Се сеќавам на неколку случаеви но најлош беше кога татко и син беа убиени на сред улива и на бел ден пред камери........кој наводно сакал да фрли бомба.......кој би се бранил со бомба, а до него својот син?????????
.
Сега биди реален со бомба не се брани туку се напаѓа а таа бомба да експлодираше минимум 5 мртви ќе имаше а од шрапнелите кој знае колку повредени-Камери потврдија бомба,. пиштол-зарем мислиш дека онака од шала ќе ги убијат-дај те молам не биди селективен.
Син не син ти кажав а и ти сам напиша-има луѓе кои сакаа војната да продолжи и да се прошири-ПО секоја цена.
И мислам на жртвите на алтилеријата, тие летоци кој знае каде полетувале.....армијата знаела дека има цивили и пак пукал на ќоро, што ќе удира нема врска шипци тие, шипци тие.......
Сега ќе се потрудам да ти го објаснам овој дел најдобро што можам:
Како прво Ако Летоците не биле прочитани(иако беа на Албански) имаше Аудио повик значи звучен повик, понатаму преку радио исто така и преку ТВ-АРМ им кажа по која рута да се движат и се евакуираа знам добро со трактори на нив се гледаат жени деца,мажи старци-
значи имаше евакуација а тие што останаа не останаа по СВОЈА ВОЛЈА-туку ОНА не им дозволи да заминат или во превод маж жена и три деца + старци ќе ве пуштиме вас ама едно дете и старец останува а целта на оваа тактика е токму да имаат како да се бранат и да ја прикажат АРМ како убиец на цивили што не е точно-дури имаше очигледни мети со деца им жени како жив штит во Куманово и АРМ НЕ ПУКАШЕ ПО НИВ ОТИ ТОА СЕ НАШИ ЛУЃЕ-не странци, Странци беа тие со униформите.
армијата знаела дека има цивили и пак пукал на ќоро, што ќе удира нема врска шипци тие, шипци тие.......
Понатаму кога сме кај артилеријата претпоставувам знаеш дека има повеќе типови на боеви глави од Против оклопни до против пешадиски се до Хемиски и биолошки и радиолошки(со Осиромашен ураниум), АРМ ако сакаше да уништи и убие цивили ќе го правеше овашто го правеа Србите бидејќи и ние имаме вакви и тоа повеќе типови.
Ова србите го правеа по косовските села но АРМ НЕ, немаше таков случај.
А не дека немаме
M-63 да не го спомнувам и.т.н
И друга работа-боевите глави кои се користеа не беа намерно селектирани за да не ништат се, кумулативна против оклопна боева глава не се користи против пешадија-туку стандардна со шрапнели-
АРМ не користеа намерно противпешадиски за да минимизираат цивилни загуби.
А се сеќаваш во Тетово каде спротивно беше, армијата им велеше на населението да не ги пуштат домовите.....................Зошто???????????
Бидејќи веќе воспостави безбедносен периметар и беа безбедни-терористи немаа пристап во тетово-само пукаа намерно кон цивили(убија неколку албанци со снајпер) и пукаа кон касарната.
Зошто армијата да го употреби населението како жив штит? ?????
Ти кажав погоре, Воската не се криеше зад цивили-има нешто друго што го користеа како заштита
Еве ти
слика од тетово а како заштита користеа БТР-80.
Денеска нам ништо не ни смета, албаницте не се бунат, албанците сакаат само да се имплементира тој потпишан од двете страни договор.......
Но веќе е имплементиран има Албанци во МВР,во АРМ дури и на високи позиции-имаме Албанец Министер за одбрана, имаше памтам и курсеви за албанци за вработување во администрација дури и им плаќаа што идеа на курсевите па многу се вработија и лично ги познавам и си живеам со нив, и за арно и за лошо тука сме биле сме си помагале така и ќе биде- јас не ги слушам ни Ахмети ниту тачи ниту бранко нит пак пастирот.
Проблемот е што вие сте незадоволни, не ги сакате албанците, па измислувате ствари, де сте неписмени, де немате факултети, де сега имате факултети но тетовскиот не чини,
Кој ти вика дека тетовскиот не чини има многу Македонци во тетовскиот универзитет тоа е Македонски универзитет има Албанци,Турци Македонци-кој сака да учи може слободно да оди така??
де сте мухаџедини, де сте екстремисти, де сте планинци, итн...
Тука да пресечеме
околу муџахедините и верските фанатици- ги има и во Бугарија,грција Босна па и во Македонија и не се сите Албанци, има дури и бошњаци па и Македонци Муслимани-кој погрешно протолкува некое писмо и убива во име на тоа зарем не е терорист, муџахедин-чист пример ти е со децата кај Смилковци јас не знам ШТО ЗГРЕШИЈА тие деца за да ги убијат??
Вие дефинитивно не сте информирани, рамковниот не е имплементиран.......а баш би сакал да видам што добивме плус?
