Немаме пејпал баш поради вакви илегални активности. Порано крадеа преку него а сега се легитимираат со неточни податоци (како во примерот со погрешна држава). Веројатно нема да имаме во блиска иднина!
Не баш...
Проблемот од секогаш го лоцирале во Законот за девизно работење, според кој имаме можности за заработка исти како и жителите на Замбија во 1964 год. Проблемот околу Paypal е што не смее(ло) Македонец да отвори сметка во странска банка (па ондак како отворале уште на времето транзициските профитери ?? ). Есеноска еден од професорите на Економски ми го потврди ова, а другиот, постар и (наводно) поискусен, покажа доволно скептицизам и цела горна вилица од десна 6ка до лева 6ка како да сакаше да каже: "па како тогаш јас имам 350.000 евра во австрискана банка ?" И настана краток монотон разговор меѓу нив двајца од типот "не, не смее" и "како бе не ?!"
Не смее да се тргува со странски хартии од вредност, не смее да се инвестира во злато... е*ати Законот, Сталин и Хитлер можат вода да ни носат на тема "Диктатура и профитерство"
Последно што прочитав беше вест од 15.08.2012 и се однесуваше за Србија и за нејзините трговци (значи правни лица, не како што наведов погоре физички), но de facto текстот се однесува и на нашиот Закон кој, ако добро толкувам, има измена од Ное. 2011, но навистина немам нерви да го читам.
Sagovornik koji je blisko upućen u ovu temu kaže da će ukidanje Zakona omogućiti našim privrednicima otvaranje deviznih računa u inostranstvu, što bi pojednostavilo trgovinu preko PayPala. U ovom trenutku, Zakon je takav da kada trgovac hoće da ponudi naplatu robe preko PayPala, taj novac prvo ide na račun ove kompanije, pa trgovac njime ne može jedno vreme da raspolaže.
Извор:
http://www.personalmag.rs/internet/od-jeseni-paypal-u-srbiji/
Она што може да се потврди е дека министерот Иво Ивановски одамна ветува дека "наредна година, наредна година, наредна година", последно беше ветувањето дека во првиот квартал од 2012 ќе дојде Paypal. Една Албанија и Босна можат да си повлекуваат средства од Paypal на својата Visa. Навистина е фрустрирачки кога со години можностите за профит (веќе) не можам да ги искористам како секој друг нормален во било која друга нормална држава.