Вашите пијани искуства :)

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Морам да го спомнам и второто најјако пијанство оваа година, за пиво фест првата вечер..
јас му водев рекорд во друштвото испив 12 лименки туборг,
се силев дека можам да крепам ама за малку не завршив на инфузија.. се што знам дека се разбудив негде сабајле лежејќи на трева со пикавци во косата и со маицата на другар ми
не се сеќавам како стигнала на мене ама ми кажа после дека сум ја соблекла мојата и сум ја фрлила во контињер и тој ми ја дал неговата да не шетам по прслук :facepalm:
тоа беше и мојата прва ноќ преспана на отворено, и заради мене го испуштиле возот со кој требаше да си бегаме пошто
сум спиела како топ, и вечерта сум била прилично зборлеста и расположена за нови познанства кога видов во телефонот непознати броеви ми се крена косата после ми кажаа дека биле од моите „нови другари“ :tapp:
Инаку не сум од тие луѓе што пијат често, освен на вакви манифестации :D
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853

Кој знае што друго си правела со твоите ''нови другари '' а не ти кажале твоите вистински другари :giggle:
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Кој знае што друго си правела со твоите ''нови другари '' а не ти кажале твоите вистински другари :giggle:
хахахахаххахах....да беа толку ќе ме остаеја да спијам сама среде парк да ме јадат кучињата :D
инаку ми кажа другар ми дека едниот пробал да ме мува ама си добил аперкат по вилица:pos:
среќа што ме тргнале инаку којзнае дали цел ке си одел,
пошто кога сум пијана сите ми изгледат ко боксерски вреќи :D
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Интересни приказни има на темава па да ја споделам и мојава што според мене е најинтересна :) (малце е долго али јбг, ова не може у кратки црти да се опише)

Беше пред година и нешто, крај на школска година па да се собереме цел клас у кафана по тој повод. Ја у кафана по обичај си пијам винце, па така и овојпат си земав црвено вино, "плава крв" наречено. Али знаете како е у кафана, малце народњаци, малце шабанарии, околу тебе пијани луѓе, сите пеат и се веселат и тебе те фаќа атмосфера. И ете по пола испиена флаша, другарче едно башка до мене беше седнат немаше со кој да дели ракија, па ме тераше ај бе брат ќе зееме по едно бокалче ќе го делиме. И ја првин нејќам, нејќам, пошто не сум голем фан на ракија, али ај си викам ќе зеам овојпат, али ќе пробам да се контролирам колку-толку (note: до тогаш у живот немав повраќано). И ете стига бокалчето, и другар ми ми вика али брат сеа чест да си напраиме еден на друг, ќе станеме пред сите и ќе ги маваме на екс (а он доста поискусен пијач, али ја ете лудо-младо :D ). Епа ај што, така и напраивме. Стануваме, живели и бам едната ракија на екс. Мене ме загоре па му викам чекај сеа минута, па втората. И чекаме минута и ми вика, ајде Рики може? - Може ајде, пак истата процедура, бам и втората чашка. Мене све потопло и потопло ми станува и викам чекај уште минута-две за последната. И ајде поминуваат минута-две, ја станувам самоуверен, го кревам и него, ајде брат ја маваме и последнава. Ја рокаме ко водичка да е, и мене у моментот толку врело ми стана, морав надвор да излезам на воздух. И трчам надвор се ладам малце и по некоја минута се враќам назад. Откако седнав на столчето и допив виното памтењето ми е хаос. Се десија многу чудни ствари, а мене единственото онака најсвежо памтење до ден-денеска ми е следното утро како се будам. Сликата беше јас у некоја чудна положба, со ланчето што стално го вадам коа сум дома на мене, боксерици, и десната нога боса, а левата покриена со чаршав. Го тргам чаршафот од левата нога и гледам дека имам чорапа. И моментот на тоа како на левото стапало имам бела, поцрнета од прљавштини чорапа, а на десното неам ништо едноставно ми опиша што се дешавало претходната вечер. Е ете што стварно се дешавало (ова е еден склоп на флешови што ја ги памтам и делчиња што 5-6 другарчиња што ми ги кажаа):

Во кафаната имаше жива музика, и после тоа тие си отишле. Ја разочаран што више никој не пеел сум извадил телефонот и сум пуштал од шабанариите што ми седат у телефон и сум ги терал сите да пеат со мене. Некои ми се придружиле на извесно време. Али по некое време пошто многу сум урлал дошол келнерот и ги замолил другарчињата да ме... заќутат :D И океј ме смириле некако и сите си праеле муабет а мене досадно ми било сам и пијан да си седам. И тогаш сум соблекол патиките пошто ми било многу жешко. Првин не приметил никој пошто под маса ми биле нозете, али кога сум почнал да се шетам околу масата (то ест масите пошто споивме повеќе маси пошто бевме 30 и нешто души) и сум ги... ваљда поздравувал или нешто такво сите што беа наши и сите виделе дека сум по чорапи. Ме седнале и не знам колку време поминало али требало да си идеме од кафана, а мене никако да ме натераат да облечам патиките. И добро ме однеле надвор таков по чорапи и сме чекале малце пред кафаната. И овој дел памтам дека помина еден познаник шо се знаеше и со некои од децава од класот и коа ме виде почна онака да ми се смее ко ненормален. Ја у моментот пошто неам врска што се дешава почнувам да му се смеам пошто најверојатно у моментот мислев дека е пијан, и така си седиме пред кафана и еден на друг си се смееме ко ненормални (то ест ја сум у случајов ненормалниот :D ). И добро после тоа ме носеле од кафаната до седмица, пат кој стално го поминувавме тогаш пошто често идевме у таа кафана. Тогаш на патот негде некако ме натерале да облечам патиките конечно. Али ете за беља ја коа сум пијан иам лоша навика да им бегам на тие што ме носат. Буквално да бегам, да им се тргнам од раце и да истрчам у непознат правец. Овојпат памтам дека правецот беше назад до кафаната за пак да се поздравам со сите од класот. Али нажалост таму немало никој, па тргнав негде по рандом патека со надеж дека ќе завршам у седмица. У меѓувреме другариве ме чекале да се вратам, а другарот шо ме носеше трчаше по мене али му избегав, и коа се вратил кај другариве им кажал (пошто и он малце пијан) "абе на Рики му се деси нешто...". И другиве другари готово паника ги фатило, се замислувале како ги носат у станица и се сликаат со онаа таблицана со бројки за оние што го осудуваат на затвор :D Али испаднало дека овој видел како двајца типци му маваат на некој копиљ ластици и ко шо бил "трезен" си помислил ја сум бил тоа. А у меѓувреме ја сум залутал накај едни кафичи и сум им се јавил на тројца другари. Едниот не знаел као да ми објасни кај да стигнам, другиот беше еден од тие шо идеше со мене до седмица и ми објаснуваше али џабе коа ја не ни знам кај сум, а третиот ми вика епа прашај некој околу тебе нека те однесе, сите знаат кај е седмица. Оттука веќе малце побистри ми се сеќавањата. Памтам дека разглеав околу мене и видов 4-5 девојчиња и им викам "девојчиња, ја неам појма кај сум али знам дека идам негде, ако може да ме однесете жити све". И овие ми кажаа епа ај дојди со нас и ги пратев нив и они стигнаа до еден кафич и ми викаа сеа чекај ти тука ние внатре ќе влеземе. И чекам ја, чекам и си седнав на конопој, па ме виде газдата на кафичот и буквално ко куче ме избрка "мрш, мрш, бегај од тука!". И тогаш сретнав некои дечки и им викам дека до седмица треба да стигнам и ми викаат епа топ и ние идеме до таму и ме донесоа. И ете се најдов со другариве, они се најале до тогаш и ми викаат ај сеа до парк да се (те) трезниме. Успут до парк еден другар отиде да моча а ние го остаивме и ѕверот дома си отишол сам. И стигнавме до парк, таму ме трезнеа дур не повратам и по неколку повраќања ми викаа ај сеа пешки да фатиме накај дома, ја викам никако нема шанси. Ма стварно немаше шанси ја едвај од клупа до чешмичките изодев после тоа, тек па километар и нешто до дома да идам. И со такси ме вратија дома, а како се качив до горе, како и дали ме приметија моите, и како легнав у кревет неам појма. И ете се разбудив со сликата што ја опишав на почеток. Тоа ми беше искуството за една ноќ што највише ќе го памтам, али затоа од тогаш вино+ракија никад више не ставив у една вечер.

А што се десило со чорапата... за жал до ден-денес не знам :D
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Еднаш толку многу се опијанив а бев излезен , утрето сабајле се будам и почнав да размислувам од кој правец сум дошол дома со колата и неможев и неможев да се сетам ..Тоа ти било ептен јако пијанчење да незнаеш за себе :(
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Еднаш толку многу се опијанив а бев излезен , утрето сабајле се будам и почнав да размислувам од кој правец сум дошол дома со колата и неможев и неможев да се сетам ..Тоа ти било ептен јако пијанчење да незнаеш за себе :(
Ептен јако чим со кола си дошол до дома :pos::pos::pos:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Ептен јако чим со кола си дошол до дома :pos::pos::pos:
ќути се ежам кога помислувам на тоа не е за смеење , имав еден постар пријател и нонстоп викаше ако се опијаниш оставија колата каде и да е и дојди си со такси , и така е ;) ама незнам кога чоек ке дрмне неколку не размислува така и мисли кујзне колку убаво вози демек боље од трезен што нее така само се лажеме .......
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
Хахаха интересно е вака да читаш туѓи авантури па и да споредиш малце.

Ја мислам дека најлесно можш да се начукаш на некоја house party или слично... нормлано free alcohol малце тешко иде со самоконтрола тука :)

На кратко нешто од моите дешавки се:
На роденден на другарка мешање све можно - водка(чиста, сечена, со ред бул), пиво, јегер, текила, афтершот... тоа е ваљда најлоша можна комбинација. Спиење на лавабо и муабет за тоа како добро одговарале плочките, зборење на пар додека се мувал, за малце да сме скокнеле од 2.спрат на куќата. Другар и другарка биле повремено со мене, им дужев многу тогаш. Дома доаѓање и заспивање кај трпезариска маса.Некако среде ноќ доаѓа мајка ми и вика: "Што ти е? Да не сте пиеле?" Ја враќам: "Па маалце по нешто..." :D

Меѓу другото на друга вечер ОК се до доаѓање дома и тогаш повеќекратно повраќање. До дома во такси со луѓе што и не сум ги знаел баш ама забавно ни било очигледно, последни 500м до дома пешки, немам појма како :свиркам: И така...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Најголем дел од пијаните искуства ми се со @CLOSERtB пошто сме неразделни и + другари и другарки.
Да почнам од најсвежите. Саботата бевме кај другарка дома, си пинавме малце и после да си појдеме дома (и двајцата бевме со коли), он појде нагоре, ја појдов надолу, ама не знам што ни текна да идеме и двајцата во рикверц, се доближивме доста, излеговме од колите и гледаме сме се чукнале малце. Се смеевме ко идиоти, ама добро е што скоро ништо не се познаваше.
Ден порано, петокот значи, се собравме кај гореспоменатиот член во неговиот нов стан, женскиве отидоа да купат кифли, за тоа време ние плукнавме во бунарчето и потоа останатите го испија. Тој вечер иначе членов толку се напи што падна и лежеше едно време на плоштадот и цело Куманово му се чудеше.
Еднаш пак, се најдовме во град и без да се поздравиме се искршивме од ќотек како најголеми непријатели.
Месецов во Сончев Брег на одмор, една вечер се напивме толку многу од пиво и водка, скокавме некоја ограда, се искршивме долу, но среќа што иднината не си ја оставивме таму. Потоа влеговме во преполн автобус и пеевме (повише се деревме) „Излези момче право на тераса“ и сите не гледаа чудно. Толку памтам од таа вечер, а сме играле и на шипка и уште што ти не...
Во јули Нокаут имаа концерт во Куманово, толку се напив и потрошив доста пари, не памтам како со кола се вратив дома, заспав, за брзо време се разбудив и повратив во креветот, немав време ни да станам. После легнав во друга соба, сабајле станувам трезен, ама си викам ај уште малку ќе поспијам, се вратив во мојата соба и легнав на тоа повратеното.
Доста е за сега, најверојатно големи дебили излеговме со постов, ама не нe хејтајте.
 
closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060

А јадење соџвакани бадеми од нашите уста, се сеќаваш? :D
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Па тоа бе мајсторе, не викам дека не си испил литро вино,али за 3-4 минути скоро невозможно е. :) Посебно кога збориме за црвено вино, пошо ептен удара на стомак тоа.
da vidis kako e mozno :D imam drugar 1l belo vino smederkva go pijat na 2 pati go krevat vo 3-4 min.. isto i 1,3 l pivo na eks(dab) krena za pola min
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 14:57 ---
Па тоа бе мајсторе, не викам дека не си испил литро вино,али за 3-4 минути скоро невозможно е. :) Посебно кога збориме за црвено вино, пошо ептен удара на стомак тоа.
da vidis kako e mozno :D imam drugar 1l belo vino smederkva go pijat na 2 pati go krevat vo 3-4 min.. isto i 1,3 l pivo na eks(dab) krena za pola min
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Најново искуство,овој викенд шо помина...Страв и трепет беше.
Се запивме со другари,овие викнале некои другарки од М.Каменица а таму познати се по сексот :Р , игравме разни игри меѓу кои вистина или предизвик на мување,на соблекување за на крај да завршиме сооо кхм ајде нема веза.
Се изопивме толку многу,посебно со една игра кој ка изгуби по 1 текила на екс,имавме 2 шишиња а 6 бевме,3 машки 3 женски.Еден другар незнам дали од инат сакаше да губи за да пие,ама после се гледаше дека несака да пие вече и сака фа се сконцентрира ама веќе испиеното не му даваше па испи 3/4 од шишето.Јас испив скоро 400 милиграмови,а женските прибраа сигурно околу 800 милиграма од кои едната ептен се опи.Другар ми неможевме да го свестиме,бев доволно свесен за да го осетам пулсот,пулсот му беше во 1 секунда 3 пати отчукување,пробавме да го отрезниме со кисела вода и лимонада со ладење и прскање,небива ...и завршивме в болница.Таму одам,дежурната КРАВА ми вели на барај му вена и боцни го и отрча до некој друг хитен случај,јас боцкам боцкам ама толку опијанет шо му ја имам избодено целата рака.Женскиве пискаат крешштат се смејат ги истераја надвор,ние останавме и после половина инфузија овој се освести,ме прегрна заплака оти му е прво искуство и пут под ноге дома у 4 бевме.Најлошо беше,да мислиш оти другар ти е на самрт....
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Незнам на кого друг му се случило ова ама воопшто не е пријатно искуство. И незнам дали до сега имам напишано за истото.

Пијам во кафич во град, се будам позади решетки во селска полициска станица 20km подалеку. Ме ваѓаат надвор снег до колена а јас по маица со кратки ракави. Оснататиот дел од приказната не е за тука :))
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291

де, доискажисе, немој да не држиш во дилема :DD:
 
P.Eskobar

Лева рака на Десницата!
Член од
2 септември 2011
Мислења
95
Поени од реакции
37
Јас моето најјако пијанство го сметам за научен чин од полето на астрологијата, затоа што после тоа пијанство докажав дека постојат "black holes" :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom