Македонска фудбалска репрезентација

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Дечки, бидејќи не сум дома и не сум многу упатен во ситуацијава со младинската репрезентација до 21 година. Не можам да барам дали сте пишувале за тоа погоре, па ако некој може да ме цитира и да ми каже, какви се шансите за пласман на европското што ќе се игра в година? Доколку ги тепаме Србиве, ќе имаме ист број на бодови, ќе се рачуна меѓусебен дуел или пак гол разлика?
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дечки, бидејќи не сум дома и не сум многу упатен во ситуацијава со младинската репрезентација до 21 година. Не можам да барам дали сте пишувале за тоа погоре, па ако некој може да ме цитира и да ми каже, какви се шансите за пласман на европското што ќе се игра в година? Доколку ги тепаме Србиве, ќе имаме ист број на бодови, ќе се рачуна меѓусебен дуел или пак гол разлика?
Баш и јас сега сакав да прашам :)
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.402
Поени од реакции
9.032
ако ги те
Дечки, бидејќи не сум дома и не сум многу упатен во ситуацијава со младинската репрезентација до 21 година. Не можам да барам дали сте пишувале за тоа погоре, па ако некој може да ме цитира и да ми каже, какви се шансите за пласман на европското што ќе се игра в година? Доколку ги тепаме Србиве, ќе имаме ист број на бодови, ќе се рачуна меѓусебен дуел или пак гол разлика?
ако ги тепаме а ке ги тепаме тогаш одиме во бараж.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Мислам дека има врска со меѓусебниот дуел, ама не сум сигурен.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Чекај сеа никако неможам да сфатам, ако ја тепаме Србија ќе бидиме втори, но дали ќе влезиме меѓу 4те најдобри.

п.с Со оглед на тоа што во таков случај Србија испаѓа од игра, пошто Данска дома играла со Ирска( јас си реков на гости:(), скоро е невозможен нашиот пласман.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Чекај сеа никако неможам да сфатам, ако ја тепаме Србија ќе бидиме втори, но дали ќе влезием меѓу 4те најдобри.

п.с Со оглед на тоа што во таков случај Србија испаѓа од игра, пошто Данска дома играла со Ирска( јас си реков на гости:(), скоро е невозможен нашиот пласман.
Ништо чудно и Данска да изигра нерешено. За влегување меѓу првите четири мислам дека ќе биде малце потешко, најдобро прво:).
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.928
Поени од реакции
73.378
Победниците на сите први групи и најдобрите четири второпласирани екипи одат во баражот.
Две групи има со по 6 селекции, па затоа во овие групи резултатите со последнопласираните се бришат целосно.

Она што не интересира нас:
ГРУПА 1
1.Германија 21 бод (има 27, али не ги рачунам бодовите со последниот Сан Марино)
2.Босна 13 бода (има 19 али не ги рачунам со Сан Марино)

Другите немаат шанси, последно коло Босна-Германија!


ГРУПА 2
1. Словенија 14 бода од 10 меча (имаат 20 но дуелите со Малта не ги рачунам)
2. Шведска 13 бода од 9 меча (имаат 19 ама со Малта не ги рачунам)
3. Украјна 11 бода од 9 меча (имаат 17 ама со Малта не ги рачунам)

Последно коло Шведска-Украјна.

ГРУПА 3
1.Чешка 17 бода
2.Ерменија 14 бода

Последно коло Чешка-Велс, Црна Гора-Ерменија

ГРУПА 4
1.Србија 15 бода
2.Данска 14 бода
3.Македонија 12 бода

Последно коло Србија-МАкедонија, Данска-Северна Ирска

ГРУПА 5
1.Шпанија 19 бода
2.Швајцарија 14 бода

Последно коло Швајцарија-Естонија

ГРУПА 6
1.Русија 16 бода
2.Португалија 14 бода

Последно коло Русија-Молдавија и Полска-Португалија

ГРУПА 7
1.Италија 19 бода од 7 меча
2.Турција 15 бода од 8 меча

ГРУПА 8
1.Англија 18 бода
2.Норвешка 16 бода

ГРУПА 9
1.Франција 21 бод
2.Словачка 12 бода

Последно коло Словачка-Казахстан

ГРУПА 10
1.Холандија 19
2.Шкотска 13

Последно коло Австрија-Шкотска


Како што гледаме во доста незавидно ситуација сме :)
Со болдирано се екипите кои веќе обезбедија пласман понатаму.

Да претпоставиме дека ќе завршиме второ место со 15 бода.
Треба да оставиме се второпласирани екипи зад нас.
Како прво Норвешка веќе има 16 бода и неможеме никако да ја стигнеме. Има уште три слободни места а ние реално влагаме со минимални шанси :)

Ќе почнеме од ГРУПА 1. Тука се крстиме во Германија да не изгуби во Босна. Германците имаат прејак тим и досега немаат изгубено бод. Ако не изгубат во Босна, ондак Босна ќе биде зад нас. Доста реална е оваа опција, па ќе ја рачунам Босна дека е зад нас.

ГРУПА 2. Овсде расплетот највеќе ни одговара, што и да се случи во последното коло кој и да заврши втор ќе биде зад нас. Значи веќе имаме два тима зад нас.

ГРУПА 3.Тука ќе се крстиме во Црна Гора, и тоа по можност да ја победи Ерменија. Црна Гора не е толку лоша, имаат шанса да победат. Е ако биде нерешено за да завршиме пред Ерменија ќе треба да тепаме со 3 разлика :D

ГРУПА 5.Глупо е да се очекува дека Швајцарија ќе киксне со овие... Само 1 бод имаат освоено :D Чиста победа тука, Швајцарија е уште еден тим што ќе заврши пред нас.

ГРУПА 6.Од овде помошта ќе ни биде најдобредојдена. Полска има солиден тим, ама лошото е што нас ни треба победа и само победа на Полска, пошто Португалија има многу подобра гол разлика од нас, и со нерешено ништо не правиме...

ГРУПА 7.За да завршиме пред Турците треба да тепаме со 3 разлика...

ГРУПА 8.Веќе кажав Норвешка е сигурно пред нас.

ГРУПА 9.И овде ќе треба да се надеваме дека Словачка нема да победи. Имаат за еден гол подобра гол разлика, па колклу и да тепаат со Казахстан, ние ќе треба да ја тепаме Србија со 1 или 2 гола повеќе.

ГРУПА 10. И тука молење дека Австрија нема да загуби од Шкотска. Не се слаби Австријците има шанси...

Се насе многу молење треба и реално минимални шанси :D
Поверојатно е дека Данска ќе изгуби на домашен од Северна Ирска, отколку сите коцки да ни се поклопат за второ место :tapp:
Ах што ни направи киксот со Фарските острови :place:


Резиме, Норвешка е сигурно пред нас. Реално Швајцарија истотака ќе биде пред нас. Да претпоставиме дека сите сдруги клоцки ќе се поклопат во неизвесните мечеви, тогаш ќе влеземе и ние и Турците.
Ако Португалија што е доста веројатно, не изгуби во Полска, ондак ние ќе треба да тепаме со 3 гола разлика со Србите за да влеземе пред Турците.

Значи:
Босна-Германија Х2
Црна Гора-Ерменија 1 (ако заврши Х ние ќе мора да тепаме со 3 гола разлика со Србите)
Полска-Португалија 1
Словачка-Казахстан Х2 (ако тепа Словачка, ние ќе треба да тепаме со Србија со гол повеќе отколку што тепала Словачка со Казахстан)
Австрија-Шкотска 1Х

Ако завршат сите вака, ондак влагаме со било каква победа над Србија.
Ако една од овие не заврши вака, ондак ние ќе мора да тепаме со 3 гола разлика или повеќе со Србите за да влеземе.
Ако две не завршат вака ондак чао пријатно :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нема шанси да се поклопи се најтешко па да се победи во Србија. Дури и со победа пак треба милион комбинации. Им се чудам на нашите прости новинари кои излегоа со натписи Македонија со победа заминува на Европско. До тоа Европско ќе треба да се поклопи се и да се мине баражот што е еднакво на невозможна мисија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.928
Поени од реакции
73.378
Инаку Георгиев сепак ќе патува за Шкотска. Јаневски ја анализирал играта на противникот и решил да го промени првичниот план. Искрено мислам дека ако не планира да го стави уште од почеток требаше да го отстапи во младата селекција, ипак многуи подобро да им помогнеше на нив отколку да ја изгледа сениорската утакмица од клупата. На младинците им е отстапен Александар Трајковски.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Ај со овие комбинации, ми се смачи веќе. За се' само комбинации.:mad:
--- надополнето: 9 септември 2012 во 13:08 ---
Инаку Георгиев сепак ќе патува за Шкотска. Јаневски ја анализирал играта на противникот и решил да го промени првичниот план. Искрено мислам дека ако не планира да го стави уште од почеток требаше да го отстапи во младата селекција, ипак многуи подобро да им помогнеше на нив отколку да ја изгледа сениорската утакмица од клупата. На младинците им е отстапен Александар Трајковски.
Супер е Трајковски, мислам дека многу ќе им помогне.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.646
И дај не се мачете со големи комбинации... еве ги најдобрите две... Сите тешко остварливи.
Scenario 1:
Macedonia wins against Serbia
Denmark fails to win against Northern Ireland
Macedonia qualifies to the play-offs for EURO 2013 as the first place team.

Scenario 2:
Macedonia wins against Serbia with at least a 3 goal margin
Denmark wins against Northern Ireland
Macedonia qualifies to the play-offs for EURO 2013 as one of the four best placed second teams.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.928
Поени од реакции
73.378
И дај не се мачете со големи комбинации... еве ги најдобрите две... Сите тешко остварливи.
Scenario 1:
Macedonia wins against Serbia
Denmark fails to win against Northern Ireland
Macedonia qualifies to the play-offs for EURO 2013 as the first place team.
Scenario 2:
Macedonia wins against Serbia with at least a 3 goal margin
Denmark wins against Northern IrelandMacedonia qualifies to the play-offs for EURO 2013 as one of the four best placed second teams.
Само што ова второво не е вистина ;)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.878
Поени од реакции
6.936
Ееее како сега ни фалат тие два бода шо се искилавивме со Отоците кај нив 1-1. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom