Стеф ај ако можеш да ми препорачаш некој режим на здрава исхрана.
Значи глеј вака одприлика стојат работите, спортиста сум, веќе 10 години активно тренирам, немам проблеми со напорни тренинзи и такви работи. Моментално не сум во најдобра форма ама еве веќе од пред неколку дена почнав повторно да тренирам и си ја враќам полека формата. Немам проблем со тежината, туку сакам само здрав начин на исхрана да имам, да ги исфрлам тие газирани сокови, благо и ред други работи без кои до сега неможев
Се зафркнав што прекинав да одам во теретана, еве до 10 септември точно една година како не сум стапнал во теретана, а лани ова време бев во топ форма и со солидно исцртано тело.
Деновиве го простудирав Дајмонд начинот на исхрана ама што знам, мислам дека не е баш за спортисти, се осеќам како да ми треба многу повеќе енергија, а не знам баш дали може да ми ја пружи Дајмонд, иако имам високо мислење за овој начин на исхрана. За еден нормален човек кој не е спортист, односно кој не е секојдневно физички активен мислам дека е добра таа исхрана.