Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Лет 3. Работите ти шо ги говореш за мен ( и мојте дома са непознати)... Ти говореш за месни самопридонеси, за убавини, за песни додека се работело ударнички, за ќеф, за армија, за чуда, за розеви цвикери.....

Месен самопридонес.... самоволно давање на средства за државата за општонародно добро... АЈ дома на дедо шо земале нивите, овците, кравите... земале ги.... Решиле големите тикви да градат културен дом у селото.. И ај погоди кој ги “донирал“ тополите за греди на новио културен дом од месен самопридонес...

Или па секоја зима 20-30% од парите од тутуно од манаполо да ти одат за местен самопридонес, за развивање на братството и единството у косово или Санџак...
Аааа у мојто село наприле водовод со месен самопридонес... требало да има бунари пумпи и филтер станица... Арно ама нешто парите “не стигнале“ па закачиле водоводо господата инџинери директно од реката у чешмата...

Одмори, летувања, бенефиции имало е за некој.. .ама не за сите.... Селските деца са собирани од нивите, полиција е доваѓала у селата со учителите да ги носат на ударнички акции... Оти оди објасни на простите селани как ќе му го земеш детенцето и ќе го носеш негде да работе ангарија, коа може дома да работе... Оди објасни на мојо оти било арно, коа е пораснал у самар, и коа тргнал гимназија видел кондури за прв пат у живото...

Баба викаше ак си сплетеш и исткааш платно, ќе си сошиеш кошула и гаќи... Ако не, ќе немаш....

Или кога идел големио и обожаван преседател, татко ми требало да седе дома оти двујцата му дедовци биле од неповолните на системо...Не дај боже едно дете да земе да дигне атенат на сонцето на Југославија (за референца... тито је наше сунце, 1979 роденден)...

А за словенците шо се отцепиле... и јас ќе се отцепам ако носам 1/4 од БДП, а сам 1/10ина од популацијата... не сам улав да ја делам баницата со мрзлаците на југ...

А за откупите и земјоделското производство... тава е друга тема... Татко ми киснал по пазари по тава време.. Јас сам киснал по пазари у оваа време...

А за 4та воена сила у свето.... 3 месеца се матка ЈНА у Вуковар против 1500 човека.... :)
јас кажувам за период 70 десети па до распдот на СФРЈ. процесот на национализација и конфискација на имоти се случил одма по војната. И јас мислам дека не се направил најдобро пошто бие одземени и од луѓе кои навистина ги спечалиле работите со труд и на оние кои дошле преку мака и грб на други.
Словенците ко се отцепиле виделе мака и тоа голема пошто од една монополистичка република со население од милион ипол на пазар од 20 милиони се нашле како треторазредна економија среде европска унија. Фруктал, Искра, Горенје... тие се уште си го бараат пазарот овде низ балканот не во европа. Нивните производи и инвестиции се на балканот не во Германија. Тие имаа највисоки плати во рамки на СФРЈ и најдобро живееа, купуваа коли од странство, одеа на скијања во австрија, беа со сите погодности на едно социјалистичко општество но со капиталистички плати. Најголема носталгија за СФРЈ е баш меѓу словенците. Белград е посетувам многу од организирани групи на словенци кои обавезно го посетуваат гробот на Тито, и кажуваат како и кај нив сега е економска несигурност, социјална несигурност и како и кај нив се сведоци на голема класна поделеност и сиромаштија кај дел од граѓаните.
Економската сила на словенија се базираше на тоа што државата обезбеди само нивните производи да бидат продавани на пазар од 20 милиони. Со високи царини и давачки во СФРЈ се продаваше најповеќе СФРЈ роба. речиси гарантирано беше продажбата на Горење, фруктал, ЕИ НИШ ...... не мораа да се замараат со конкуренции, новитети, маркетинзи. Во 1989 кога анте марковиќ ги отвори границите на СФРЈ за увоз во иста продавница имаше мало едноставно елевизорче од горење кое кошташе (во евра ) 600 и до него похголем Голд Стар со многу повеќе опции за 300. Фруктал сок од 0,75литри од ресенска праска кошташе 1,75 марки.. а до него увоз од австрија литар густи коктел од јужно овошје 1,25 марки. Тогаш словенците се побунија за системот плус дојде до бојкот на словенечка роба во Србија и памтам интервју мислам директор на Палома беше кој рече дека словенија е џин на стаклени нозе и дека 2-3 месеци увоз на друга роба и бојкот на србија ја доведоа до пропаст словенечката економија, прашан зошто не се орјентирате на западен пазар, австрија, германија... рече, не сме конкурентни таму ни со цена ни со квалитет.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Тоа дали сега или во Југославија подобро се живеело секој различно го толкува. Ија би рекол дека повеќето би рекле дека во Југославија ама не било за некого и тогаш толку сјајно само што од далечна перспектива некој работи се забораваат и плус сегашнава ситуација која е тешко до некој вид го полачува тој поглед.
Е сега тоа што тогаш се живеело подобро не се должи на системот туку на други работи. До 70тите да речеме Југославија се издигнала пошто после војната била уништена како и други држави во Европа. Ќе дадам пример источна и западна Германија кој на почеток слично се развиваа ама дека исто од 0 почнале но со тек на време системските разлики и дадоа резултати на виделина во вид дека западот побрзо се развивал. Читајте литература, првите економски кризи, мали но сепак, почнуваат уште во 60тите. Далеку од тоа што Југославија беше слаба економија но не беше воопшто ефикасна како што е во капиталистички земји, пошто таму нели таквите фирме банкротираат. Југославија до некаде се ослободи од невработените пуштувајќи ги во запад на печалба. Да им било толку добро тие луѓе не би оделе на запад по работа. За Југославија тоа беше вин-вин ситуација. Помалку невработени, повеќе девизи ем фалеќи се како социалистичка држава кој им дава права на народот за разлика од другите социалистички земји во Европа. Плус тука оди долгата воена служба, ама и работните акции каде што народот работи без пари не се за подценувајне за државата. Да се вратам на темата: Од овие причини и од кредитите и на крај заштедите од дијаспората, Југославија толку издража од економски аспект. Можеше да се реформира но само со повеќе давачки на државата и со кратејне на бенефициите за луѓето и поефикасно работејне на фирмите, значи да воведе пазарно-економски реформи.

