Врвот сум го достигнал два пати.
Прв пат во трета година средно, за нова година добро паметам дека испив во рок од 15 минути 7 пластични чашиња џин-боровница, потоа пиев црвено вино чисто, па потоа бело. Кога се прибрав дома беше околу 6 без 20 часот. Добро памтам дека легнав на двосед в дневна како што бев облечен по кошула и фармерки, а на троседот беше заспана сестра ми. Се си мислам како да си кашлав, па така по едно време ме разбудува сестра ми и ми вика станувај да се преслечиш. Сатот го погледнав беше 6 без 10, поминале само 10 минути, а јас околу мене си оставив траги бидејќи тоа кашлањето да не ти било кашлање, нешто друго било

Второто пијанство беше после првите колоквиуми од втората половина, се собравме на викендица, да пијаме демек ракија. Испивме со едно другарче по пола литар во рок од половина час, внатре мислам цревата ми се запалија. Налет друго добив и сончаница на кожава. И си одам сега дома, се договарам идиотов за в чаршија и викам на девојкава чекај ме во Апореа, пример беше 19 часот јас и реков во 22 сум таму. Одам дома горам сиот, и внатре и надвор. Се искапив и си реков че легнам да дремнам малку. Сестра ми ме разбудува, јас спијам кома. Едно време се подразбудувам, ко гледам 23.30 сатот (а пресно фатен тогаш со девојчево), одма се облеков и в чаршија се нацртав на свирка во 00:00. Таму го гледам седнало до братучед ми со девојката (среќа што ги нашло), и одам јас се правдам уште пијан бев у пм. Внатре имаше свирка, али како низ ехо ги слушав тоа инструментите. Си дојдов дома, се препив вода, другиот ден чинам уште ме држеше тоа ракијата до ноќта.
Оттогаш ракија јок, џин јок, потпивнувам винце, иако и од тоа некогаш сум бил потфатен али ништо страшно.