Француска лига 1 - Ligue 1 2021/22

Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Ме интересира нешто тука мене па сакав да прашам,како е можно тим ко Лион кој што 6(мислам беше) години доминираше у Франција и солидно играше во Европа да падне на толку ниско ниво?

Што е проблемот?
Финансии?

После таква доминација,чудно ми е..
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.953
ја од сега да си пишам од франција Монако ми се најсимпатични. :D
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
кој сака нека е само да не е псж .. и се надевам дека монако ќе се врати во прва лига.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Псж не може да победи,а не па титула да земе.
претходно коло барем имаа една 100 процентна шанса што ја утна кретенот Менез, се трудеа колку-толку се до црвениот на Лавеци и тука застанаа, се бранеа како пички можеа да го примат комотно ги спаси стативата... па на крај таму некој незадоволен навивач отишол ги исклучил рефлекторите па чекаа 10 мин за да продолжат:pos:

вечерва НУЛА, НИШТО, НАТИНГ, НАДА, ни една поконкретна шанса, фрлаа балони кон Ибра и тоа 70% беа непрецизни, оној Пасторе ретард има еден добар продор па го нема никаде 20 мин., еднаш по грешка даде точен пас, Мота исто мада ајде оправдано за него беше повреден не е уигран, Нене и Ибра се труде највеќе т.е. овој вториот повеќе го пцуеше судијата отколку што играше ама факт е дека без него ќе слават како празник кога ќе постигнат гол... единствено одбраната беше одлична на чело со Сако заедно со Силва ќе направат цврст бедем

титула многу тешко, треба да направат една добра серија ама не гледам како тоа би им успеало со оваква незаинтересираност и бламажа

и Ибра имаше супер шанса
ај потсети ме те молам :D

мислиш на слободниот?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Ја гледав утакмицата, добра беше ПСЖ мислам подобри ми беа и Ибра имаше супер шанса но ете пак не тепаа. Не е уште залауфана машината ама на повеќето јаки тимови низ Европа тоа им се деси. Ќе се оправат со тек на времето.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
претходно коло барем имаа една 100 процентна шанса што ја утна кретенот Менез, се трудеа колку-толку се до црвениот на Лавеци и тука застанаа, се бранеа како пички можеа да го примат комотно ги спаси стативата... па на крај таму некој незадоволен навивач отишол ги исклучил рефлекторите па чекаа 10 мин за да продолжат:pos:

вечерва НУЛА, НИШТО, НАТИНГ, НАДА, ни една поконкретна шанса, фрлаа балони кон Ибра и тоа 70% беа непрецизни, оној Пасторе ретард има еден добар продор па го нема никаде 20 мин., еднаш по грешка даде точен пас, Мота исто мада ајде оправдано за него беше повреден не е уигран, Нене и Ибра се труде највеќе т.е. овој вториот повеќе го пцуеше судијата отколку што играше ама факт е дека без него ќе слават како празник кога ќе постигнат гол... единствено одбраната беше одлична на чело со Сако заедно со Силва ќе направат цврст бедем

титула многу тешко, треба да направат една добра серија ама не гледам како тоа би им успеало со оваква незаинтересираност и бламажа



ај потсети ме те молам :D

мислиш на слободниот?
Абе не ми се веруа у каков тим замина ибра:facepalm:,толку курчење за ништо,еј па замисли имаат и фан клуб на форумов:pos:,искрено не веруам дека некој навивал за нив,ама затоа од сеа сите са за нив:).
 
F

fantomX

Гостин
Се токмам да го гледам ПСЖ првиве кола ама ништо досега, викендов се надевам дека ќе ги видам. Мада не очекувам многу, со Ибра во екипа тешко нешто динамично да има.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
претходно коло барем имаа една 100 процентна шанса што ја утна кретенот Менез, се трудеа колку-толку се до црвениот на Лавеци и тука застанаа, се бранеа како пички можеа да го примат комотно ги спаси стативата... па на крај таму некој незадоволен навивач отишол ги исклучил рефлекторите па чекаа 10 мин за да продолжат:pos:
Стварно ова? :eek::ROFLMAO:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ја гледав утакмицата, добра беше ПСЖ мислам подобри ми беа и Ибра имаше супер шанса но ете пак не тепаа. Не е уште залауфана машината ама на повеќето јаки тимови низ Европа тоа им се деси. Ќе се оправат со тек на времето.
Да беше добар ПСЖ ќе дадеа барем 2 гола и јас ќе фатев спортска,ама :icon_lol:
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Ме интересира нешто тука мене па сакав да прашам,како е можно тим ко Лион кој што 6(мислам беше) години доминираше у Франција и солидно играше во Европа да падне на толку ниско ниво?

Што е проблемот?
Финансии?

После таква доминација,чудно ми е..
7 години доминираа.:)

Повеќе причиниима за падот на Лион, финансиите секако се една од нив.

Почнаа секоја сезона да шиткаат главни играчи (Есиен, Малуда, Бензема, Диара, Тулалан...)
Во Франција клубовите не смеат да бидат во минус па затоа и поголемиот парите од продадените играчи не се користеа за купување на адекватни замени туку за одржување на финансиите на клубот.
Неколкуте поголеми трансфери што се направија не се покажаа како што се очекуваше(Гомис, Лисандро Лопез...) а доста пари се фрлија за нив.
Некои играчи од таа генерација беа постари па си отидоа (Жунињо и голманот Купе) или пак Крис кого го стигнаа годините и веќе не е тој што беше, главен играч во одбраната на Лион.
Веројатно и се презаситија од успеси па и тоа е една од причините.
Новиот стадион за кој што добија дозвола за градење пред околу 2 месеци е уште една причина поради тоа што големи финансиски средства се потребни за неговата изградба а таа е финансирана само од клубот, не и со помош на државата.

Кога сме веќе кај стадионите, во второто коло Лил го изигра првиот меч на својот нов стадион со капацитет од 50000 седишта. Интересно е што стадионот има подвижен кров со кој може да се игра во секакви услови, а под теренот, односно под едната половина на теренот кој е подвижен има сала во која може да се игра ракомет, баскет, одбојка, тенис итн. Со движењето на теренот се добива сала која заедно со седиштата од стадионот има капацитет преку 30000 седишта. еве некоја слика од првиот натпревар кој се одигра на овој стадион.







Вчера ПСЖ им го сефтоса стадионот со првиот пораз на него.:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom