Toons, Wrong Turn и The Truman Show
и ќе направи некоја комбинација од сите три ќе го добие на некој начин целото дејство. Слаба глума (иако во такво сценарио полно со клише сцени каде најглавна работа се голите цицки на глумицата) и нема некоја преголема шанса за покажување на нечии актерски способности. Сцените на сатира ми се премалку за да го поправат целокупниот негативен впечаток. Сценариото има потенцијал но останал главно неискористен, штета.

Се што се случува до последните 20 мин е едно големо досадно и крајно неоригинално клише (и на клишето може да му дадеш зачин ама ни тоа го нема).

Единствено нешто што малку го поправа впечатокот се последните 20 мин односно од сцената
во лифтот кога се спуштаат надолу
и од таму е веќе нешто поинтересно.

За крајот што да кажам, не премногу оригинален ама барем малку разбива монотонија од целиот филм.

Моја препорака да се гледа единствено ако се нема ништо попаметно за работа со напомена дека ќе има личности на кои крајот ќе им го спаси целиот (досаден) филм и целокупниот впечаток ќе им биде позитивен. Мој впечаток напротив е дека е испуштена шанса од целото сценарио да се направи десет пати поквалитетен филм зашто вака е само лоша копија со нешто поинтересен заплет.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
http://www.imdb.com/title/tt0065436/
Филм на Херцог. Цел филм е со малечки џуџиња што го прави дополнително психо напнат за гледање. Има еден иснтруктор заробено џуџенце во неговата поголема куќа и овие останативе сакаат да го ослободат другарчето нивно. Во меѓувреме демолираат околу куќата, палат цвеќиња, кршат вагани, прават многу нездрави работи. Има доста напнати работи како на пример кокошка колва од перјата на друга мртва кокошка, мали прасенца пијаат млеко од мртвата нивна мајка, кокошка кола пердувчиња од еднонога кокошка, разнесува мртво глувче наваму натаму. Џуџињата се приказна за себе, секое нивно движење напнува. Филмот е несекојдневен неопислив, само доколку се изгледа може некако да се опишува во себе. Ретко имам остатоци од гледањето на филмови, но после гледањето на овој филм имав соништа со мали џуџиња, сонував како во куќава имало глувче во сандакот за дрва и како кучката назад лежи мртва баш како свињата во филмот, сето тоа во една вечер. Ако сакате несекојдневно возење, бидете спремни за напнатост, тој е филмот.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
1. Snow white and the Huntsman
Филм кој со нетрпение го очекував , а филмот толку разочара што последните 15 минути не ги догледав. Глумците добро познати. Тоа што префорсираната и за мене антипатична К. Стјуарт ја играше Снежана мислев нема толку да ми смета поради приказната , ефектите и глумата на останатата актерска екипа кои ги очекував. Како само се зезнав. Приказната нула , подобри визуелни ефекти сум гледал и во постари филмови , а глумата на Ч. Терон како кралица посебно кога ќе почне да го повишува тонот , а тоа најчесто го прави е преболно за гледање. Едино К. Хемсворт кој го глуми ловецот познат од филмот Тор е светлата точка. Ѕвер е мислам дека нема улога што не би му одговарала. На имдб има оцена 6.4/10 од мене ништо повеќе од 1 не би ви го препорачал дури и ако имате време за губење.

2. The dark shadows
Комбинација Тим Бартон - Џони Деп , значи дека имате мрачна приказна претставена на несвојствен хумористичен начин. Лежерна приказна каде Џони Деп е вампир го закопуваат и нормално по 200 години некој ќе го откопа како во повеќето филмови. Толку за содржината да не му го расипам филмот на некого. Камерата е специфична и доста интересна , обожавателите на М. Фајфер ќе се разочараат годините си го направиле своето , а според мене беше една од поатрактивните глумици. На имдб 6.5/10 од мене 6 ако не навлегувате во филмот и онака само лежерно се опуштите.

3.Men in Black 3
Иако не сум фан на филмов , третиов дел им е дефинитивно најдобар. За тие што се фанови тројкава е задолжителна. Приказна со враќање во времето , (вонземјаните , В.Смит и Томи Ли Џонс стандард) и дефинитивно подобар од претходните 2 гореспоменати , а и оценката на имдб од 7.1/10 го потврдува моето мислење.

П.С. Сметам дека после 2008 Холивуд е во длабока криза , нема тематски филмови кои ќе те натераат да се замислиш па ако е потребно уште еднаш да го погледнеш филмот да дојдеш до заклучок. Идат само на ефекти и вадење на дополнителни делови на филмови кои им успеале.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Man in Black III



Филмов класика, како и обично. Борис Животното ќе избега од затвор на Месечината во кој е сместен и ќе се врати на земјата да му се одмазни на Агентот К ( Томи Ли Џонс ) бидејќи тој го сместил таму.

Оцена: 8/10

Ted



Едно од појаките комедија/романса филмчиња што сум ги гледал во последно време.

Џон Бенет ( Марк Валберг ) како мал ќе си замисли желба неговото мече да оживее за да бидат најдобри другари. Неговата желба ќе се оствари, но после долги години заедно ќе наидат на проблеми бидејќи Џон не е веќе 8 годишно дете и неможе повеќе да си игра со мече.

PS: Mila Kunis is HOT! :drk:

Оцена: 7.5/10
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Последен филм што го гледав пред некој ден беше 3 metros sobre el sielo и заглавив цели 4 часа пред компијутер бидејќи првиот дел завршува оставајќи те во исчекување па одма продолжив и со вториот Tengo ganas de ti.
Пред да почнам да го гледам филмот очеквав лигав филм со љубовна тематика (налик на шпанските серии) кој нема шанси да го изгледа цели два часа.
Филмот е интересен, држи внимание и во ниеден дел нема да налетате на лигави љубовни клишеа кои се чести во романтичните филмови. Мене искрено 4 часа ми летнаа.
Станува збор за двајца малди кои се запознаваат, се заљувуваат и низ кои се перипетии треба да поминат за да опстојат.
Добив впечаток дека филмот всушност ја расправа дилемата дали само еднаш вистински се љуби, дали љубовта навистина може да ги помине сите препреки и колку една одлука во погрешен момент може да ни го сје*бе жвотот.

Отценка 8/10, вреди да се погледа, макар и само за да се утепа време
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
What's Eating Gilbert Grape (1993)

http://www.imdb.com/title/tt0108550/

Драма со Џони Деп и Леонардо ДиКаприо. Првиов нека е 25 години, вториов е уште детуле мало но глуми ненормално добро. Леонардо е момче кое има ментално заостанување, па така за него се грижи неговиот брат Деп. Деп работи во маркет , каде често пати доставува работи до куќата на една тетка на која ќе и биде љубовник. Во нивното семејство има уште 2 сестри од кои едната е шмизличка малечка и често пати знае да оди по нерви. Исто така нивната мајка доста огромна жена во килажа која куќата не ја напуштила скоро 7 години откако нивниот татко извршил самоубиство со бесење. Џони Деп се грижи за фамилијата во која има многу случување, особено поврзани со проблематичниот ДиКаприо кој еднаш ќе биде приведен во полициска станица, па така мајката за прв пат после 7 години ќе ја напушти куќата за да го извади од затвор. Целото општество ќе и се смее поради дебелината, но храбро ќе издржи во остварувањето на својата цел. Крајот има посебен шмек, нема да го откривам и така. Би и дал комонто 8ка, иако има 7.7.