Ете ти кажав имате застапеност соодветна во сите институции имаме Албанци министри, Амбасадори Советници плус и преамбулата на уставот е сменета и Р.М фактички е држава на Македонскиот народ и на Албанската етничка заедница,Српската турската и Останатите етнички заедници, навистина не знам што не ти е јасно??
ЗАнамињата-иако тоа е знаме на друга држава сепак дозволивме
Хашките случаи биле вратени од хаг, значи биле опфатени со амнестијата, што профит имаат албанците ако не се затвори некој болен кој ужива убивајќи невини луѓе, не ни треба таква заслуга,
Што крадеа од ОНА?
А што крадеа вашите политичари?
Сигурен си дека само "наши" крадеа??
Едно да ти кажам-крадец, убиец,терорист педофил силеџија
нема НИКАКВА припадност ни народ ни вера.
Другар и со потписи албанците сакаа да го променат уставот, и со протести и со 300 работи, ама немаше ни уво ни очи....
Можеше ако сакаа т.е ако работеа заедно ДПА и ПДП наместо да се чукаат во гради кој направил повеќе за албанците а уствари обичните албанци Рмбаа по нивите со компири, грав а овие се возеа во лимузини и лажеа-ве лажеа исто како што и нас.
.никој не сака војна, биди сигурен во тоа, ама војни профитери имаше од двете страни.......а народот остана манипулираан и после 10 год уште силни симптоми иам.......
Тоа е најлошото-манипулацијата која гледам сеуште продолжува а сега исто партииве(сите-не албански,турски М;акедонски) НИШТО НЕ НАПРАВИЈА па пак лажат со ветувања за права,ама свати ме ќе имаш право кога ќе работиш поштено и кога ќе имаш плата од 6-700 евра кога нема новопечените газди да те ебат да работиш по 10-12 часа а згора на се и да те зафркаваат.
Е кога ќе си имаш пристоен живот каков што заслужуваш ти и секој човек во нашава држава тогаш ќе ги имаш СИТЕ ПРАВА-не кога пастирот и ахмети кажат,не кога ЕУ издаде извештај.
кога некој ме прашува од каде си? велам сум од Македонија, живеам овде, сум албанец но никогаш не сум бил во Албанија или Косово не дека не сакам.......не сум некој си патриот, никогаш нема да војувам за мојата татковина ( освен ако ми е смачен од животот и сакам да умрам), подобро би се асимилирал и би живеал подобар живот отколку вака..............
Точно, лебот кој го јадеш,чајот кој го пиеш и џамиите во кои се молиш се тука во Македонија и тука си Роден и Македонија е твоја татковина-не е Бугарија, Не е Косово албанија уште помалку, е сега ова што го потцртав-
никој не те асимилира овде(Асимилираат Бугарите и Грците претпоставувам си забележал и гледаш како прават) целта е да се интегрираш односно да разбереш дека Си Македонец по Нација ама по Народност или етничко потекло си Албанец-е ова беше целта на Рамковниот договор т.е Интеграција на Етничките заедници во структурите на државата што и се случи но не си слеп гледаш дека не дупат како што сакаат и од каде што сакаат и9 тебе и мене и нашите околу нас...зарем не ти смета покачувањето на Цените,на горивото,превозот Храната???
Порано се карав со албанците во турција кои веќе заборавиле јазик и све, но денеска ги оправдувам, што има врска што си и како зборуваш, сите сме луѓе...........безмислено би било да има ште вакви поделби........
Тоа ти кажувам цело време, не ми сметаш ниту ти, ниту твојот јазик и култура и негувај ги но почитувај ги и другите како што тие те почитуваат тебе, така да наместо поделба ние треба да се здружиме оти ако утре заврне кисел дожд, пожар, земјотрес нема да бира етничка припадност!!
Исто е и сега со кризава, во маркет на бензинска не те прашуваат што си и не ги интересира ништо туку само како полесно да ти ги земат со мака спечалените пари а ти да излезеш насмеан до уши ете си купил нешто на првии и така до десетти, а после до наредниот први ќе крпиш како знаеш и умееш, и сега 80% од населението е во таква состојба и наместо заедно да застанеме и да им кажеме на политичариве доста бе не ебевте на здрав мозок ако ви се работи работете во НАШ ИНТЕРЕС оти НИЕ ве избравме ако НЕ, ние и ќе ве кутнеме!!!
Ама како што гледаш поделени сме дури и по тоа кој каква музика слуша(и се пцујат поради тоа) а
камо ли да се обединиме за прашања кои ја засегаат нашата иднина и иднината на нашите поколенија.
...во иднина знам дека нема да има разлика меѓу луѓето, но штета што нашите генерации нема да го видат тоа, несреќа наша што живееме во вакви времиња....
Зошто??
Па они сакаат така да мислиш, сакаат да мислиш дека си СЛАБ и дека некој ти зема права ти врши репресија а уствар
и вистинските права ги НЕМАМЕ МНОЗИНАТА во оваа наша Македонија и се додека се делиме ќе страдаме ние а и НАШИТЕ деца од...политичари и паразити.
Остани ми поздравен се надевам дека ме разбра.
