Најпрвин фала на искрените честитки посебно од фановите на Интер

Значи целосно сум изненаден(пријатно), пред утакмицата пишав што очекувам, многу работи одеа во прилог на Интер, такви беа околностите и бев голем песимист, не очекував дека толку брзо ќе се вратат по она што се случи на Олимпико, мислев сега на Сан Сиро ќе биде полошо, но ете фудбалерите лесно се решиа од притисокот уште на почетокот и почнаа да го играат она што го работеа цело лето и она што Земан го бара од нив, значи цела утакмица правеа добар пресинг, секој напад беше конкретен и опасен, трчаа 90мин, се виде последните 20мин која екипа е повеќе физички спремна истоти беше и со Катанија, но тогаш незнам зошто имаа грч во нозете, вајда прва утакмица и се по*раа пред домашната публика(овој проблем веќе нема да го имат) .. сепак покрај одличната партија сеуште не е постигнат посакуваниот ефект и посакуваната игра на Земан(тоа ќе дојде со тек на времето) и плус има уште еден проблем, а тоа е одбраната, не е лоша, но не е доволно добра, целата 4-ка од дефанзивци се движат заедно, одат на ризични офсајд замки пред самиот шеснаесетник, не се уште сигурни, Земан треба да е свесен за ова и да поработи на истото, со Јуве и Наполи на пример како би се сносила оваа одбрана ? .. значи да не летаме во облаци, не е се перфектно ...
како и да е, мене ме радува тоа што веќе има голем напредок од првата утакмица иако пред натпреварот кажав дека нема многу услови за напредок на оваа утакмица, туку добрата игра ќе дојде во 3-тото коло, сепак момците покажаа дека можат да играт добро и во тешки околности ..
за одбраната кажав дека не е нај нај, уште да споменам дека очекувам од Пирис подобра игра, дечкото сеуште не е опуштен како што треба ... е сега средниот ред ме изненади многу позитивно, почнавме со Де Роси и двајца млади играчи кои имаат по 21 година и до лани играа во Сериа Б, Флоренци како цел живот да играл во Рома, не видов трема и грч во нозете кај дечкото, тотално опуштен, го имаше насекаде и напред и назад, освен тоа што многу трча има и одлична техника, Таксидис веќе го имам фалено, а тој си продолжи со одличните партии и веќе го гледам како стартер заедно со Пјанич и Де Роси, момчето е 190цм и тежок повеќе од 80кг а е толку многу подвижен, колку само лесно и брзо се враќа во одбрана и како само добро ги дистрибуира топките за во напад и баш како што Земан сака по земја точни и прецизни, има голема техника и многу добар изработен шут, верувам дека ќе стане голем играч, Де Роси се повреди и влезе Маркињо и повторно бевме одлични, отсуството на Де Роси и не се примети Таксидис отиде да игра како деструктивец и беше вистински стуб пред одбраната, заедно со Флоренци одлично ја држеа средината, а Маркињо покажа дека имаме играч на клупа на кој би можеле секогаш да сметаме ..
за нападот имам малку страв дали всушност Дестро може да ги даде своите најдобри игри како крилен напаѓач ? Освалдо е во средина, но и на Дестро тоа е вистинската позиција, не дека беше лош по десната страна, ама незнам колку таму би можел да го покаже максимумот, по црвениот на Освалдо сега против Болоња ќе го видиме како централен напаѓач што ќе покаже, доколку изигра одлично, Земан ќе биде на слатки маки да избира помеѓу него и Освалдо кого да стави како класичен шпиц ...
Тоти .. што има да трошам зборови за Тоти, игра како да има 25 години, вистински професионалец, примремите ги помина на завидно ниво, порано беше подебел, сега е вистинска атлета, вчера цели 90мин не покажа слабост, трча 5 пати повеќе од Ламела(за овој сега не ми се збори баш), врши пресин, се враќа во дефанзива, алал му вера .. втората асистенција му беше ворлдклас !!!
еве ги головите, Освалдо мама миаа, ќе промаши некоја добра прилика но затоа ќе постигне некој еврогол
За крај само голема благодарност до господинот Зденек Земан, човекот кој ги врати фановите на Олимпико и човекот кој е највеќе заслужен што Рома живна по неколку години ... видвоте, прво коло на Олимпико имаше 55-60 000 гледачи и тоа со Катанија, вчера околу 3-4 000 гостински навивачи се слушаа на Меаца ... наредната со Болоња одекувам истотака да не бидеме под 45 000 иако противникот не е атрктивен, али на кого му е битно дали противникот е атркативен кога ние играме атрактивно и убаво
заборавив да споменам една лоша весто, Балца ќе биде отсутен 20-30 дена

.. додека со Де Роси не е ништо страшно, ќе оди со репрезентацијата, за две недели ќе биде потполно нов
--- надополнето: 4 септември 2012 во 03:55 ---
Браво момци! Честито победа, да ви се множат. Добра игра!
фала на честитиките

.. имаш среќа што не сум многу креативен, а и не сум некој да ти даде некоја дебилна слика во фотошоп, затоа ти најдов фина фотографија од Тоти да си ја поносиш

повели
http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/404117_10152059631785587_1173829202_n.jpg