Пак ќе кажам непотребно, воглавно ќе грее клупа, додека Лас го имавме и како десен бек...
Хм, ако е за тоа не е проблем пошто Муруњо го фураше Есиен како десен бек у Челзи принудно.
Да направам сума сумарум на пазаров.
Oва е одлична зделка од бизнис аспект. Анжи понудиле 10 милиони евра (ко што се последниве информации), a на Ласс ова му беше
последна сезона од договорот, значи догодина ќе си одеше безпари.
Е сеа, Лассана беше универзална замена, но постојано играше топло-ладно, т.е. подобро кажано, една утакмица добра - пет лоши. Заминува одличен играч, кој ме нервираше последниве 2-3 лета со постојаните жалења за одење.
Сигурно не би тргнале кон Есиен доколку Анжи не пратиле понуда за Ласс.
Есиен е ризик. Долго време беше повреден, вон играчка форма е. Но тој не доаѓа тука да биде првотимец, туку замена за Кедира. Како таков мислам дека ќе биде добар, бар толку добар колку што добра замена е Кака за Озил.
Инаку Есиен под водство на Мурињо беше ѕвер! Најдобриот на неговата позиција! Зашто да не го изваду Мур максимумот од него и сеа...
Реков, од финансиски аспект, добар бизнис. Гранеро 10, Ласс 10 ете ти повеќе од пола за парите за Модриќ.
Е сеа, лошо е што трансферите се десија многу касно, после почетокот на сезоната, па тука може да има проблеми.
Исто така, според мене е лошо што во тимот остануваат „незадоволни“ играчи: Кака и Карваљо.
Карваљо е ко Ласс минативе две сезони, без тренинг со тимот и на крај никаде не оди. Според неговите години мислам дека требаше да си оди.
Кака да го имаш за замена е премија! Но по се ова што се изнадеси, незнам дали ќе игра бар како што играше лани. Сепак, и после се, сакам он да го даде максимумот и да игра добро!
Двајца заминаа, двајца дојдоа, покриеноста на позициите е идеална освен на десен бек. Пак ќе го гледаме спартанецот како се влече, али то е, неможе да е се совршено!
Не чека напорна сезона, но одиме до крај, и кон LaDecima!!!