Интересни приказни има на темава па да ја споделам и мојава што според мене е најинтересна
(малце е долго али јбг, ова не може у кратки црти да се опише)
Беше пред година и нешто, крај на школска година па да се собереме цел клас у кафана по тој повод. Ја у кафана по обичај си пијам винце, па така и овојпат си земав црвено вино, "плава крв" наречено. Али знаете како е у кафана, малце народњаци, малце шабанарии, околу тебе пијани луѓе, сите пеат и се веселат и тебе те фаќа атмосфера. И ете по пола испиена флаша, другарче едно башка до мене беше седнат немаше со кој да дели ракија, па ме тераше ај бе брат ќе зееме по едно бокалче ќе го делиме. И ја првин нејќам, нејќам, пошто не сум голем фан на ракија, али ај си викам ќе зеам овојпат, али ќе пробам да се контролирам колку-толку (note: до тогаш у живот немав повраќано). И ете стига бокалчето, и другар ми ми вика али брат сеа чест да си напраиме еден на друг, ќе станеме пред сите и ќе ги маваме на екс (а он доста поискусен пијач, али ја ете лудо-младо
). Епа ај што, така и напраивме. Стануваме, живели и бам едната ракија на екс. Мене ме загоре па му викам чекај сеа минута, па втората. И чекаме минута и ми вика, ајде Рики може? - Може ајде, пак истата процедура, бам и втората чашка. Мене све потопло и потопло ми станува и викам чекај уште минута-две за последната. И ајде поминуваат минута-две, ја станувам самоуверен, го кревам и него, ајде брат ја маваме и последнава. Ја рокаме ко водичка да е, и мене у моментот толку врело ми стана, морав надвор да излезам на воздух. И трчам надвор се ладам малце и по некоја минута се враќам назад. Откако седнав на столчето и допив виното памтењето ми е хаос. Се десија многу чудни ствари, а мене единственото онака најсвежо памтење до ден-денеска ми е следното утро како се будам. Сликата беше јас у некоја чудна положба, со ланчето што стално го вадам коа сум дома на мене, боксерици, и десната нога боса, а левата покриена со чаршав. Го тргам чаршафот од левата нога и гледам дека имам чорапа. И моментот на тоа како на левото стапало имам бела, поцрнета од прљавштини чорапа, а на десното неам ништо едноставно ми опиша што се дешавало претходната вечер. Е ете што стварно се дешавало (ова е еден склоп на флешови што ја ги памтам и делчиња што 5-6 другарчиња што ми ги кажаа):
Во кафаната имаше жива музика, и после тоа тие си отишле. Ја разочаран што више никој не пеел сум извадил телефонот и сум пуштал од шабанариите што ми седат у телефон и сум ги терал сите да пеат со мене. Некои ми се придружиле на извесно време. Али по некое време пошто многу сум урлал дошол келнерот и ги замолил другарчињата да ме... заќутат
И океј ме смириле некако и сите си праеле муабет а мене досадно ми било сам и пијан да си седам. И тогаш сум соблекол патиките пошто ми било многу жешко. Првин не приметил никој пошто под маса ми биле нозете, али кога сум почнал да се шетам околу масата (то ест масите пошто споивме повеќе маси пошто бевме 30 и нешто души) и сум ги... ваљда поздравувал или нешто такво сите што беа наши и сите виделе дека сум по чорапи. Ме седнале и не знам колку време поминало али требало да си идеме од кафана, а мене никако да ме натераат да облечам патиките. И добро ме однеле надвор таков по чорапи и сме чекале малце пред кафаната. И овој дел памтам дека помина еден познаник шо се знаеше и со некои од децава од класот и коа ме виде почна онака да ми се смее ко ненормален. Ја у моментот пошто неам врска што се дешава почнувам да му се смеам пошто најверојатно у моментот мислев дека е пијан, и така си седиме пред кафана и еден на друг си се смееме ко ненормални (то ест ја сум у случајов ненормалниот
). И добро после тоа ме носеле од кафаната до седмица, пат кој стално го поминувавме тогаш пошто често идевме у таа кафана. Тогаш на патот негде некако ме натерале да облечам патиките конечно. Али ете за беља ја коа сум пијан иам лоша навика да им бегам на тие што ме носат. Буквално да бегам, да им се тргнам од раце и да истрчам у непознат правец. Овојпат памтам дека правецот беше назад до кафаната за пак да се поздравам со сите од класот. Али нажалост таму немало никој, па тргнав негде по рандом патека со надеж дека ќе завршам у седмица. У меѓувреме другариве ме чекале да се вратам, а другарот шо ме носеше трчаше по мене али му избегав, и коа се вратил кај другариве им кажал (пошто и он малце пијан) "абе на Рики му се деси нешто...". И другиве другари готово паника ги фатило, се замислувале како ги носат у станица и се сликаат со онаа таблицана со бројки за оние што го осудуваат на затвор
Али испаднало дека овој видел како двајца типци му маваат на некој копиљ ластици и ко шо бил "трезен" си помислил ја сум бил тоа. А у меѓувреме ја сум залутал накај едни кафичи и сум им се јавил на тројца другари. Едниот не знаел као да ми објасни кај да стигнам, другиот беше еден од тие шо идеше со мене до седмица и ми објаснуваше али џабе коа ја не ни знам кај сум, а третиот ми вика епа прашај некој околу тебе нека те однесе, сите знаат кај е седмица. Оттука веќе малце побистри ми се сеќавањата. Памтам дека разглеав околу мене и видов 4-5 девојчиња и им викам "девојчиња, ја неам појма кај сум али знам дека идам негде, ако може да ме однесете жити све". И овие ми кажаа епа ај дојди со нас и ги пратев нив и они стигнаа до еден кафич и ми викаа сеа чекај ти тука ние внатре ќе влеземе. И чекам ја, чекам и си седнав на конопој, па ме виде газдата на кафичот и буквално ко куче ме избрка "мрш, мрш, бегај од тука!". И тогаш сретнав некои дечки и им викам дека до седмица треба да стигнам и ми викаат епа топ и ние идеме до таму и ме донесоа. И ете се најдов со другариве, они се најале до тогаш и ми викаат ај сеа до парк да се (те) трезниме. Успут до парк еден другар отиде да моча а ние го остаивме и ѕверот дома си отишол сам. И стигнавме до парк, таму ме трезнеа дур не повратам и по неколку повраќања ми викаа ај сеа пешки да фатиме накај дома, ја викам никако нема шанси. Ма стварно немаше шанси ја едвај од клупа до чешмичките изодев после тоа, тек па километар и нешто до дома да идам. И со такси ме вратија дома, а како се качив до горе, како и дали ме приметија моите, и како легнав у кревет неам појма. И ете се разбудив со сликата што ја опишав на почеток. Тоа ми беше искуството за една ноќ што највише ќе го памтам, али затоа од тогаш вино+ракија никад више не ставив у една вечер.
А што се десило со чорапата... за жал до ден-денес не знам