Кога Ќ стана Ч?

Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Со -ич завршувам. Не ми кажувај како се презивам.
Погрешно ги поставуваш работите. За транскрипција на странски имиња има правила. Зошто се такви е расправа за лингвисти, и неколку поста над твојот имаш одлично објаснување. Доколку си роден во Македонија или имаш македонско државјанство можеш да одбереш презимето да ти завршува на што самиот сакаш и нема правило што може да те спречи. Тука стандардниот јазик нема никаква врска.

Ама доколку си српски државјанин и во документ презимето ти завршува на -ић во мементот кога ќе влезеш во државата ќе бидеш заведен како човек со презиме што завршува на -иќ, од проста причина што македонските службеници се должни да го почитуваат стандардниот јазик и неговите правила. Твоите желби тука немаат никаква улога. Истото би требало да важи и за медиумите кои декларативно имаат лектори и го почитуваат литературниот јазик.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Пак ќе ти кажам. Моето презиме на -иќ се пишува, на -ич се чита.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ћ и Ђ навистина се палатални африкати, но Ќ и Ѓ не се африкати!
Ќ [c] e безвучна преднонепчена избувна согласка = безвучен палатален плозив (voiceless palatal stop).
Ѓ [ɟ] е звучна преднонепчена избувна согласка = звучен палатален плозив (voiced palatal stop).
Не би се сложил, господине бьлгарски фонетичару! Ќ /c/ и Ѓ /ɟ/ нема шансони да бидат плозиви од проста причина што нема тотална оклузија (препрека) во артикулацијата. Има фрикативна констрикција, а не тотална оклузија. Во македонскиот плозиви се /p/, /b/, /t/, /d/, /k/, и /g/.

Македонските ќ /c/ и ѓ /ɟ/ се африкати. А африкати се бидејќи се комбинации од плозиви веднаш следени од хоморгански фрикативи. Поинаку кажано, ќ /c/ и ѓ /ɟ/ се африкатски комбинации (фонолошки интегрални гласови) кои се изговараат во ист слог.

Се разбира, не треба мене да ми веруваш. Бујрум листа на африкати според International Phonetic Alphabet. Македонските африкатчиња ќ /c/ и ѓ /ɟ/ ќе ги најдеш на оваа листа на африкати. Втор ред во средина. Надјавам се че ги виждаш!

И една забелешка: кога транскрибираш фонеми, не употребувај аглести загради (тие се за алофони), користи коси загради за бележење фонеми. Така си е редот во фонемската транскрипција.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Пак ќе ти кажам. Моето презиме на -иќ се пишува, на -ич се чита.
Нема правило кое го налага тоа, бидејќи за гласот кои треба да се изговори немаме соодветна буква, па правилото вели да се запише како ќ. Доколку некој немал контакти со српски јазик, ќе ја изговори ќ и тоа не е погрешно, од аспект на стандардниот македонски јазик.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ѓоковиќ се чита Џокович само колку да знаеш.
Исто како што Мајкл Џексон е Мајкл, а не Михаил.
Каков бре Џокович, имаат србите Ć i Đ, и ние имаме Ќ и Ѓ, не сме неписмени па до толку да не знаеме да пишуваме и да го прочитаме напишаното, кај отиде писменоста живти бога. Погледај како пишува на српски така треба да препишеш на македонска кирилица, ако е Đorđe Balašević, тогаш е Ѓорѓе Балашевиќ, а не Џорџе Балашевич, или ако е Đogani, не може да биде Џогани, туку Ѓоле - Ѓогани. Нашиот Ѓорге Иванов према вас србиве би го прекрстиле Džordže Ivanov a? :pos: Читај како србите ги пишуваат нашите имиња со специфичен карактер: http://www.blic.rs/Vesti/Drustvo/281740/Makedonski-predsednik-Stvaramo-pozitivnu-klimu-za-resavanje-spora-oko-crkve

Уште повеќе ме нервираат медиуми како канал5, точка, интересно и сл. кои ги мешаат буквите ќ и ч, ѓ и џ, како да читаш бугарски весник а не македонски, катастрофа.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Крејзи..Пак ќе прашам.
Мајкл Џексон - Мајкл го читаш? Или Михаел?
Михаел Шумахер? Или Мајкл?
Мишел Куртeменч? Или Микел?
Со -ич завршувам. Не ми кажувај како се презивам.

edit: еве ти 2 у едно комбо
George Michael - Џорџ Мајкл или Ѓорѓе Михаел?
А бе, транскрипцијата си има правила, викаш Мајкл Џексон, затоа што така се изговара, а Ѓоковиќ, не се изговара Џокович, т.е на српски е ЂоковиЋ, а македонската соодветна транскрипција е Ѓоковиќ. И тие читаат ко што пишуваат и ние исто, согласно на тоа при транскрипцијата буквите што ги немаме ги заменуваме со соодветните (Ќ и Ѓ) и согласно на тоа така и изговараме. Така е и со Зоран Ѓинѓик.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
А бе, транскрипцијата си има правила, викаш Мајкл Џексон, затоа што така се изговара, а Ѓоковиќ, не се изговара Џокович, т.е на српски е ЂоковиЋ, а македонската соодветна транскрипција е Ѓоковиќ. И тие читаат ко што пишуваат и ние исто, согласно на тоа при транскрипцијата буквите што ги немаме ги заменуваме со соодветните (Ќ и Ѓ) и согласно на тоа така и изговараме. Така е и со Зоран Ѓинѓик.
Полека со фонтот.
И очигледно ја 20 години живеам у заблуда за тоа како се презивам.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Полека со фонтот.
Не ми беше намерата да биде зголемен, туку дека ја немав буквата Ђ па ја копирав од горе и ми се поремети цел фонт, па после ме мрзеше да сменам. :)
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
А бе, транскрипцијата си има правила, викаш Мајкл Џексон, затоа што така се изговара, а Ѓоковиќ, не се изговара Џокович, т.е на српски е ЂоковиЋ, а македонската соодветна транскрипција е Ѓоковиќ. И тие читаат ко што пишуваат и ние исто, согласно на тоа при транскрипцијата буквите што ги немаме ги заменуваме со соодветните (Ќ и Ѓ) и согласно на тоа така и изговараме. Така е и со Зоран Ѓинѓик.
Е ова се двојни аршини :icon_lol:
Ако Мајкл Џексон го пишуваш како што го изговараш, не гледам зашто истото да не го правиш и со Џокович.
Во случај кога при изговорот ( веројатно сме на чисто дека изговорот би требал да биде во оригинал како што е и наменет) користиш гласови за кои во македонската азбука нема точно прецизна буква, ја користиш таа која е најблиска по звучност.
Сепак азбуката ја измислиле за да ги пренесат гласовите на хартија, а не обратно.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е ова се двојни аршини :icon_lol:
Ако Мајкл Џексон го пишуваш како што го изговараш, не гледам зашто истото да не го правиш и со Џокович.
Во случај кога при изговорот ( веројатно сме на чисто дека изговорот би требал да биде во оригинал како што е и наменет) користиш гласови за кои во македонската азбука нема точно прецизна буква, ја користиш таа која е најблиска по звучност.
Сепак азбуката ја измислиле за да ги пренесат гласовите на хартија, а не обратно.
Не се двојни аршини, не сум ги измислила ја правилата во македонскиот јазик, тие си постојат од секогаш.
Еве погледни и Србите како го пишуваат Ѓорѓе Иванов - Đorđe Ivanov.
Тоа се правилата и не гледам зошто треба да се менуваат.

Во случај кога при изговорот ( веројатно сме на чисто дека изговорот би требал да биде во оригинал како што е и наменет) користиш гласови за кои во македонската азбука нема точно прецизна буква, ја користиш таа која е најблиска по звучност.
Не, туку користиш соодветна замена, а во овој случај и за двете букви имаме соодветна замена, најблиска до тие две букви, а тоа е - Ѓ и Ќ, исто ко што и тие нашето Ѓ го транскриптираат во Đ.
Не може да се менуваат правилата, само затоа што на вас така ви текнало дека треба. :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Едноставно е, буквите ћ и ђ, се ќ и ѓ. Како дотеравте за волку едноставна работа 6 страни да испишете? Ама знам што е фората, го слушате Ђоковић, ќе го напишете Ѓоковиќ, ама при изговор на презимево повеќе Ђ/Ћ личи на Џ/Ч отколку на Ѓ/Ќ. Ама тоа е при слух само ама на хартија никако. слични по звучност се и затоа се праи збунка за не извежбано уво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom