Мала кола...
Никогаш не сум сакал такво нешто, иако морам да признаам дека за во град и некоја ептен кратка релација такво нешто е закон.
Ете, веќе нешто повеќе од година дена возам понекогаш Рено 5 Кампус (Кантус
)
Значи, кола стара 22 години, ја нацртал маестро Гандини, не изгледа ептен застарено, ама не е ни посебно свежа... Ќе му дојде нешто во класата на Корса, Поло, Пунто... ама према нив изгледа мало (секоја нова генерација и по малку пораснува нели?)
Тоа нешто е со мало моторче со ужасно застарена концепција, брегаста во блок, карбуратор, 1,1 мотор 44 коња... и со не баш скапо одржување. Троши некои 6,5 литри град...
Сето тоа кажува дека тоа се чува и вози од сентиментални причини.
Но, не е се така црно.
Неговите предности се дека е лесно за паркирање во град и за пробивање по гужви. Лесно за маневрирање иако нема серво волан, релативно мал круг на вртење.
За разлика од која и да било нова кола од нејзина класа, има фантастична прегледност во сите правци заради огромните стаклени површини.
Тоа се всушност и предностите на таа класа на возила. Замислени се како второ, трето возило во семејството... таму некаде...кајшто не е Балкан, каде луѓето живеат а не преживуваат.
Да купувам сега нешто такво мало, ново, би си зел некоја Панда.