Into the Wild (2007)

http://www.imdb.com/title/tt0758758/

Страшно добар филм. Обично сум ладнокрвно суштество кое не подлегнува на филмските тажаленки, но да бидам искрен филмов ме доведе до раб на плачење на самиот крај. Главниот лик е авантурист на кој му е скурчено од целото општество, од парите, од моќта, од ситењето на луѓето на туѓу проблеми и падови, од целата негативна енергија, која се обидува ја ја претопи во позитивна преку оддалечување во природа, подалеку од сите лајненици. Тој е лут на неговите родители кои се заслепени од моќта, прави да патат оддалечувајќи се од нив речиси една ипол година. Неговата желба е да појде во Алјаска. Во меѓувреме има дружби со луѓе слични на него, останува кај осамен старец кој ќе сака да го посвои, ќе научи многу работи кои општеството не можи да му ги пружи. Во текот на целиот филм свири музиката на Еди Ведер, пејачот на Pearl Jam, што внесува дополнителни емоции. Природата е доловена на најдобар можен начин, сигурен сум дека на многу мина ќе му врзи филм да посакаат барем за момент, за ден, два, да го почуствуваат она што главниот лик го живее. Исто и овде нема крајот да го откривам, бидејќи содржи моќни реченици и добар пресврт кој ете мене искрено ме натажи, поточно ова е вториот филм после Дони Дарко кој успеал донекаде да ме трогни.
И да, правен е според вистинска приказна, Кристофер Џонсон се викал вистинскиот авантурист.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
The Bourne Legacy (2012)​
The-Bourne-Legacy-poster-2.jpeg
За разлика од претходните 3 делови овој дел има сосема различна содржина нема откривање на идентитет и наместо Џејмс Борн главен лик е Арон Крос. Тој е член на операцијата исход на министерството за одбрана кои користат апчиња со име "chems"​
Крос го испраќаат на Аљаска на обука..... Понатаму се што се случува ќе видите кога ќе го изгледате филмот.​
Добра акција со многу авантурa исто како претходните делови.​
На IMDB има оцена 7/10 но јас му давам 10/10.​
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Сум го гледал Бетменот на кино, мераци...:rolleyes:

Интересна работа кај трилогиите со мега буџет, што би рекол wot блокбастери, третиот дел знае да биде она вистинското, иако почесто кецот е најдобар. Своевремено (пошо сум заборавил кога последно сум гледал филм) на Бетмен со Џокерот му дадов чиста субјективна десетка заради неверојатната глума на Хит Леџер. Тој дел иначе го покаа со машината на Морган Фримен ама му прогледав низ прсти. На овој дел морав уште повеќе да му гледам низ прсти, што за способноста на Бетменот да залечи скршена кичма, што за леталицата со екстремно глуп дизајн или пак провидните сцени на Мајкл Кејн, или сцената со стадионот во која секој нормален нехоливудски режисер би ја потенцирал трагедијата а Нолан ја заврши со глупава ВолтДизни фора во која главниот cartoon се врти зад себе со wtf израз на лицето...

Како јас гледам на работите, сите негативни работи во филмот се компензирани со присуството на



и според тоа нема што ја да бамбурам многу многу.

Дакле, ефекти јаки, Бејл на нивоу за разлика од делот кога беше во сенка на Хит Леџер, сцената со излегувањето од тунелот морничаво јака ако сте гледале (слушале) во кино сала, Anne I love you:love:, Бетмен е мртов, да живее Бетмен...

Сакав само да кажам дека е убаво кога некој филм ќе ти направи мерак толку многу што потсвесно решаваш да му опростиш однапред за несфатливо ретардираната скрипта и глупи идеи, и да уживаш во истиот. Да живее Холивуд!

Е да, ќе го ѕирнам и Прометеус деновиве и доста е, многу ќе ми се сторат...
 
H

HoT IcE

Гостин
MV5BMTA5MTMyNTQwMjVeQTJeQWpwZ15BbWU3MDExOTk2NDc@._V1._SY317_.jpg
До сега најдобар дел спорд мене од сите три, филмов е класика, евергрин, интересни моменти, кул ефекти итн.. Вил Смит уште еднаш одлична глума и овој младиов К беше добар и интересен лик.
Искрено неочекував крај како што имаше филмов и доста позитивно ме изненади.
10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom