Со цитирање на Википедија е многу побрзо, за жал немам време да ги препишувам цел ден сите хартиени извори.Значи твоите познавања од темава се поопширни од Википедија, ама мерак ти е само неа да ја цитираш. Ти верувам, оти да не.
Така ја пишувам и јас.Друже, фонетска транскрипција се пишува во аглести загради.
Exactly.А во аглести загради се бележатфони/алофони (варијанти на една иста фонема). Ако се работи за фонеми -- како во случајов /c/ и /ɟ/ -- тие се бележат во коси загради.
Одлично разликувам фонетска од фонолошка транскрипција и знам кога да ги користам квадратните загради – на пр. кога станува збор за гласовите (phones) [c] и [ɟ] воопшто, а не за фонеми во некој конкретен јазик.Не ќе да ти се јасни овие дистинкции.
Апсолутно. Така мислам и јас – психоакустички српските африкати /tɕ/ и /dʑ/ се поблиски до македонските африкати /tʃ/ и /dʒ/ отколку до македонските /c/ и /ɟ/.Веќе објаснив кои се причините и дадов поткрепа зошто тврдам дека /c/ и /ɟ/ се африкати. Исто така објаснив кои се можните социолингвистички причини за појавата на / t͡ʃ / и / d͡ʒ/ во македонскиот како замена за српските /tɕ/ и /dʑ/.
Е сега, вие уште не сте разбрале какво е моето објаснување? Ај и вака да пробам: од фонетски аспект, причината е во сличностите на психоакустичкиот ефект. Имено, српските африкати /tɕ/ и /dʑ/ се заменуваат со македонските африкати / tʃ / и / dʒ/ поради психоакустичка сличност. Дали ве задоволи овој одговор?
А причината за одржување на правописот со „-иќ” е дека инаку ќе настане катастрофа:
Уште повеќе ме нервираат медиуми како канал5, точка, интересно и сл. кои ги мешаат буквите ќ и ч, ѓ и џ, како да читаш бугарски весник а не македонски, катастрофа.
Случајно ми е познато дека на тој начин може да се докаже дека палатални плозивни консонанти не постојат воопшто во никој јазик, бидејќи нивната артикулација со тотална оклузија е невозможна – тие секогаш се следат од повеќе или помалку изразен фрикативен приглас, односно се африкати.А сега, ред е сега ти малце да објасниш и да ја демонстрираш твојата експертиза а не само да пастираш линкови. Ферски, нали?
1. Елаборирај како /c/ и /ɟ/ се плозиви (или на англиски: stops), како што тврдиш. Не се брзај. Бујрум објасни го артикулацискиот механизам на /c/ и /ɟ/ и побиј го моето тврдење дека се африкати. Ама не со копи-пејст линкови.
Тогаш сепак станува нејасно за што на IPA се ѝ потребни симболите c и ɟ и зошто ти така упорно ги користиш наместо cç и ɟʝ?
Е, тука веќе се случува нешто навистина трагично.2. Бонус вопрос: објасни зошто (од фонетски аспект) англиската фраза "By the way" во македонски се транслитерира „Бај д веј“, а во бугарски како „Бај д' ўеј.“ Какво става тук мојто момче?
На така поставеното прашање не може да се одговори, guess why. Да ти кажам, жално ми е како си перфектно запознаен со некои соседни јазици, а за други не знаеш најелементарни работи.