А тоа што сега во Македонија се живее лошо е поради тоа што Македонија не е ни социалистичка земја ко Југославија па и не е капиталистичка како западниве земји, нешто е меѓу, башибозик со елементи од двата система. А дека може една социалистичка земја да се трансформира во капиталистичка се гледа на пример во Полска, Чешка па и Словенија. Во многу сегменти наликуваме уште на социалистичка земја, државата е главен играч во економијата и ствара лоши последици.
Немој да забораваш дека голема држава може подобро да ги штити своите интереси.СФРЈ доста добро ја користела геополитичката ситуација,блоковската поделба,во тоа време.
Политиката "ни ваму,ни таму",во пракса била "и ваму, и таму".
И на двата блока им одговарало да има таква земја,слично како што било со Швајцарија за време на втората светска војна.

Долгот на СФРЈ пред распаѓањето бил ~12 милијарди $,a девизните резерви ~9 милијарди $,што и не е така лошо како што се мисли.
СФРЈ е единствена социјалистичка земја што има користено западни фондови во вид на "неповратни кредити" за развој на мали и средни претпријатија.За западните фирми најефтин начин да ги пласираат своите брендови на Југословенскиот пазар (да ги избегнат високите царини),било преку продажба на лиценци на домашни фирми.
Градежните фирми имаат многу работено по Русија и блискиот исток,што најверојатно било политички издејствувано -не дека не биле квалитетни,далеку од тоа,ама знаеме како се добиват државни тендери.

На истата финта,со користење на блоковката поделба,работеше и онаа фирмана од каде што испаднаа Ристо Гуштеров и Трифун Костовски,кои за многу кратко време после распадот на СФРЈ работење на истата работа за себе станаа едни од најбогатите луѓе во Македонија.

За тоа последното си потполно во право,само без делот -давачки за државата.
Во тој систем нема потреба од тоа,пошто дел од профитот што го остварува фирмата секако го зема државата и го распределува.
СФРЈ тие реформи не ги направи,требаше да ги направиме ние кога се осамостоивме,арно ама ние им ебавме мајката на фабриките..
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.920
Поени од реакции
8.516
СФРЈ тие реформи не ги направи,требаше да ги направиме ние кога се осамостоивме,арно ама ние им ебавме мајката на фабриките..
Кои црни фабрики, кога фабриките со влезот на западните стоки и колапсот на источните плански економии се претворија во фабрики со апарати тип старо железо?

Единствено нешто што вредело на фабриките биле празните хали, службените застави, канцелариите...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.540
Поени од реакции
22.204

Сега видов дека не требаше да биде со повеќе давачки туку со помалце, во право си за тоа. Иначе тоа беше и тактика со третиот блок, Југославија беше важна земја и со тоа користеше ем од САД ем од Совјетскиот сојуз иако со тек на време западот изгуби интерес во Југославија па се помалце пари идеја од тука. Како и да е, тој систем опстојуваше со туѓи пари, државата вештачки држеше стандарт кој реално не можеше да го плати. И да не се распаднеше Југославија ќе имаше кратејне на све за да се намали дефицитот.
 
Истото се дешава со Грција во моментов и со целата европска унија, југословенското сценарио се повторува и денес, само што Германија ќе биде во улогата на Словенија...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.540
Поени од реакции
22.204
Истото се дешава со Грција во моментов и со целата европска унија, југословенското сценарио се повторува и денес, само што Германија ќе биде во улогата на Словенија...
Не мисли дека Германија нема социалистички политики во неа, напротив. Јас сум за социална држава и све ама западноевропскиве држави направија системи кој на долгорочен план не се издржливи, како што викаш убаво Грција па и наликува на југословенско сценарио. Не викам дека државата не треба да има некој удел во економските политики но на пример во Македонија државата со својте политики и прави штета на приватниот сектор.
Исто така Кејнзијанисмот само во теорија функционира, демек, ако си во криза со фрлајне пари ќе ја опрајш а не сфакаат дека тоа се циклуси и следната криза пак иде. Конзервативна политика на трошејне поред мене е многу битна иначе не ни бега банкрот кој им се заканува на многу Европски земји.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Кои црни фабрики, кога фабриките со влезот на западните стоки и колапсот на источните плански економии се претворија во фабрики со апарати тип старо железо?

Единствено нешто што вредело на фабриките биле празните хали, службените застави, канцелариите...
Па не е баш така.После осамостојувањето имавме фабрики што технолошки не заостануваа зад западно-европските.Порцеланка извезуваше плочки во Италија и Шпанија,проблемот е што имаше превработеност, не во технолошката застареност.
Алумина работеше насекаде по светот,имаа и своја фабрика (100% сопственост) за стакло во Англија.Кај нив мислам дека немаше превработеност,или беше занемарлива пошто беа доста профитабилни.Нив ги уништија "комунистите" кои преку ноќ се преобратија во "капиталисти".Имаше случај само од еден проект,изградба на 3 згради во Катар,две да стават во џеб :(
Благој Ѓорев и денес работи со истата технологија како и пред 20 години а во меѓувреме тројца директори + нивните банди се обогатија од таа фабрика.

За овие знам,затоа и нив ги спомнувам,сигурно има и други
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.920
Поени од реакции
8.516
ј
Економската сила на словенија се базираше на тоа што државата обезбеди само нивните производи да бидат продавани на пазар од 20 милиони.
Лет 3, денес словенците продолжуваат да се држат и носат со пазарите на европската унија, конкретно вредноста на Горење се повеќе и повеќе се зголемува и инвестициите напротив не се само на балканот.

Горење го купи чешкиот бренд за кујнски производи Мора Моравија
Скоро отвори нови фабрики во Србија
Горење во 2008 го купи најпродаваниот холандски бренд за бела техника ATAG
Пред две години го купи и шведскиот бренд за апарати за домаќинството Asko

Навистина Лет овие словенциве се за жалење после распадот на СФРЈ
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:36 ---
Па не е баш така.После осамостојувањето имавме фабрики што технолошки не заостануваа зад западно-европските.Порцеланка извезуваше плочки во Италија и Шпанија,проблемот е што имаше превработеност, не во технолошката застареност.
Алумина работеше насекаде по светот,имаа и своја фабрика (100% сопственост) за стакло во Англија.Кај нив мислам дека немаше превработеност,или беше занемарлива пошто беа доста профитабилни.Нив ги уништија "комунистите" кои преку ноќ се преобратија во "капиталисти".Имаше случај само од еден проект,изградба на 3 згради во Катар,две да стават во џеб :(
Благој Ѓорев и денес работи со истата технологија како и пред 20 години а во меѓувреме тројца директори + нивните банди се обогатија од таа фабрика.

За овие знам,затоа и нив ги спомнувам,сигурно има и други
Зошто порцеланка беше превработена? Затоа што за нивните машини беа потребни повеќе луѓе бидекќи технолошки заостануваше со западот кој произведуваше поквалитетен призвод со прецизна роботика која ќе замени 50 работници на порцеланка. И кога плочката на порцелака (која е правена рачно и непрецизно а со тоа и многу "непогодени" продукти) ќе се конкурира со германски проиводител да речеме каде све е роботика, прецизно и нема мрдање, на крај излегуваат производите на поцеланка скапи (пошто многу работници има и повеќе струја троши големата машина за поизводство) во споредба со немачкиот производ.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:44 ---
Па не е баш така.После осамостојувањето имавме фабрики што технолошки
И застава произведуваше Југо Флорида технолошки демек не изостанува али

Еве ја производствената линија на БМВ на пример, да гледаш човек тука случајно?

А да беше застава ќе видиш најмалку 50 души како се мотаат ко муви без глави и на крај пак нема да ја зглобат како што треба.

Сума сумарум, БМВто е поевтино да се произведе од заставата и е поквалитетно светлосни години напред!

Ете ти ја превработеноста на порцеланка..
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Лет 3, денес словенците продолжуваат да се држат и носат со пазарите на европската унија, конкретно вредноста на Горење се повеќе и повеќе се зголемува и инвестициите напротив не се само на балканот.

Горење го купи чешкиот бренд за кујнски производи Мора Моравија
Скоро отвори нови фабрики во Србија
Горење во 2008 го купи најпродаваниот холандски бренд за бела техника ATAG
Пред две години го купи и шведскиот бренд за апарати за домаќинството Asko

Навистина Лет овие словенциве се за жалење после распадот на СФРЈ
--- надополнето: 2 септември 2012 во 02:36 ---

Зошто порцеланка беше превработена? Затоа што за нивните машини беа потребни повеќе луѓе бидекќи технолошки заостануваше со западот кој произведуваше поквалитетен призвод со прецизна роботика која ќе замени 50 работници на порцеланка. И кога плочката на порцелака (која е правена рачно и непрецизно а со тоа и многу "непогодени" продукти) ќе се конкурира со германски проиводител да речеме каде све е роботика, прецизно и нема мрдање, на крај излегуваат производите на поцеланка скапи (пошто многу работници има и повеќе струја троши големата машина за поизводство) во споредба со немачкиот производ.
Не бе друже,поради социјалистичкиот систем е таа превработеност,која ја имаше речиси во сите фабрики.Можеше таа фабрика да опстане е сега немаше да работат 4000 луѓе ќе работеа многу помалку ама и тоа е подобро одколку да се искраде што може да се искраде и да се затвори.

Имаше и фабрики кои беа технолошки застарени ама имаше и такви кои не беа и кои со мало прилагодување можеа да опстанат.
Превработеност имало низ цела СФРЈ,па и во Словенија ама најголемиот дел од нивните фабрики се прилагодија на новонастанатите услови,а ние најголемиот дел ги затворивме.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.540
Поени од реакции
22.204
Не бе друже,поради социјалистичкиот систем е таа превработеност,која ја имаше речиси во сите фабрики.Можеше таа фабрика да опстане е сега немаше да работат 4000 луѓе ќе работеа многу помалку ама и тоа е подобро одколку да се искраде што може да се искраде и да се затвори.

Имаше и фабрики кои беа технолошки застарени ама имаше и такви кои не беа и кои со мало прилагодување можеа да опстанат.
Превработеност имало низ цела СФРЈ,па и во Словенија ама најголемиот дел од нивните фабрики се прилагодија на новонастанатите услови,а ние најголемиот дел ги затворивме.
Баш и тоа е финтата, јасно дека вработените ќе се намалат но на долгорочен план, таа фирма ако успее нормално е да и расте производсвото, ќе има повеќе побарувачка па пак ќе расте вработеноста во таа фирма. Е сега на почеток мора да се намали да работи профитабилно.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.920
Поени од реакции
8.516
Не бе друже,поради социјалистичкиот систем е таа превработеност,која ја имаше речиси во сите фабрики.Можеше таа фабрика да опстане е сега немаше да работат 4000 луѓе ќе работеа многу помалку ама и тоа е подобро одколку да се искраде што може да се искраде и да се затвори.

Имаше и фабрики кои беа технолошки застарени ама имаше и такви кои не беа и кои со мало прилагодување можеа да опстанат.
Превработеност имало низ цела СФРЈ,па и во Словенија ама најголемиот дел од нивните фабрики се прилагодија на новонастанатите услови,а ние најголемиот дел ги затворивме.
Прилагодувањето се состоеше во инвестирање на странски инвеститор кој треба да купи нови машини топ тан за да живне фабриката, најчесто инвестирањето го кошташе повеќе отколку самата фабрика ама тоа е друго, битно на големите играчи им беше навреме да ги купат фабриките а со тоа и пазарите ( брендови) за да не би во иднина дозволиле конкуренција били од малите социјалистички фирми било од нивните лути ривали, то е то.

