Фан Клуб: Реал Мадрид

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.904
Поени од реакции
30.838
Ако го земал за десен бек арно, ако го земал за замена како ДМ и тоа арно. Повеќе ми е криво шо не земавме десен бек од колку тоа шо Лас ќе си иде. Не знам шо им е на управата али десен бек беше "must" овој трансфер период, да не испадне како лани сите по Арбелоа да крекаат.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Абе арно читам или сум ептен у моментво...????

Кој му к*р бизнис на Мурињо не ми е јасно. При ваков Кедира, ти го земаш Есиен а очајно ни треба десен бек...аман бе аман!!

А ако го смета за десен бек, тогаш океј. Мада и Лас можепе да игра бек.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
nope, ова е сериозно и Кадена и Скај Спортс известија. Анжи испратиле понуда и за Кака, но Кака ја одбил.
Абе испаѓав од дома и набрзина проверив немаше ништо посериозно.. Знаеш како е, треба да помине подолго време додека стигне веста преку океанот. :D

Есиен а.. Мурињо да ми кажеше дека ќе купиме играч во 5 до 12, немаше да му поверувам, пошто ретко се дешавало тоа кај нас, освен да продадеме, како ВДВ пред неколку години.

За Есиен што да се каже, најдобар на неговата позиција кога беше под палката на Мурињо, го снема во последно време ради повреди. Ништо не губиме, колку и да е лош не може да биде полош од Лас, башка и е многу поинтелегентен играч од него, знае и да повлече топка напред, не е баш ист профил играч како Лас. А дај боже ако си врати едно 70% од формата која ја имаше пред некое време, Иниеста и Чави ќе ги пика в џеб. А не се сомневам во тоа затоа што тој човек што го имаме на клупа го знае како дише и ќе направи се за да го искористи максимумот од него. Јасно беше дека ако си замине Лас, мораше да се донесе некоја таква црнчуга како него која ќе рине на терен, само што како што кажав погоре, Есиен има многу пофудбалско нешто во него отколку Лас.
 

Vaseeee

Мадридиста!
Член од
24 мај 2008
Мислења
164
Поени од реакции
57
Малце искрено.. Ласана Диара кога заградуваше топка заградена беше.. Кога освојуваше топка све чисто.. Ама имаше и он почести Пабло моменти, онака ради реда да добие црвен картон, или јавно да направи испад некој.. А Есиен ко Есиен, настрана повредиве, баш она лав. Цело време се бори, има далеку повеќе желба од Лас, но за мене помалце контрола врз топка.. Надополнува со снага, со кондиција, tireless midfielder. Идеална замена за Кедира.. ништо повеќе. Како и да е, ако го планира како десен бек, backup, ок, супер, нема да му серат сите на Арбелоа.

Како и да е, прв пат по долго време во плус да сме во летниот трансфер период, добивме еден екстра играч во Лука, и еден заборавен звер.. Си отиде Лас, и то је то.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Добар трансфер период.
Есиен е одлична замена за Озил.
Модриќ е одлична замена за Роналдо плус може да биде бекап за Игуиан и Бензема.
Штета не купија десен бек иначе ќе имавме 20гола плус оваа сезона што по асистенции од десниот бек што од неговиот голскоринг ефект.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Би сакал повеќе Варан да биде форсиран. Само со играње ќе се здобие со искуство.
Има голем потенцијал детето али само со тренинзи не се станува првотимец у Реал:mad:
--- надополнето: 1 септември 2012 во 09:43 ---
Очигледно само Мур го цени трудот и целата желба на Арбелоа :)
Или е ова или е мојот пост неколку страни поназад.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе одбраната е гола вода, не дека Пепе е кој знае што ама со него сме посигурни, не дај боже да го нема еден натпревар со кого и да игра Рамос во тандем тоа е катастрофален ден за нас. :(
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Или го планира за десен бек или пак за стопер а Рамос да иде десно. :)
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Или го планира за десен бек или пак за стопер а Рамос да иде десно. :)
Нема да ги растури Рамос и Пепе како стопери додека се живи.

Иначе кажав дека се шпекулира за големо име како засилување, Есиен беше, штета што е паднат во форма али ако не го среди Мурињо нема кој.
Не го жалете Лас, повеќе добиваме со неговото напуштање на Реал отколку губиток. На пола сезона го немаше ни како замена а не пак за друго нешто.
Идеални замени за Кедира и Чаби во средината се Есиен и Модриќ, исто како да не губиме ништо доколку Есиен си ја поврати формата. Исто така Модриќ ќе го надополнува и Озил, тука е и Кака на мое големо изненадување бидејќи бев сигурен дека ќе ја кидне.
Не појдоа по десен бек изгледа заради Карвахал, ќе чекаат да му го видат напредокот па тогаш ќе се мисли.
Горе - доле супер трансфер лето. Арбелоа барем е добар во дефанзивата ако не друго. То је то народе, оваа сезона ќе се види кој е кој. Нека ни е со среќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom