Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
домати, краставица, пиперка & сирење .. ние тоа ( во Источна Мк. ) го викаме шопска салата :P



врати се наназад на темава, мислам дека постирав торта од банани ( или побарај ја темата ) :)

едит: еве ја темата :)

(y) Супер си! Фала
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 00:57 ---
Во тавче за во рерна, тенџере, или во подлабок, но со рамно дно стаклен или порцелански сад нареди обични бисквити. Врз бисквитите наредиби ги на парчиња исечените банани. Свари обичен ванила пудинг во млеко и додека пудингот е топол, со него прелији ги бананите и бисквитите. Почекај да се олади потоа можеш га прекриеш со шлаг од ќесичка и украсиш со рендано чоколадо, слатко, желе бомбони и сл.... и то је то... Добар тек...

Хвала најлепша (y)....ова е права летна торта! Закон!
 
0012.jpg


230g / 1 cup unsalted butter, room temperature
400g / 2 cups granulated sugar
4 large eggs, room temperature
180g / 1 ½ cups self raising flour
150g / 1 ¼ cups plain flour
240ml / 1 cup whole milk
1 teaspoon vanilla
0022.jpg

0032.jpg

0042.jpg

0052.jpg

0071.jpg

0061.jpg

0081.jpg

0091.jpg

0101.jpg

011.jpg

012.jpg

015.jpg
 
Фатив ориз да правам, почнав да го чистам and i have no idea what im doing :pos: не најдов ништо, па сакав да ве прашам дали може да е чист т.е. да нема камчиња? или да си закажам кај забарката со време :)
 
Фатив ориз да правам, почнав да го чистам and i have no idea what im doing :pos: не најдов ништо, па сакав да ве прашам дали може да е чист т.е. да нема камчиња? или да си закажам кај забарката со време :)

ако не си нашол ништо, тогаш нема ни да има камчиња :)
изми го, и свари го ;)
 
Запечени компири со сланина и кашкавал

Потребно:
  • 1 кг. компир
  • 300 гр. сланина
  • 200 гр. кашкавал
  • Вегета, сол и црн пипер
  • Масло за јадење
Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода, па исечете ги на ленти.
Исецкајте ја сланината на парчиња.
Тавата за печење полејте ја со масло за јадење, па ставете ја мешавината од варен компир и сецкана сланина. Одозгора наредете рендан кашкавал.

Печете на температура од 200 степени околу 20 минути.
 
Го пробав рецептов пред некој ден и се изненадив колку е вкусен. Нешто слично е на нашата проја, само не е толку суво и поароматично е заради пармезанот и младиот кромид. Слики следен пат кога ќе го правам пак, а тогаш ќе пробам со млад лук наместо кромид да видам како ќе излезе :)

Polenta Parmigiana

- масло, за подмачкување
- 200 g палента (или пченкарно брашно)
- 200 g бело брашно
- 4 лажички прашак за пециво
- 2 лажички сол
- 85 g пармезан
- 2 јајца, изматени
- 400 ml млеко
- 55 g путер, стопен
- 1 везичка сецкан млад кромид
- бибер (по желба)

Се загрева рерната на 190 степени. Се подмачкува правоаголно тавче од 23 cm.
Се меша палентата со брашното, прашакот за пециво, солта и малку бибер во сад и се става 55 g од пармезанот. Се матат јајцата со млекото и стопениот путер. Се додава мешавината со јајцата во сувите состојки и убаво се меша за правилно да се распредели. Се става сецканиот млад кромид и се истура смесата во тавчето.
Преостанатиот пармезан се "наросува" (омилен ми е изразов од Храна и Вино, не можев да одолеам да не го употребам :D) врз смесата и смесата се пече во загреана рерна околу 30-35 минути или додека стане цврста и со златеста боја. Се сече на коцкички и се служи топло.
 
сите имате микро бранови печки дома;)па , еве еден рецепт за колачи во микро за само 3,5 минути

брашно - 2,5 суп. лаж,
+ шеќер- 2,5 суп. лаж ,
+ какао- - 1 суп. лаж ,
+ јајце - 1 .,
+ масло - 1,5 суп. лаж ,
+ млеко - 1,5 суп. лаж ,
+ ванилин екстракт - 1/4 чаена. лаж ,
+ чоколадни трошки - 1 суп. лаж ,
+пециво - 1/4 чаена. лаж
+ сол - сосема малку- прстофат.

со миксер се’ се мати освен чоко-трошките -потоа масата се сипа во керамички чаши Одгоре се посипува со чоколадните трошки

се пече во микробранова на максимална температура 3,5 минути

превземено од http://vkus.3dn.ru/publ/vypechki_s_...otovlenija_s_foto_gotovogo_bljuda/53-1-0-2060
Keks_v_mikrovolnovke_Bisrtjk.jpg

--- надополнето: 16 јуни 2012 во 21:07 ---
а ОВДЕ етапно како се приготвува , но директно во шоља и се пече 5 минути :coffee:
 
Запечени компири со сланина и кашкавал

Потребно:
  • 1 кг. компир
  • 300 гр. сланина
  • 200 гр. кашкавал
  • Вегета, сол и црн пипер
  • Масло за јадење
Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода, па исечете ги на ленти.

Исецкајте ја сланината на парчиња.
Тавата за печење полејте ја со масло за јадење, па ставете ја мешавината од варен компир и сецкана сланина. Одозгора наредете рендан кашкавал.

Печете на температура од 200 степени околу 20 минути.
Денеска го правев јадењево и ептен вкусно испадна. Плус и лесно е за правење, таман како за мене. Тамбс ап за рецептот.
 
Солени крокети

Потребни состојки:
- 15 - 17 лажици брашно
- 2 јајца
- 250 мл. јогурт
- пециво
- зејтин

Подготовка:
Со вилушка се матат јајцата и се додава јогуртот. Се додаваат 15-17 лажици брашно и прашокот за пециво. Се меша со вилушка додека не се добие хомогена смеса. Се пржат во врел зејтин во кој се ставаат директно со лажица.
 
Денес подготвив како прилог со динстано месо:
Потпечени тиквичка и кромид!
Исчистената тиквичка ја исеков на покруни коцки.
4 поголеми главици кромид, ги излупив и ги исеков на осминки
Тиквичката и кромидот ги наредив во тавче за во рерна
Посолив, ставив масло и една шоља вода
Печев во рерна 15 минути на 200 степени
Потоа, кромидот и тиквичките ги прелив со шоља јогурт и ги вратив во рерна уште 15 минути.
Не испадна лошо, посебно печениот кромид имаше интересен вкус.
 
Лиснати кроасани (кифли)
untitled2.JPG
1 кг меко брашно
50 гр квасец
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
5 лажици масло
1 јајце
2,5 дл пресно млеко
0,5 дл кисело млеко
2,5 дл вода
250 гр маргарин за премачкување на тестата
Квасецот ставете го во претходно загреано млеко, заедно со шеќерот. Мешајте со лажиче за да се стопат. Од брашното, квасецот (со млекото), водата, маслото, солта и јајцето замесете средно меко тесто. Од тестото одделете 16 топчиња и со сукало расукајте ги во круг. Поделете ги во два дела по осум расукани теста, каде секое тесто ќе го премачкате со маргарин. Двете „кули“ од по 8 намачкани теста покријте ги со крпа и оставете да ги 20 минути да се одмараат. Секоја кула од тесто развлечете ја со сукало за да добиете големо тесто.

Откако двете кули од тесто ќе ги развлечете во голем круг, секој круг исечете го на 8 или 10 парчиња за да добиете 20-24 триаголничиња. На секој триаголник ставете од филот и завиткајте го кроасанот од поширокиот кон најтенкиот дел. Готовите кроасани ставете ги во подмачкано тавче со маргарин или обложено со хартија за печење. Оставете ги кроасаните да одмараат 1 час покриени со крпа. Премачкајте ги со смесата од јајце и жолчка и попрскајте ги со сусам. Печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени 25 до 30 минути (зависи од рерната).
 
Прстени од кромид
Ах, што е ова добро за грицкање пред телевизор. Фантастичен и брз начин за похување на кромид без пржење. Па што би можело да биде подобро?

Прстени од кромид (целосна подготовка на migusto.mk
СОСТОЈКИ
2-3 главици кромид
2-3 белки (може и 1-2 цели јајца)
200 гр презли
150 гр брашно
2 кафени лажички мешавина од зачини (вегета или зачини за пилешко)
малку сол
prsteni-od-kromid.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom