Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
јас кажувам за период 70 десети па до распдот на СФРЈ. процесот на национализација и конфискација на имоти се случил одма по војната. И јас мислам дека не се направил најдобро пошто бие одземени и од луѓе кои навистина ги спечалиле работите со труд и на оние кои дошле преку мака и грб на други.Лет 3. Работите ти шо ги говореш за мен ( и мојте дома са непознати)... Ти говореш за месни самопридонеси, за убавини, за песни додека се работело ударнички, за ќеф, за армија, за чуда, за розеви цвикери.....
Месен самопридонес.... самоволно давање на средства за државата за општонародно добро... АЈ дома на дедо шо земале нивите, овците, кравите... земале ги.... Решиле големите тикви да градат културен дом у селото.. И ај погоди кој ги “донирал“ тополите за греди на новио културен дом од месен самопридонес...
Или па секоја зима 20-30% од парите од тутуно од манаполо да ти одат за местен самопридонес, за развивање на братството и единството у косово или Санџак...
Аааа у мојто село наприле водовод со месен самопридонес... требало да има бунари пумпи и филтер станица... Арно ама нешто парите “не стигнале“ па закачиле водоводо господата инџинери директно од реката у чешмата...
Одмори, летувања, бенефиции имало е за некој.. .ама не за сите.... Селските деца са собирани од нивите, полиција е доваѓала у селата со учителите да ги носат на ударнички акции... Оти оди објасни на простите селани как ќе му го земеш детенцето и ќе го носеш негде да работе ангарија, коа може дома да работе... Оди објасни на мојо оти било арно, коа е пораснал у самар, и коа тргнал гимназија видел кондури за прв пат у живото...
Баба викаше ак си сплетеш и исткааш платно, ќе си сошиеш кошула и гаќи... Ако не, ќе немаш....
Или кога идел големио и обожаван преседател, татко ми требало да седе дома оти двујцата му дедовци биле од неповолните на системо...Не дај боже едно дете да земе да дигне атенат на сонцето на Југославија (за референца... тито је наше сунце, 1979 роденден)...
А за словенците шо се отцепиле... и јас ќе се отцепам ако носам 1/4 од БДП, а сам 1/10ина од популацијата... не сам улав да ја делам баницата со мрзлаците на југ...
А за откупите и земјоделското производство... тава е друга тема... Татко ми киснал по пазари по тава време.. Јас сам киснал по пазари у оваа време...
А за 4та воена сила у свето.... 3 месеца се матка ЈНА у Вуковар против 1500 човека....
Словенците ко се отцепиле виделе мака и тоа голема пошто од една монополистичка република со население од милион ипол на пазар од 20 милиони се нашле како треторазредна економија среде европска унија. Фруктал, Искра, Горенје... тие се уште си го бараат пазарот овде низ балканот не во европа. Нивните производи и инвестиции се на балканот не во Германија. Тие имаа највисоки плати во рамки на СФРЈ и најдобро живееа, купуваа коли од странство, одеа на скијања во австрија, беа со сите погодности на едно социјалистичко општество но со капиталистички плати. Најголема носталгија за СФРЈ е баш меѓу словенците. Белград е посетувам многу од организирани групи на словенци кои обавезно го посетуваат гробот на Тито, и кажуваат како и кај нив сега е економска несигурност, социјална несигурност и како и кај нив се сведоци на голема класна поделеност и сиромаштија кај дел од граѓаните.
Економската сила на словенија се базираше на тоа што државата обезбеди само нивните производи да бидат продавани на пазар од 20 милиони. Со високи царини и давачки во СФРЈ се продаваше најповеќе СФРЈ роба. речиси гарантирано беше продажбата на Горење, фруктал, ЕИ НИШ ...... не мораа да се замараат со конкуренции, новитети, маркетинзи. Во 1989 кога анте марковиќ ги отвори границите на СФРЈ за увоз во иста продавница имаше мало едноставно елевизорче од горење кое кошташе (во евра ) 600 и до него похголем Голд Стар со многу повеќе опции за 300. Фруктал сок од 0,75литри од ресенска праска кошташе 1,75 марки.. а до него увоз од австрија литар густи коктел од јужно овошје 1,25 марки. Тогаш словенците се побунија за системот плус дојде до бојкот на словенечка роба во Србија и памтам интервју мислам директор на Палома беше кој рече дека словенија е џин на стаклени нозе и дека 2-3 месеци увоз на друга роба и бојкот на србија ја доведоа до пропаст словенечката економија, прашан зошто не се орјентирате на западен пазар, австрија, германија... рече, не сме конкурентни таму ни со цена ни со квалитет.