Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Морам да го споделам рецептов, превкусен е!
Се прави најнормално пире, внатре се додаваат морски плодови и филе од морска риба, се меша се заедно, се зачинува со вегета (или што сакате по желба) и се става да се пече.

Мајка ми прави нешто слично на ова, само наместо морски плодови и риба, она става пилешко месо, кисели краставички и печурки, а кога е при крај, одозгора ренда кашкавал.
 
дајте нешто благо :D

утре планирам да направам торта со кајсии .. ако излезе добра, споделувам рецепт ;)

пс: ептен е лесна за правење ..
 
Кажи кое време да дојдеме, да ја пробаме :)

неможе! себична сум кога станува збор за благо! :P jk
..уште не сум ја почнала, приквечер негде :) да заладе малце :P


Ништо не помага околу сецкање кромид и плачење освен електричен сецко :D

помага :) џвакај Орбит, или друга така по лута мастика :) помага ..

проверено и потврдено :D

btw; ептен сакам да отворам ЈуТјуб канал за готвење ..обожувам да готвам! :)
 
Пица бурек од готови кори :love:

SDC11939.JPG-6521-1024x768.jpg
  • 500 гр готови кори
  • 300 гр рендана салама
  • 300 гр рендан кашкавал
  • 100 мл кечап
  • 100 гр печурки
  • 100 мл зејтин
Количината и редоследот на состојките може да се менува по желба.
Тавата во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора, потоа кората ја попрскуваме со зејтин, ставаме рендана салама. Ставаме друга кора и неа ја попрскуваме со зејтин, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со зејтин, ставаме кечап, потоа друга кора и неа ја попрскуваме со зејтин и ги ставаме печурките. Најпосле ја ставаме последната кора и врз неа рендаме кашкавал.
Печеме во загреана рерна на 200 степени додека не се истопи кашакавалот.
 
Чоколадна пита

cokoladna-pita-2448-800x450.jpg
Сакате чоколадо… Сакате пита… А Чоколадна Пита!!?? Ова е едноставен но богат Француски чоколаден тарт со крцкаво домашно пециво и божествен фил кој ќе остави насмевка на Вашето лице неколку часа откако ќе го пробате.
Состојки

за Пециво ќе Ви треба:
  • 250 грама брашно
  • 110 грама путер
  • 5-6 лажици студена вода
за Филот ќе Ви треба:
  • 200 грама стопено темно чоколадо
  • 4 јајца
  • 50 грама брашно
  • 75 грама стопен путер
  • 100 грама шеќер
Подготовка

Чекор 1: Ќе почнеме со правење на класично пециво со путер… Во длабока чинија ставете ладни коцки путер и почнете со раце да ги мешате со брашното додека путерот да се раствори во брашното и да добиете мазна жолта смеса… Протресете ја чинијата за поголемите грутки да излезат на површината…
Следно, превртете го тестото на работната површина… Ставете го тестото на работната маса и направете дупка во средината од смесата со брашното… Со лажица ставете ја потребната количина студена вода… Изгмечете со раце додека смесата да стане мазна и внимателно почнете да ја размесувате во кружна форма…

Чекор 2:
Земете ја тавата намачкана со путер и во неа ставете го тестото… Внимателно притиснете го и развлечете го тестото до ѕидовите на тавата и отсечете го вишокот… Со вилушка издупчете го дното и страните од тестото…
Покријте го со пекарска хартија и врз неа ставете малку ориз за хартијата да остане на своето место… За почеток на процесот, тестото во рерна ќе го „печеме на слепо„, а подоцна ќе го ставиме и чоколадниот фил.
Ставете ја тавата во рерна 15 минути на температура од 150 степени.

Чекор 3:
Во меѓувреме, ќе го направиме филот… Истопете го чоколадото во длабок сад врз провриена вода… Потрудете се садот да не биде во директен допир со водата.
Измешајте ги заедно шеќерот и брашното, а потоа ставете ги и јајцата и добро измешајте… Следни ставете ги свилестото стопено чоколадо и путерот и мешајте додека да добиете мазна, густа и сјајна смеса!

Чекор 4:
Извадете го пецивото од рерната… Откријте го и врз него сипете го чоколадниот фил. Вратете ја тавата во рерна на иста температура уште 15 минути или додека филот да стане тврд на допир.

Чекор 5:
Време е за сервирање: Овој тарт можете да го сервирате топол од рерна или да го оставите да се излади во фрижидер… Сервирајте го на чинија и уживајте.


СОВЕТ:
Постојат многу начини на овој десерт да му додадете нешто посебно… Зошто да не ставите малку стопено бело чоколадо одозгора, или пак да го попрскате со какао во прав? Ова е мал и едноставен тарт, но толку е богат што ќе го задоволи вашиот вкус за слатки… Добитна комбинација за сите љубители на чоколадото.
 
Чистејне на фрижидер.

700-900 грама компир...
1-2 Моркова...
2-3 зелени чушки,
околу 300 грама шампињони (или друг вид на свежи габи)
3-4 чешниња лук
4 јајца
100-150 грама кашкавал
Зејтин, сол, црн пипер, вегета, малку сол, магданос и други зачини по желба
(може оригано, босилек (ако го миксаш со една френка, дава посебен шмек со луко), коријандер, малку кари и индиски зачини....)


Лупеш, дробеш на коцки и морковите на кругове, и ставаш ги у сад за печејне..
8Spnc.jpg


Ставаш зејтин вагета, сол, црн пипер, мешаш се на куп и у рерната го ставаш на 200 степена 20-22 минути.. Додека се пече оваа нешто, дробеш ги другите нешта и ги мешаш на куп..
oIzun.jpg


Издробените нешта ги попрскуваш со смачкан, па здробен на ситно лук (може и у аванче да се исчука, ама јас неам аванче и други модерни нешта, и го притискам со ножо и го сецкам на ситни парченца да пуште сок)..

Запечените компири вадеш ги од фурната, и додаваш зеленчуко... Исто додават се сите зачини и се убаво се размешува (исто како на сликата :icon_lol::icon_lol:) и го враќаш у фурната за оште 22-25 минути...
SycB0.jpg


Вадеш го од фурната и требе да изледа вака..
9zICw.jpg


Сокапеш јајцата, и ги ставеш озгоре врз компирите (може да напрааш длабнатинки за да си стојат и да имат правилна форма... мен ме мрзеше и ги ставих така) и кашкавало го изрендаш и го поросеш озгоре рамномерно... Ставаш го у рерната и после 8-10 минути требе да е готово и да излгеда вака

Fpg0O.jpg


И на крајо сервирајне...
0IyYh.jpg


Не знам за колку лица е, ама јас го јадам за 2-3 пати (ако не го докопа цимерката). :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Да го почнам постов во стил на членот погоре:
Сакате грав? Сакате лук? А паста од грав со лук? :D
Рецептов го открив гледајќи TLC (toddlers, lunatics and cakes, хи хи), Buddy од Cake Boss го направи.
Се зема сварен грав (јас го направив со грав од конзерва 200 грама) и лук (количината на лук е во зависност од колку силен вкус сакате да има). Гравот се пасира во миксер (или блендер, а може и да се испасира на рака), лукот се толчи со малку маслиново и сол и се додава во испасираниот грав. Може да се додадат зачини какви сакате, јас ставив оригано и босилок. И voila, имате вкусен прилог со кој сте асоцијални, но среќни и најадени во следните неколку дена :D
Според оригиналниот рецепт требаше целата главичка лук прво да се испече со лушпата (се отсекува само врвот, се става малку маслиново, се витка во алуминумска фолија и се става во рерна околу десетина минути), ама со свеж лук е поароматично.
 
Царска пита

Потребни состојки:
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт или кисело млеко
- 1/2 чаша масло
- 2 чаши брашно
- 1 прашак за пециво
- малку сол
- сирење, кашкавал, шунка, маслинки, кисели краставици (или се што ќе ви се најде по дома :icon_mrgr:)

Се матат јајцата (со миксер), се додава јогуртот или киселото млеко, маслото и се мати убаво, се додава брашното и прашакот за печиво и малку сол, на крај се додаваат исецканите кашкавал, сирење, шунка, маслинки, краставици или по желба, Се се меша убаво, се става во плех и се пече на 200 степени додека не зарумени убаво.
pita.jpg

Bon appetit:pipi:
 
Ај еден најпрост од мене :)

Стопете 2-3 чоколади за готвење(по желба може да додадете нес кафе или капучино за подобар вкус и мирис) и во нив ставете мелени бисквити, може и лешници,ореви, све и свашта само да се згусни смесата :) Потоа малку во фрижидер зошто од топлово се пушта, па си направив топчиња(џоа за гости) и за дел од секунда СЕ се изеде :D а ако не ви се чека, лажицата и јадете одма! ;) :D
 
Кока-кола корпички
koka-kola-korpicki.jpg

СОСТОЈКИ
2 шолји кока-кола
1 шолја какао во прав
125 г путер
240 г шеќер
100 г кафеав шеќер
2 шолји брашно
1 ½ лажичка прашок за пециво
2 јајца
малку сол
шлаг пена
зрнесто овошје целосна подготовка на следниот линк Мигусто.мк
 
Чистејне на фрижидер.

700-900 грама компир...
1-2 Моркова...
2-3 зелени чушки,
околу 300 грама шампињони (или друг вид на свежи габи)
3-4 чешниња лук
4 јајца
100-150 грама кашкавал
Зејтин, сол, црн пипер, вегета, малку сол, магданос и други зачини по желба
(може оригано, босилек (ако го миксаш со една френка, дава посебен шмек со луко), коријандер, малку кари и индиски зачини....)


Лупеш, дробеш на коцки и морковите на кругове, и ставаш ги у сад за печејне..


Ставаш зејтин вагета, сол, црн пипер, мешаш се на куп и у рерната го ставаш на 200 степена 20-22 минути.. Додека се пече оваа нешто, дробеш ги другите нешта и ги мешаш на куп..


Издробените нешта ги попрскуваш со смачкан, па здробен на ситно лук (може и у аванче да се исчука, ама јас неам аванче и други модерни нешта, и го притискам со ножо и го сецкам на ситни парченца да пуште сок)..

Запечените компири вадеш ги од фурната, и додаваш зеленчуко... Исто додават се сите зачини и се убаво се размешува (исто како на сликата :icon_lol::icon_lol:) и го враќаш у фурната за оште 22-25 минути...


Вадеш го од фурната и требе да изледа вака..

Сокапеш јајцата, и ги ставеш озгоре врз компирите (може да напрааш длабнатинки за да си стојат и да имат правилна форма... мен ме мрзеше и ги ставих така) и кашкавало го изрендаш и го поросеш озгоре рамномерно... Ставаш го у рерната и после 8-10 минути требе да е готово и да излгеда вака



И на крајо сервирајне...
Не знам за колку лица е, ама јас го јадам за 2-3 пати (ако не го докопа цимерката). :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Цепи дијалектот:D
Иначе супер рецепт утре ќе го пробам
 
Може некој да ми каже рецепт за слатко од зрели смокви?
 
торта

Состојки

  • 5 белки
  • 130 гр шекер
  • 2 лаж брашно
  • пола лажица оцет
  • 100 грама сецкани ореви
  • се прават 4 кори по ова содпжина
  • за крема 1
  • 20 жолчки
  • 300 гр прах шекер
  • 1 маргарин
  • за крема 2
  • 1кг млеко
  • 10 лаж шекер
  • 4 пудинг од чоколада
  • 300 гр чоколада
  • 1 маргарин
  • 200 гр прах шекер
  • за крема 3
  • 400 мл слатка павлака
Подготовка

Подготовка

Се матат 5 белки и постепено се додават 130 гр шеќер. Кога ќе се доволно изматени со лажица се додават 2 лажици брашно, пола лажица оцет и 100 гр сецкани ореви. Се прават вакви 4 кори.
Подготовка на првиот крем:
Се матат 20 жолчки со 200 гр прав шеќер. Потоа се става на пареа 10-15 минути додека да се добие потребната густина. Се трга на страна да се олади и кога е оладено се соединува со 1 маргарин претходно изматен со 100 грама прав шеќер.

Подготовка на крем 2:
Од млекото се остава 1 чаша остатокот се става на оган да зоврие со 10 лажици шеќер. Во остатокот се раствара пудингот и се сипува во врелото млеко, се прави густа крема. Кога ќе е готова се трга на страна и се додават искршените чоколади и се меша додека да се стопат. Потоа смесата се остава да олади и во оладена се додава 1 маргарин претходно изматен со 200 гр прав шеќер.

За крем 3:
Се мати слатката павлака

филување кора фил2 фил1 фил3 кора и така натаму јас така ги наредив правилен редослед кора фил 1 фил2 фил3 кора и така натаму
DSCN1401.JPG-8800-800x600.jpg
 
Денес во самопослугата каде што обично пазарам, забележав дека продаваат замрзнато мелено пилешко месо. Цената му е 73 денари за килограм, што мора да признаете е многу ефтино, посебно сега во оваа ситуација. Купив едно парче, испадна кило и двеста и одам на кај дома и си мислам: Убаво што купив, стварно е ефтино, ама што да правам со замрзнато пилешко месо?
Едвај некако исеков едно парче, околу 300 грама и направив:

Густа супа од плешко мелено месо

На малку зејтин, испржив главичка кромид и го додадов месото да се пржи
Потоа, додека месото се пржеше, додадов ситно исечени, помали зеленчуци и тоа: еден морков, една пиперка ( блага ), еден домат. еден компир
Кога се се испржи, налеав литро вода и додадов коцка за супа. Така се вареш половина час и готово

Можам да Ви кажам, испадна супер, сите ми ја бендисаа.
Сега имам друг проблем - ми остана уште речиси кило од меленото пилешко месо.
Затоа; Ве молам, да дадете, предлог што друго може да се подготви од ова мелено пилешко месо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom