Секакви рецепти

Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Значи се, само не може ќофте, плескавица и такви пржени работи?
Се растура повеќе од телешкото, стави му презла повеќе во месењето, исто така има адитив еден од Кам како додаток во мелено месо за ќофте со презла и останати зачини во него што ќе му го подобри вкусот.
На него пишува дека пакетчето е за 500 гр. месо, но јас би ти рекол да ставаш дупло помалку од тоа, односно цело пакетче за 1 кг.

Исто така со мелено месо можеш да направиш и пица со тоа што ќе го замениш шунката или вратот со меленото месо.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:47 ---
Може и плескавици, порано продаваа готови плескавици од пилешко.
Еве како пример еден рецепт кој звучи добро.
Имаш некој рецепт без лук? ;)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Денес во самопослугата каде што обично пазарам, забележав дека продаваат замрзнато мелено пилешко месо. Цената му е 73 денари за килограм, што мора да признаете е многу ефтино, посебно сега во оваа ситуација. .
Не купувај друже такво месо, те молам. Посебно пилешко кој знае какви адитиви и хормони има. Знам за кое збориш, јас за Лулу (кучето), зимам такво, ама и она не ми го јаде секогаш.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Испробано ново тесто кое е навистина убаво ама не би било прикладно за пици како што имаат напоменато зошто премногу нараснува. И е ептен соодветно за оние кифлички со мармалад што ни ги даваа во школо. :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Значи се, само не може ќофте, плескавица и такви пржени работи?
Moже да се прават ќофтиња, еве ти рецепт :)
Во меленото пилешко месо додади 2-3 лажици мајонез, 1-2 лажици нишесте, 1 јајце, чешне лук (а и не мора) сол и црн пипер. Се убаво се меша и со лажица се формираат ќофтиња кои се пржат во загреан зејтин.
 
L

Luki Junior

Гостин
Фусили со туна..
250 грама фусили (или секаква друга паста..)
1 конзерва туна со вода (со зејтин може ама станува ного мрсно)
3-4 средни френки
200 грама габи (по желба, може и без них, само ќе ставеш екстра френка)
2 чушки
1 среден кромид
1 морков
4-5 чешнијна лук
200 грама маслинки/кисели краставици
црн пипер, вегета, магданос, рузмарин (или нане),
100-150 грама кашкавал (каков и да е)

Тураш макароните да се варат (за да бидат ал денте, требе да се варат нешто 8-9 минути... коа се варат 4-5 минути, сечеш чушките на парченца и ги дотураш да се варат заедно со макароните.. Така си остануват цели и не се раскашавуват коа ги ставаш у тавата со другите нешта.

Дробеш си кромитчето, морково, и луко (прво го згмечуваш со нож и дробеш или го исгмечеш у аванче за да пуште сок и да стане ситничок)... Ставаш сето тава да се прже у тава на среден огин додека не поруменее леко кромитчето од страните...

Додека се прже кромидо, дробеш френките, габите, и маслинките/киселите краставици (кој шо има при рака)...

Ставаш френките у кромидо... пржеш 3-4 минути, дотураш габите.. Па си се прже додека не станат френките како сосче (малку раскашавени).... Станат ли малку раскашавени додаваш сите зачини, сол, црн пипер, вегета, магданос, рузмарин(или нане).

Габите требе да се пржат ного малко, 1-2 минути макс, се дотура туната со маслинките/киселите краставици... После 5 минути би требало да е се готово....

Макароните исцадени заедно со чушките се стават у тавата и се убаво се размешува... или па сосо од тавата у тенџерето со макароните.. нема врска кое дека...
За капак се поросува со рендадн кашкавал и се остава да се растопе кашкавало.. .

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Се растура повеќе од телешкото, стави му презла повеќе во месењето, исто така има адитив еден од Кам како додаток во мелено месо за ќофте со презла и останати зачини во него што ќе му го подобри вкусот.
На него пишува дека пакетчето е за 500 гр. месо, но јас би ти рекол да ставаш дупло помалку од тоа, односно цело пакетче за 1 кг.

Исто така со мелено месо можеш да направиш и пица со тоа што ќе го замениш шунката или вратот со меленото месо.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:47 ---

Имаш некој рецепт без лук? ;)
Не го ни приметив лукот овде, на брзина го видов само рецептот.
Инаку, не, лукоман сум :oops: :pipi:
 
gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.440
Може некој да ми каже рецепт за слатко од зрели смокви?
Eve ti recept:)
Na 1 kg zreli smokvi , se secat opavcinjata , dobro se mijat i se ostavat da se iscedat edno 30 min.
Potoa varis serbet , znaci na 1 kg smokvi -1 kg seker i voda kolku da se pokrie sekerot , go stavas na ogan da se vari i odkako ke pocne da vrie , go ostvas edno 15 min da vari serbetot da dobie gustina .
Potoa gi stavas smokvite vo serbetot i ostavs da vrijat uste 30 min , pred kraj se seci eden limon na krugovi parcinja.
Svarenoto slatko go pokrivas so mokra krpa i se ostava da se izladi , potoa se sobira vo tegli.
povremeno pri varenjeto e pozelno da se otstranuva napravenata pena so resetka crpalka.

Ne me biva za oobjasnuvanje , se nadevam oti bev dovolno jasna:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не купувај друже такво месо, те молам. Посебно пилешко кој знае какви адитиви и хормони има. Знам за кое збориш, јас за Лулу (кучето), зимам такво, ама и она не ми го јаде секогаш.
Jaс ставив ми се допаѓа на твојот пост и веднаш сакав да одговорам, но дури сега успеав да најдам некој податоци и ако недоволни.
Во одгледувањето на кокошки, и другите животни чие месо го користиме во исхраната се користат хормони, витамини но и антибиотици. Дел од овие антибиотици ние ги примаме јадејќи го месото, јајцата, млекото и тн
Конкретно за меленото пилешко месо, за кое се однесуваше мојот пост, се работи за машински обезкоштено месо - скратено се нарекува МОМ
МОМ-от се добива со мелење на цели ( заедно со коските ), кокошки или делови на кокошки и потоа од таа смеса се филтрираат коските.
Еве како изгледа таква машина, а не успеав да најдам приказ на нејзината работа:
http://www.alibaba.com/product-gs/549133954/New_technology_Hot_seal_stainless_steel.htm
Тоа што Лулу понекогаш одбива да јаде такво месо, веројатно се должи на присуството на парчиња од коски или мириси од антибиотиците - кучињата имаат многу појаки сетила за мирис од нас
Инаку МОМ - от е главна состојка на сувомесните деликатеси, кренвиршли, паризери и други врсти салами и сл. Така да речиси е неможно да ја избегнеш неговата употреба.
Инаку погледај споредба: Тоа мелено пилешко месо чини 73 денари за килограм. А однапред сомелено месо во месарница тоа чини 230 - 240 денари, а таквото однапред мелено месо многу веројатно содржи МОМ, можеби свински но можеби и пилешки. Ако пак купиш месо во парчиња и побараш тоа таму да се сомеле тоа ќе те чини преку 400 денари за килограм, а веројатно ќе ти стават и малку од она „ што останало во машината. Затоа е најдобро сами дома да го мелеме.
Што значи цената е единствениот фактор што не наведува да користиме вакво месо.
Од овие причини можеби е најдобро, воопшто да не користиме месо во исхраната, бидејќи и скапото месо содржи антибиотици и хормони, но тоа не е можно. Јас практикувам, мала употтреба на месо и тоа од различни видови како не би внесувал само од една врста антибиотици и хормони. Добро е да се користи и риба, но морска, бидејќи рибата од рибниците е во слична ситуација со месото.
Тоа е данок на модерното живеење
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Како да си направам чипс како во Соул Паб? Сфаќам дека е тоа мн тенко сечен компир (ваљда со некоја направа како онаа за лупење краставици) ама мислам дека истата направа нема да е доволно јака да вади такви тенки парчиња од компир. Друга некоја таква направа?
 
A

AnFem

Провери на рендето дома дали имаш нешто како овие од страна

Со нив ќе го исечеш компирот многу тенко, исто како за чипс. Проблемот е кога при пржењето компирот се лепи, ќе треба по малку да ставаш.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Провери на рендето дома дали имаш нешто како овие од страна

Со нив ќе го исечеш компирот многу тенко, исто како за чипс. Проблемот е кога при пржењето компирот се лепи, ќе треба по малку да ставаш.
Мене не ми е убав домашен чипс и никогаш не сум правел. Ќе прашувам имаш пробано во фритеза дали излегува?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Како да си направам чипс како во Соул Паб? Сфаќам дека е тоа мн тенко сечен компир (ваљда со некоја направа како онаа за лупење краставици) ама мислам дека истата направа нема да е доволно јака да вади такви тенки парчиња од компир. Друга некоја таква направа?
Има такво ренде во скоро секој поголем маркет или продавница за домаќинство.
Вака изглеа

и не е поскапо од 150-200 денари :)
Јас обично го користам за рендање краставица или па за компири за мусака, ама имам правено и домашен чипс кој е далеку повкусен од купечкиот.
п.с.Ко ќе праиш чипс секое тенко парченце компир ставај го на кујнска крпа да се засуши затоа што при пржење може да ти се залепат неколку слоеви компирчиња и да не се испржат :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom