Синоќа гледав снимка од натпреварот, и од авион се познава дека тимот не е во квалитетна форма, поготово нападот. Ја гледам снимката и си викам дека со тој резултат треба да бидеме презадоволни, практично постигнавме два гола со скоро никаква игра.
Во прво полувреме нема што да им се замери на одбраната, Чаби и Кедира вршеа одлична работа на средината, али нападот тотално потфрли, од Каљехон и не треба да се очекува ништо повеќе затоа што е лимитиран, али Бензема и Озил тотално потфрлија. Роналдо пак, играше малку подобро од споменатата тројка, ако ништо друго барем не ги губеше така лесно топките како овие.
Познато е дека Реал игра кога игра и Озил, а тој на натпреварот со Барса не ни се појави. Во минатото во таква ситуација Ди Марија ја превземаше улогата на асистент, меѓутоа тој играше малку а и сеуште влече некои ситни повреди. Игуаин изгледа поспремен од Бензема, и по мене би требало да игра во прв состав се додека Бензема не се разбуди од зимскиот сон кој започна од натпреварот со Англија.
И покрај сето ова се чини дека имаме недостаток на играчи, Сахин замина во Ливерпул, а Кака исто како да не постои, и се паѓа на грбот на Озил и Ди Мариа, океј и Роналдо, али знаеме колку само е чуван тој и по колку играчи му се лепат кога ќе прими топка, за разлика од другите двајца. И затоа под хитно Модрич мора да пристигне во Мадрид.
Мурињо е голем стручњак за да му се случуваат некои катастрофи, али не тргна сезоната баш како што требаше, очекувам големи промени уште утре, и при ваков лош старт многу би значело доколку би го освоиле тој трофеј и би ја започнале успешно оваа сезона. Не дека нешто значи тој трофеј, али победа против Барселона и тоа како ќе ја подигне самодовербата кај играчите.