Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
не сакате име на улица да биде албанско, а само се оправдувате дека не сакате албанци кои убиле македонци.....ОНА била организација која се борела против институциите, а не против населението, ако има колатерална штета тоа не дава право да ја дескредитираш целат организација, ако умреле војници, тоа им е работа, да умрат за некој друг да живее, секој војник знае дека шансите за смрт му се поголеми чим одбрал таква професија...........
ОНА го променил уставот кој ја насочеше Македонија кон пропаст.......(Србија на пример)
Вие велите дека ОНА сакаше територии, тогаш зошто не се подели Македонија, а знаеме кој трчаше по мапи со академици за да ај поделат земјава........
Заради ОНА денеска уште Македонија постои како држава...... ако ќе се поделеше, Македонија ќе останаше премногу мала за да опстане, и тогаш ќе мораше да се обедини или со Србија или со Бугарија, е тогаш навистина ќе имаше македонци........
Сакале или не да признаете, но реалноста е таква.........
Александар Македонски не бил научник, ниту хуманист, туку бил УБИЕЦ........
зошто него го величите?????????????затоа што не убил македонци туку други????затоа што одамн а убил?????????

Во Албанија не живеат 25% македонци................
1.Еве избор со имиња на Албанци/ки, верувам мнозинство Македонци би се согласиле...
Борци во 2 Светска Војна
Ибе Паликуќа / Ibe Palikuqi (борец во НОВ од Дебар, народен херој)

Лиман Каба / Liman Kaba (борец во НОВ од Дебар, народен херој)
Бајрам Шабани / Bajram Shabani (борец во НОВ од Липково, народен херој)
Ајредин Мемеди, Инает Кондри и други (борци во НОВ од Струга, првиот претседател на Сојуз на Борци во Струга)
Еве и од 2001-ва
Исак Руфати / Isak Rrufati (војник на АРМ во 2001)
Фејзо Џеладиновски / Fejzo Xheladinovski (војник на АРМ во 2001)
Фикри Елмази / Fikri Elmazi (полицаец на МВР во 2001)
Овие луѓе ќе бидат опфатени и со Законот за посебни права на бранителите.
Хумани луѓе
Сами Нуредини / Sami Nuredini (пред 2 години спаси жена од давење во Вардар, доби награди од Тинекс и вработување + личност на годината на Град Скопје или така нешто)

Спортисти
Шабан Трстена / Shaban Tërstena
Артим Шаќири / Artim Shaqiri


2.ОНА го промени уставот кој Македонија ја затера во правец пропаст.

3.Ако она тогаш не сакала поделба на Македонија, зошто во продолжение велиш дека заради ОНА Македонија уште постоела како држава, значи најверојатно сакала ама се воздржала (ги воздржале)...за поделби постоеја и поддржувачи ‘македонци‘ како тој со дијагноза слична или иста на Ахмети, а верувам и дека исти сили стоеле зад двајцата сеедно.Битно е дека македонскиот народ е контра.

Во опуштен муабет за овие работи со извесен ајде Адем да го наречам, Адем рече :
- ништо не ми е сменето, уште сум на исто работно место и со истиот или полош стандард;
- уште во пасошот и ЛК ми е напишано државјанство на Република Македонија и сум воден како Македонец настрана, само латиничното leternjoftim или pasaportë;
- уште јавно и по дома зборувам на мајчин јазик без проблем и насекаде на македонски со Македонци, турски со Турци и англиски со други луѓе;
- уште ме дупчат и ме прат будала истите политичари како и многу други овде;
- уште не сум завршил во полиција пошто не пробав заработка по кратка постапка;
- уште истите ситуации по локални и државни институции, ако имам врски ќе завршам со време работа, ако не ќе се мафтам 2 недели по шалтери....
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.177
Едно е јасно. Македонија ќе цутеше и ќе беше пред сите на Балканов да не беа шипоњиве, шо не држат 50 години назад од сите.

Nazad si zaradi tvoite politi;ari, koi ja kradea ova dr\ava.....
(ne znam kolku pati go spomnav ova)
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
133
Поени од реакции
73
Пратениците од Ставревски си побараа повеќе пари за догодина

  • Објавено: пред 1 час
  • Прочитано: 265
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!

Буџетскиот совет на Собранието одлучи да испрати барање до Министерството за финансии за предлог-буџет кој е за цели 61,5 отсто поголем од оној што на пратениците им е на располагање за тековнава година, по последниот ребаланс. Вкупната сума што пратениците ја бараат за 2013 година изнесува 17,6 милиони евра, а буџетот што сега го трошат, по ребалансот од почетокот на јуни им се сведе на 11,4 милиони, иако првично беа одобрени 13,3 милиони евра, објави „Капитал“.
Најголем дел од парите што ќе ги побараат, 9,5 милиони евра, што е за 30 отсто повеќе од годинава, се предвидени за редовни активности на Собранието, од кои, пак, најмногу ќе се потрошат за плати на пратениците и на останатите вработени во законодавниот дом, дури 4,6 милиони евра. Од парите за редовни активности 3,9 милиони евра изнесуваат предвидените трошоци за стоки и услуги.
Втората најскапа ставка од предлог-буџетското барање на Собранието за 2013 година е доизградбата на собраниската зграда, проектот треба да финишира до крајот на следната година, за што се планирани 7,4 милиони евра.
Сепак, раководителката на секторот за финанисии во парламентот, Богданка Поповска, оцени дека побараниот буџет за 2013 година се базира на „навистина реални потреби“.
И опозицијата се сложи дека 17,6 милиони евра изнесува реалната потреба од пари на Собранието, но нејзините пратеници својата поддршка ја условија со барањето на доследност од колегите од владејачкото мнозинство, да го бранат тоа што го договориле во парламентот.
Пратениците на опозицијата бидејќи не ја добија гаранцијата што ја побараа од колегите од власта на крајот гласаа воздржано, но доволна беше поддршката од мнозинството за предлог-буџетското барање сепак да се адресира до Министерството за финансии.


Секогаш се сложни за вакви работи!!!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Овие се ненормални...:pos:

Јас не знам зашо уствари се чудиме, поскапе струја, бензин, парно, нормално дека ќе си бараат покачување... Иначе кутрите немаат пари да си ги платат сметките...:icon_lol:
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
146
Поени од реакции
15
Ма државава е за да ни мавнат една нуклеарка и ништо да не остане, како може бе градоначалник да си менува имиња на школи без никаков абер, претпоставувам кога се мрсни ВМРО ќе си молчат и ќе го пу*ат, ја продадоа цела држава сега кој што сака тоа си прави, и тоа само за на власт да се. Додека Бранко и Никола ни ја кројат политиката ништо не бидува, какви само глупости се случуваат во последно време.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.177
Сега биди реален со бомба не се брани туку се напаѓа а таа бомба да експлодираше минимум 5 мртви ќе имаше а од шрапнелите кој знае колку повредени-Камери потврдија бомба,. пиштол-зарем мислиш дека онака од шала ќе ги убијат-дај те молам не биди селективен.

Син не син ти кажав а и ти сам напиша-има луѓе кои сакаа војната да продолжи и да се прошири-ПО секоја цена.



Сега ќе се потрудам да ти го објаснам овој дел најдобро што можам:

Како прво Ако Летоците не биле прочитани(иако беа на Албански) имаше Аудио повик значи звучен повик, понатаму преку радио исто така и преку ТВ-АРМ им кажа по која рута да се движат и се евакуираа знам добро со трактори на нив се гледаат жени деца,мажи старци-значи имаше евакуација а тие што останаа не останаа по СВОЈА ВОЛЈА-туку ОНА не им дозволи да заминат или во превод маж жена и три деца + старци ќе ве пуштиме вас ама едно дете и старец останува а целта на оваа тактика е токму да имаат како да се бранат и да ја прикажат АРМ како убиец на цивили што не е точно-дури имаше очигледни мети со деца им жени како жив штит во Куманово и АРМ НЕ ПУКАШЕ ПО НИВ ОТИ ТОА СЕ НАШИ ЛУЃЕ-не странци, Странци беа тие со униформите.




Понатаму кога сме кај артилеријата претпоставувам знаеш дека има повеќе типови на боеви глави од Против оклопни до против пешадиски се до Хемиски и биолошки и радиолошки(со Осиромашен ураниум), АРМ ако сакаше да уништи и убие цивили ќе го правеше овашто го правеа Србите бидејќи и ние имаме вакви и тоа повеќе типови.


Ова србите го правеа по косовските села но АРМ НЕ, немаше таков случај.

А не дека немаме


M-63 да не го спомнувам и.т.н


И друга работа-боевите глави кои се користеа не беа намерно селектирани за да не ништат се, кумулативна против оклопна боева глава не се користи против пешадија-туку стандардна со шрапнели- АРМ не користеа намерно противпешадиски за да минимизираат цивилни загуби.





Бидејќи веќе воспостави безбедносен периметар и беа безбедни-терористи немаа пристап во тетово-само пукаа намерно кон цивили(убија неколку албанци со снајпер) и пукаа кон касарната.



Ти кажав погоре, Воската не се криеше зад цивили-има нешто друго што го користеа како заштита

Еве ти слика од тетово а како заштита користеа БТР-80.





Но веќе е имплементиран има Албанци во МВР,во АРМ дури и на високи позиции-имаме Албанец Министер за одбрана, имаше памтам и курсеви за албанци за вработување во администрација дури и им плаќаа што идеа на курсевите па многу се вработија и лично ги познавам и си живеам со нив, и за арно и за лошо тука сме биле сме си помагале така и ќе биде- јас не ги слушам ни Ахмети ниту тачи ниту бранко нит пак пастирот.



Кој ти вика дека тетовскиот не чини има многу Македонци во тетовскиот универзитет тоа е Македонски универзитет има Албанци,Турци Македонци-кој сака да учи може слободно да оди така??



Тука да пресечеме околу муџахедините и верските фанатици- ги има и во Бугарија,грција Босна па и во Македонија и не се сите Албанци, има дури и бошњаци па и Македонци Муслимани-кој погрешно протолкува некое писмо и убива во име на тоа зарем не е терорист, муџахедин-чист пример ти е со децата кај Смилковци јас не знам ШТО ЗГРЕШИЈА тие деца за да ги убијат??



Ете ти кажав имате застапеност соодветна во сите институции имаме Албанци министри, Амбасадори Советници плус и преамбулата на уставот е сменета и Р.М фактички е држава на Македонскиот народ и на Албанската етничка заедница,Српската турската и Останатите етнички заедници, навистина не знам што не ти е јасно??

ЗАнамињата-иако тоа е знаме на друга држава сепак дозволивме

Хашките случаи биле вратени од хаг, значи биле опфатени со амнестијата, што профит имаат албанците ако не се затвори некој болен кој ужива убивајќи невини луѓе, не ни треба таква заслуга,
Што крадеа од ОНА?




Сигурен си дека само "наши" крадеа??

Едно да ти кажам-крадец, убиец,терорист педофил силеџија нема НИКАКВА припадност ни народ ни вера.



Можеше ако сакаа т.е ако работеа заедно ДПА и ПДП наместо да се чукаат во гради кој направил повеќе за албанците а уствари обичните албанци Рмбаа по нивите со компири, грав а овие се возеа во лимузини и лажеа-ве лажеа исто како што и нас.



Тоа е најлошото-манипулацијата која гледам сеуште продолжува а сега исто партииве(сите-не албански,турски М;акедонски) НИШТО НЕ НАПРАВИЈА па пак лажат со ветувања за права,ама свати ме ќе имаш право кога ќе работиш поштено и кога ќе имаш плата од 6-700 евра кога нема новопечените газди да те ебат да работиш по 10-12 часа а згора на се и да те зафркаваат.

Е кога ќе си имаш пристоен живот каков што заслужуваш ти и секој човек во нашава држава тогаш ќе ги имаш СИТЕ ПРАВА-не кога пастирот и ахмети кажат,не кога ЕУ издаде извештај.




Точно, лебот кој го јадеш,чајот кој го пиеш и џамиите во кои се молиш се тука во Македонија и тука си Роден и Македонија е твоја татковина-не е Бугарија, Не е Косово албанија уште помалку, е сега ова што го потцртав-никој не те асимилира овде(Асимилираат Бугарите и Грците претпоставувам си забележал и гледаш како прават) целта е да се интегрираш односно да разбереш дека Си Македонец по Нација ама по Народност или етничко потекло си Албанец-е ова беше целта на Рамковниот договор т.е Интеграција на Етничките заедници во структурите на државата што и се случи но не си слеп гледаш дека не дупат како што сакаат и од каде што сакаат и9 тебе и мене и нашите околу нас...зарем не ти смета покачувањето на Цените,на горивото,превозот Храната???



Тоа ти кажувам цело време, не ми сметаш ниту ти, ниту твојот јазик и култура и негувај ги но почитувај ги и другите како што тие те почитуваат тебе, така да наместо поделба ние треба да се здружиме оти ако утре заврне кисел дожд, пожар, земјотрес нема да бира етничка припадност!!

Исто е и сега со кризава, во маркет на бензинска не те прашуваат што си и не ги интересира ништо туку само како полесно да ти ги земат со мака спечалените пари а ти да излезеш насмеан до уши ете си купил нешто на првии и така до десетти, а после до наредниот први ќе крпиш како знаеш и умееш, и сега 80% од населението е во таква состојба и наместо заедно да застанеме и да им кажеме на политичариве доста бе не ебевте на здрав мозок ако ви се работи работете во НАШ ИНТЕРЕС оти НИЕ ве избравме ако НЕ, ние и ќе ве кутнеме!!!

Ама како што гледаш поделени сме дури и по тоа кој каква музика слуша(и се пцујат поради тоа) а камо ли да се обединиме за прашања кои ја засегаат нашата иднина и иднината на нашите поколенија.



Зошто??

Па они сакаат така да мислиш, сакаат да мислиш дека си СЛАБ и дека некој ти зема права ти врши репресија а уствари вистинските права ги НЕМАМЕ МНОЗИНАТА во оваа наша Македонија и се додека се делиме ќе страдаме ние а и НАШИТЕ деца од...политичари и паразити.

Остани ми поздравен се надевам дека ме разбра.:)

Сакаш да кажеш дека човекот тргнал на самоубиствен напад???
Можеби грешам, или можеби сум изманипулиран но мислам дека е убиен, ајде таткото имал бомба, а синот што имал???....не знам, не сакам пак да ја гледам таа глетка......да го оставиме муабетот...

Имаше многу што ги напуштија домовите, да останаа сите ќе имаше кланица, но тие што останаа не биле киднапирани, или јас сум лошо информиран, но живеам блиску липковскиот регион ќе се слушаше муабетот......
Во селата каде биле напуштени куќите ептен се е крадено од АРМ, имаше резервисти од ромска националнот но тоа нема врска.....
Дали си видел едно видео што кружеше по јутуб минатите години на една куќа каде е влезена граната???? Не велам дека АРМ намерно го направил тоа, но и ти не можеш да бидеш сигурен 100% дека ненамерно било.....да бидеме реални во војска премногу ретки се случаевите каде имаме луѓе со просечна интелегенција, па после стресот, па немање искуство итн доведува до избрзани и непромислени постапки.......но да бидеме реални имаше и ќорави пукања,,, хеликоптерот пукаше од Куманово за во Слупчане, не разбирам во оружје ама премногу е далеку за да биде прецизно........
Не биле странци тие со униформите, во секоја бригада имало по 2 или 3.... и колку што знам јас немало присилно мобилизирање, само знаеја како да најдат такви кои би дале живот за ништо...

Нема логика, како може да обезбеди периметар, имало воздушна заштита од ракети или куршуми?????
Извини ама имаш двојни аршини, во Липково велиш дека Армијата (македонци) не пукала во цивили (албанци), ама во Тетово терористите (албанци) пукале намерно врз цивили (албанци)...
Што имаат добивка ако убиваат цивили (албанци)???
Не мислев на штит како џакче со песок...

Знам дека има доста вработувања, тоа сите го знаат, дали е доволно јас не знам, има институција која може да разгледува...
Но колку што растат вработувањата на албанците расте и незадоволството на македонците....се правам дека незнам зошто......

Се согласувам со тоа дека - крадец, убиец,терорист педофил силеџија нема припадност кај сите ги има


Јас никогаш не ги обвинувам партиите, тие се приватни фирми, тие се капиталисти, ништо не е важно за нив освен парите, но жалам што мнозинството од населението не е сопсобно да раззбере дека политичките партии што се денес кај нас и во околните држави секогаш ќе не држат во заложништво, секогаш ќе бидеме робови, модерни робови со перени мозоци, мислиме дека е демократија и можеме да ги менуваме ама се лажеме, и другите алтернативи се исти, всушност тие се договорени, а ние мислиме дека се караат, тие се договараат и имаат некои граници до каде можат да се карат и да изнесуваат *вистини*...... парламентот е како театар, сите глумат.....
Сите знаеме дека не чинат, но се ПЛАШИМЕ да и се спротисавиме, фирмите големи или мали сите даваат данок кон партијата на власт кој ги ослободува од данокот кон државата, а тие фирми кои не даваат ќе бидат затворени........
Денеска сите го пцумеме Георгиевски, затоа што веќе не се плашиме од него, ова пост фестум реакција ќе не убие...........
Жалам но не се согласувам со тебе, навистина ништо не можеме да правиме, тие ги имаат сите алатките со кои без проблем може да го поделат обичното население на 300 парчиња, имаат војска од административци кои од благодарност никогаш нема да се противречат, гласачка машина, имаат медиуми мегафони, и имаат моќ............

Поздрав....
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.177
1.Еве избор со имиња на Албанци/ки, верувам мнозинство Македонци би се согласиле...
Борци во 2 Светска Војна
Ибе Паликуќа / Ibe Palikuqi (борец во НОВ од Дебар, народен херој)

Лиман Каба / Liman Kaba (борец во НОВ од Дебар, народен херој)
Бајрам Шабани / Bajram Shabani (борец во НОВ од Липково, народен херој)
Ајредин Мемеди, Инает Кондри и други (борци во НОВ од Струга, првиот претседател на Сојуз на Борци во Струга)
Еве и од 2001-ва
Исак Руфати / Isak Rrufati (војник на АРМ во 2001)
Фејзо Џеладиновски / Fejzo Xheladinovski (војник на АРМ во 2001)
Фикри Елмази / Fikri Elmazi (полицаец на МВР во 2001)
Овие луѓе ќе бидат опфатени и со Законот за посебни права на бранителите.
Хумани луѓе
Сами Нуредини / Sami Nuredini (пред 2 години спаси жена од давење во Вардар, доби награди од Тинекс и вработување + личност на годината на Град Скопје или така нешто)

Спортисти
Шабан Трстена / Shaban Tërstena
Артим Шаќири / Artim Shaqiri


2.ОНА го промени уставот кој Македонија ја затера во правец пропаст.

3.Ако она тогаш не сакала поделба на Македонија, зошто во продолжение велиш дека заради ОНА Македонија уште постоела како држава, значи најверојатно сакала ама се воздржала (ги воздржале)...за поделби постоеја и поддржувачи ‘македонци‘ како тој со дијагноза слична или иста на Ахмети, а верувам и дека исти сили стоеле зад двајцата сеедно.Битно е дека македонскиот народ е контра.

Во опуштен муабет за овие работи со извесен ајде Адем да го наречам, Адем рече :
- ништо не ми е сменето, уште сум на исто работно место и со истиот или полош стандард;
- уште во пасошот и ЛК ми е напишано државјанство на Република Македонија и сум воден како Македонец настрана, само латиничното leternjoftim или pasaportë;
- уште јавно и по дома зборувам на мајчин јазик без проблем и насекаде на македонски со Македонци, турски со Турци и англиски со други луѓе;
- уште ме дупчат и ме прат будала истите политичари како и многу други овде;
- уште не сум завршил во полиција пошто не пробав заработка по кратка постапка;
- уште истите ситуации по локални и државни институции, ако имам врски ќе завршам со време работа, ако не ќе се мафтам 2 недели по шалтери....

1. Јас се слагам дека не сум компетентен да кажувам кој албанец чини или не чини......
2. Јас лично не гледам какво пропаст донесела Она....?
3. ти повеќе сакаш да го судиш замисленото или стореното???/
4. на еден адем не е променето, но општата слика е промето, во сите институции најголемиот процент на вработени албанци изнесувало 2.5% максимум...
дома сме зборувале мајчин јазик, ама ако те слушал некој низ институцииве или некоја макеоднска фирма да зборуваш на мајчин јазик веднаш ќе ти велеше - оди во Албанија да зборуваш албански
имало и паушални пресуди, исто како црнците во Сад порано.....
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во Куманово има една улица која се вика Милорад Драшковиќ.....
Што направил овој за Македонија?????????????
И што ви смета албанско име на улица???????????
Во Истанбул има улица која се вика Арнаутско маало.....
--- надополнето: 30 август 2012 во 19:57 ---

?


Потпишан е договор кој ги затвара сите проблеми од минатото, истовремено креира систем на рамноправност, но изгледа вие не сакате да го заборавите минатото и не сакате да бидете рамноправни........
Што ако одиш во чаир? што ќе гледаш?, сиромаштија?
ај поопширно за овој систем на рамноправност те замолувам
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Спорно е име на УЧК-а за училиште.
Имри Елези - Имри Елези е припадник на поранешна ОНА, кој во 2001 година бил убиен во престрелка со македонските безбедносни сили. По неговата смрт, во рамките на ОНА беше формирана посебна единица, која го носеше неговото име, а во која според информациите на полицијата членувале муџахедини од странски држави што војувале на страната на ОНА.

Значи се става некој кој убивал македонци. Ало. Македонци. Во Истанбул ако сакаат и спејс шатл нека направат и нека стават кече на него.
Потпишан е договор со кој на малцинство му се даваат права да биде на повисоко ниво од другите.

Зашто Албанија не стави имиња на улици и училишта: Никола Карев, Ченто, Македонски бранители, Планинска бура?
и јас истово се прашувам
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.177
ај поопширно за овој систем на рамноправност те замолувам
пред 2001 во сите институции, најголем процент на вработени изнесувал 2.5%,
Тој систем на рамноправност би требало да го реши овој проблем........
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
1. Јас се слагам дека не сум компетентен да кажувам кој албанец чини или не чини......
2. Јас лично не гледам какво пропаст донесела Она....?
3. ти повеќе сакаш да го судиш замисленото или стореното???/
4. на еден адем не е променето, но општата слика е промето, во сите институции најголемиот процент на вработени албанци изнесувало 2.5% максимум...
дома сме зборувале мајчин јазик, ама ако те слушал некој низ институцииве или некоја макеоднска фирма да зборуваш на мајчин јазик веднаш ќе ти велеше - оди во Албанија да зборуваш албански
имало и паушални пресуди, исто како црнците во Сад порано.....
Доколку не свати до сеа каква пропаст донесе Она,остави белези што нема никогаш да се тргнат..модрици и рани зараснуваат ама мртвите роднини не се враќаат.Затоа со војна никој не бара права,тоа само на идиоти како вас може да ви текне.Ако над 100 мртви луѓе од 2те страни е добра работа за тебе океј.Али со војната умре била каква надеж за соживот.А правата ќе ги добиевте,можда 10 години повеќе ќе трбаше али последиците ќе беа други.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.177
и јас истово се прашувам
Дали има училиште во Пустец и како се вика?
--- надополнето: 31 август 2012 во 21:04 ---
Доколку не свати до сеа каква пропаст донесе Она,остави белези што нема никогаш да се тргнат..модрици и рани зараснуваат ама мртвите роднини не се враќаат.Затоа со војна никој не бара права,тоа само на идиоти како вас може да ви текне.Ако над 100 мртви луѓе од 2те страни е добра работа за тебе океј.Али со војната умре била каква надеж за соживот.А правата ќе ги добиевте,можда 10 години повеќе ќе трбаше али последиците ќе беа други.

меѓу франција и германија има милиони жртви, а јас сум идиот
Еве да те прашам тебе- кога ќе ги добиевме правата???????знаеш колку се 10 год????????
Ако ти мислиш дека со војната умре и соживотот, тогаш среќа што никој не те прашува......
луѓето умираат и така и онака, ние живите треба да живееме, ако ти имаш резервен живот облечи се на црно и оди на манастир и моли се за мртвите, ЈАС САКАМ ДА ЖИВЕАМ......
губиме време судејќи го минатото а иднината ни ја крои некој друг...........
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Со овие треба да живееме, бре... :гомце: . Си прават што сакаат зошто знаат дека никој ништо нема да им рече. Ебана држава и народ сме значи...

ДУИ го провоцира ДПМНЕ: Четири училишта во Чаир од понеделник со нови, албански имиња

  • Објавено: пред 5 минути
  • Прочитано: 93
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!

В понеделник официјално ќе се откријат таблите со новите албански имиња на четири училишта во скопската општина Чаир, изјавил за порталот Порталб, Музафер Реџепи, одговорен за образование во општината.
„Во понеделник, училишта почнуваат со нови имиња, иако Министерството не ни даде дозвола“ – изјавил Реџепи и лично ја презел одговорноста за овој чин.
Порталб се обидел неколку пати да побара изјава од заменик-министерот за образование и наука Сафет Незири, но не успеал.
Така, од понеделник основното училиште „Цветан Димов“ ќе се вика „Хасан Приштина“, „Рајко Жинзифов“ ќе биде „Исмаил Кемал“, „Јане Сандански“ ќе фо носи името „Јашар-бег“, а „Никола Вапцаров“ ќе биде „Имри Елези“.
Ова се е наменски и плански направено, следно одење на извршител да ги смени таблите со полиција албанциве ќе излезат ќе се судрат со полицијата, дај БОЖЕ да пукне некој од нивна страна па да не бидат само на ќотек, очекувајте 3-4 септември да има немири... Слично на 97ма, со знамињата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom