Имаш блокажа на електрониката. Најди ја електронската коцка (отвори го капакот кај акумулаторот и треба да е некаде под седиштето лоцирана) и извади ја РОЗЕВАТА жица што оди во електрониката (треба лесно да се вади и да има спојка).
Види, кинеските скутери имаат ваков тип на блокажа односно има еден кабел што оди од електрониката и влегува внатре во блокот кај ламелата. Тоа е всушност сензор што ги мери вртежите директно на ламелата и со тоа ја ограничува крајната брзина.
Ваква електроника се става само доколку имаш кит на моторот (а во некои случаи немора ни тогаш). Стандард машина во никој случај не е способна да постигне над 9800 вртежи така што само ќе дадеш пари за џабе, а моторот ќе оди исто