Ајде јас ке бидам малку покритичен.
Со оглед на тоа против каков противник игравме се освен убедлива победа ке беше неуспех. Сепак не можеме да бидеме и многу задоволни, премногу грешки, многу несигурна игра во одбраната.
Само Кастелаци беше на висина на задачата.
Вајс неколку пати како брз воз помина покрај Занети, еднаш беше направен и пенал врз него од капитенот, среќа што авторитетот на Занети беше пресуден судијата да не покаже на белата точка.
Ни во офанзива немаше некои продори.
Нагатомо исто така подпросечен, еднаш не се извлече од офсајд и овозможи гол шанса на противникот.
Ранокиа исто така направи грешка која можеше да не чини гол кога враќаше за Кастелаци, без таа грешка одигра добро.
Силвестре просечен, немам многу што да коментирам за него.
Според мене и средниот ред бед беше лош, освен Гергано кој беше многу активен.
Гуарин кој треба да биде агресивен играч, воин на теренот или беше неконцентриран или си играше како на шала. Доцна се ослободуваше од топката, ги немаше потрегните пасови, сите удари кон голот завршија непрецизно. На 2 пати (колку што се секавам) загуби топка еднаш од тоа Пескара направи и гол шанса.
Агресивноста ја покажа само 1-2 во дуелите со Вајс.
Многу очекуваме од него, да се надеваме дека ке се корегира.
Камбијасо подпросечно. Не беше воопшто активен, на моменти се влечеше по теренот. Украде 1-2 топку, имаше една гол шанса со глава не ја искористи и тоа беше се од него.
Офанзивата беше одлична, можеби Касано беше малку статичен но да се надеваме дека е само поради физична непремност и со тек на време ке биде спремен да истрча барем 70 мин