Епа социјалистичкиот систем сам се сјеба со немањето желба да инвестира во нови технологии точно заради опасноста луѓето да останат на улица, затоа и беше таков затворен и непропустлив за западните стоки! Али кога анте марковиќ ја отвори гранизата за западните стоки, почело је то што је почело...чорба.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.540
Поени од реакции
22.204
...

Епа социјалистичкиот систем сам се сјеба со немањето желба да инвестира во нови технологии точно заради опасноста луѓето да останат на улица, затоа и беше таков затворен и непропустлив за западните стоки! ....
Тука е најголема слабост на тој систем, немаш мотив да инвестираш и да измислиш нешто ново, некоја иновација. Затоа во социалистичките земји колите до 1990 изгледаа како тие првите што ги направиле, зборувам за Југославија, Чешка, Источна Германија, Совјетскиот сојуз...а за разлика од тоа западните коли личеа на авиони во споредба на тие што ги спомнав. Истото важит и за секој друг производ.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Лет 3, денес словенците продолжуваат да се држат и носат со пазарите на европската унија, конкретно вредноста на Горење се повеќе и повеќе се зголемува и инвестициите напротив не се само на балканот.

Горење го купи чешкиот бренд за кујнски производи Мора Моравија
Скоро отвори нови фабрики во Србија
Горење во 2008 го купи најпродаваниот холандски бренд за бела техника ATAG
Пред две години го купи и шведскиот бренд за апарати за домаќинството Asko

Навистина Лет овие словенциве се за жалење после распадот на СФРЈ
Словенечката реалност е многу полоша.
На полеток на август Мудис го намали кредитниот рејтинг на словенија за 3 степени, и на словенија и требаат сега 8-12 милијарди евра за спасување на банките и банкарскиот систем во земјата. Задолженоста на словенија од ко стана членка на ЕУ е се поголема така да имаме по години

2000 - 6,2 милијарди долари (мд)
2003 - 11,3 мд
2004 - 14,6 мд
2007 - 40,4 мд
2008 - 53,3 мд
2011 - 61 мд

Невработеноста порасна од 7,5% во 1997 на 11,8% во 2011

надворешнотрговски дефицит порасна од 650 милиони долари во 1999 до 2 милијарди долари 2009

во 2001 година Словенија има суфицит со трговија со бивши ЈУ републики од околу милијарда долари, значи извоз и продажба на овие простори додека истовремено има дефицит од милијарда долари со трговија со ЕУ

Лани храната поскапе 4,1% а енергијата 7,6%, во 2008 година БДП на словенија изнесуваше 91% од европскиот просек а во 2011 падна на 84%.

Значи имаме се поголемо задолжување, пад на кредитен рејтинг, криза во банките, зголемена невработеност, зголемени цени, намален БДП зголемен дефицит.... јас не би рекол дека на словенија баш убо му оди
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Прилагодувањето се состоеше во инвестирање на странски инвеститор кој треба да купи нови машини топ тан за да живне фабриката, најчесто инвестирањето го кошташе повеќе отколку самата фабрика ама тоа е друго, битно на големите играчи им беше навреме да ги купат фабриките а со тоа и пазарите ( брендови) за да не би во иднина дозволиле конкуренција били од малите социјалистички фирми било од нивните лути ривали, то е то.

Епа социјалистичкиот систем сам се сјеба со немањето желба да инвестира во нови технологии точно заради опасноста луѓето да останат на улица, затоа и беше таков затворен и непропустлив за западните стоки! Али кога анте марковиќ ја отвори гранизата за западните стоки, почело је то што је почело...чорба.
Не беше проблемот во технолошката заостанатост,имаше фабрики кои не заостануваа,големите/странските играчи и да сакаа не можеа да дојдат до тие фабрики поради локалните играчи кои гледаа колку што е можно повеќе да лапнат -зборувам за периодот после осамостојувањето на Македонија.

Ептен ќе забегаме оф-топик ако ја расталкаме таа работа
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не, не, чекај сине, чекај не може со ваков аргумент да се настапува, кога не може на религија, нече мочи и тука. Јас освен тресење зелени тука никој нe ми образложи функционалност на СФРЈ. Како тоа не е битно, што е ова циганска дискусија живеј од денес за утре? Не, не, јас сакам сликички, википедии, академски трудови ќе се најде јунак рационално да одбрани или не. Ајде Дибек, не се криј одбрани си го ставот образложи им на дечкиве како Лет 3 ме надаргументирал, не туку бегај сега од дискусија. Ајде цеп-кај се-га сло-го-ви бе брат. Објасни им на пилиштарците кој е газда оти тонат комарадите твоие со ставовиве во патетика и хумор. Одбрани ја СФРЈ од копиљациве.
Значи кон сите го употребуваш истиот стил на чистење терен после тебе, јас мислев дека сум посебна во тој однос од тебе :) Демек видовит си што ќе каже другата страна па у старт го намалуваш значењето на неговиот пост. Дибек нема да се лути, јас ќе го заменам на темава.
Југославија економски треба да се гледа во два периода, првиот од 1945-1980 и вториот 1980 - 1991. Фактички се дели со владеењето наТито и после Тито.
Факт во оваа дискусија кој не смеете да го заборавите е студената војна, која започнува после Втората Светска Војна. Значи блоковско движење на економијата и забрани од СССР и САД. Чим во време на кодошење на технологија, техники и забрани си овозможил стапки на раст на Југославија од 6,1% проценти, тогаш навистина треба да ти се честита.
Во Југославија во првата фаза се случува национализација, одземање на имотите и ставање на „цел народ“. Концепт кој од денешен агол е невозможен како резултат на приватната сопственост иако тврдам дека национализација треба да ни се случи денес, за да може да се врати целиот искарден имот од народот во период од 1991-2012. Така големите олигарси ќе исчезнат како дим. Економски податоци од тој период има многу малку и претежно е во литература за факултет „Применета Економија“. Бидејќи во моментов ја немам книгата во раце од она што го знам за овој период е дека оваа литература е надуена до степен во Југославија било совршено, но кога ќе се стави впечатокот дека професорот ми имаше 80 години кога отиде во пензија, верувам дека не бил реален.
Од оние податоци со кој можам да го потврдам фактот дека во Југославија подобро се живеело одколку денес е Бруто домашниот производ по жител показател кој ја покажува благостостојбата на населението. Така во 1980 година пер капита 11949 за во 1990 да падне на 10891. И нормално денес овој показател за Македонија е 5012 (во долари е изразено).
Значи при распадот на Југославија кога веќе се случува економксиот колапс народот во Југославија живее дупло подобро од денес, а од тогаш до денес се поминати 30 години. Животниот стандард е опаднат на половина. Не го заборавајте фактот дека во 1980 Југославија се наоѓа во почетна фаза на распад и живее најлошо. Нема податоци, а би било добро да се види во цутот на Југословенската економија каков пер капита имале. Според мои проценки имало 4 пати повеќе од денес, ако веќе во 1980 имаме дупло. 6,1% е БДП во 1960 година. За во 1990 да падне на -6.3% А и како да нема да бидат овие бројки кога целиот развој се темелел на тешка црна и обоена металургија со 50% индустрија, 20% земјоделие и 30 % услуги. Преведено, индустријата извезувала, земјоделието прехранувало, извозот со увозот биле речиси изедначени во 60те години, значи дури нема ни податог за дефицит и да имало тој бил од 0 до 0,1%. Тито извезувал и во СССР и во САД, она за кое треба да му се честита е неговата вртлива политика која носела добар живот. Плус имале секаква индустрија, така станбените капацитети се градени од самите фабрики, а потоа се продавани на вработените за некои смешни суми. Така моите комшии сеуште исплаќаат рата за станот од некои си 300 денари месечно. Денес можеш само да сонуваш или да си го тагнеш гзот во купи куќа купи стан :) Здравство бесплатно, хотелите биле државни и работниците плаќале симболични суми. Пример Топилница имаше кампови во Бечичи (Црна Гора), Хотел Дрим Струга, Хотел Врановци, автокампови АС, Ливадиште, Паралија и ако пропуштив некој нека дополни. Секоја голема фабрика имаше менза, тушеви и одмори за децата, да не заборавам и пакетчиња за нова година, помош при смрт на некој во фамилија, стан. Е од тоа повеќе незнам кој би посакал. Платата се трошеше исклучиво за шетање и одмори, коли и скари. За се имаше.
А не сега еден одмор бил луксуз...
И така Суси, тогаш подобро живееле и низ бројки. Денес нечини животот, тогаш убаво им било.
И уште еднаш да потврдам економски неиздржлив систем и луди политичари у комбинација носи крах.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom