Primera División 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.601
Поени од реакции
22.596
Селта се засили со Данецот, Михаел Крон-Дели. Игра во нападот, најчесто по страна, лево крило. Мислам дека ќе биде одлично засилување за Селта.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
ццц повеќе играчи од Реал купија овие малите екипи и на крај се жалат дека немаат пари. Уште ќе да треба да им ги намалат правата за гледаност.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Уууу Крон-Дели.
После голот што им го даде на Холандија на ЕП, го гледав подобро како игра. Одличен играч земале Селта, брз, со добар шут.
Се посигурен сум дека3та екипи што влегоа лани, сите ќе изборат опстанок.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
кој ти е овој речник што го пишуваш жити све ?
Касиљас кога не знае да проценува топка, а знае да нокаутира сопствен играч кој ви е крив тука? Пошто си љубител на Пепе на тебе и на тој што ти стиснал лајк гол да ви шета низ дома.
Што скокаш па и ти па ? Од секаде падобранци. Прочитај ги муабетите наназад, ке видиш дека Пепе го направија убиец на утакмицата со Валенсија, а човекот ни крив ни должен заврши во болница. Ни ти гледале ни ти слушнале, битно чим се работи за Пепе, мора да се трола. А јас што посакувам ? За тоа неможеш ич да ми се мешаш, ме разбираш ли сега ?
 

NovaLine

Not an idiot.
Член од
5 јануари 2011
Мислења
228
Поени од реакции
112
ебаве фановите... се радувате на туѓа мака... човекот кога се разбуди беше во безсознание... па гледам и за касиљас некое гом*о изедено... касиљас не знаел да процени лет на топка, исто како да збораш за меси дека не можи гол да дај... дај искулирате се малце...
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Вашето Алиби веќе го знаеме ако изгубите,играчите уште не се приспособиле на филозофијата на Петковски :icon_lol:
Јбг вака неподготвени шибаат по 5 комада, а ко ќе се подготват:).
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Гадна работа е ова со Пепе, се надевам брзо ќе се врати во игра. Ова ме потсети кога Валдес го рокна Пике на сличен начин, наместо избоксирана топка, му даде нокаут во глава.

Инаку во однос на тоа погоре каде ќе гледаме. Sopcast и овде (клик) има добри стримови од Canal+ со шпански коментар и топ слика.

До каде е ова шпанскава серија Мадрид-Модрич ? Читам денес некој ја хакирал страната на Реал и направил дека е дел од Реал.М
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
ебаве фановите... се радувате на туѓа мака... човекот кога се разбуди беше во безсознание... па гледам и за касиљас некое гом*о изедено... касиљас не знаел да процени лет на топка, исто како да збораш за меси дека не можи гол да дај... дај искулирате се малце...
Искрено колку пати го имаш гледано Касиљас?
Секој што навива за Реал знае дека ваквите испади му се најголема слабост, односно единствена слабост што ја има како голман. Читни малце околу него размислувања од експерти, не само да тропаш тука, јесте да е најдобар ама не е совршен.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Да бе ова сајт на МВР е па лесно ќе го хакираат :pos: според мене некој од дизајнерите започнал со premature celebration, или па подготвувал профил за Модриќ за кога ќе е готово со трансферот само да го објави.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ја мислим дека ако има некој желба, подобро е да се отвори нова тема иако нема некоја голема еуфорија. Ама за време на Ел Класико имаш падобранци колку ти душа сака, па подобро нека ја пунат таа отколку да се пуни оваја тема со глупости.
 

NovaLine

Not an idiot.
Член од
5 јануари 2011
Мислења
228
Поени од реакции
112
Искрено колку пати го имаш гледано Касиљас?
Секој што навива за Реал знае дека ваквите испади му се најголема слабост, односно единствена слабост што ја има како голман. Читни малце околу него размислувања од експерти, не само да тропаш тука, јесте да е најдобар ама не е совршен.
спомна некој совршенство? не кревај паника одма, го познавам убо касиљас од 1999 навивам за реал мадрид... знам дека имал многу киксови, ама членот погоре збора во глобала не знај да поцени топка...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.408
Али Сисоко во Валенсија, супер трансфер, големо засилување за Валенсија, третото место и тоа како им е загарантирано оваа сезона.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Али Сисоко во Валенсија, супер трансфер, големо засилување за Валенсија, третото место и тоа како им е загарантирано оваа сезона.
Ако Мартинез и Љоренте останат во Билбао, ќе биде интересно за 3то место меѓу нив двете и Атлетико Мадрид.
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Да заличи малку оваа тема на својот наслов Примера Дивизион (а не Ел Класико), еве со закаснение еден мал преглед на првото коло (за оние кои ги интересира секако :)) :
Селта 0-1 Малага
Андалузијците успеаја со минимален резултат да победат на Балаидос со голот на Фабрис, кој со 16 години, 3 месеци и 6 дена стана најмладиот стрелец во историјата на Примера.​
Севиља 2-1 Гетафе
Севиља ја отвори сезоната со победа против Гетафе на домашен терен благодарејќи на головите на Фазио и Негредо (вториот од пенал). Гостите намалија во вториот дел со голот на Алексис, но до крајот на натпреварот не успеаја да стигнат до изедначување на резултатот.​
Мајорка 2-1 Еспањол
Благодарејќи на двата гола на Хемед, островјаните стигнаа до првите 3 бода во сезоната на самото отварање. Голот за Еспањол го постигна Вакасо.​
Атлетик Билбао 3-5 Реал Бетис
Можеби најинтересниот натпревар во првото коло, каде гостите од Андалузија водеа со 0-3 во првото полувреме, но потоа дозволија Баскијците да го изедначат резултатот. Сепак головите на Позуело и Молина не дозволија домашните да направат целосен пресврт.​
Реал Мадрид 1-1 Валенсија
Шампионот од претходната сезона не успеа на домашен терен да започне со полн плен. Гонзало Игуаин му донесе водство на Реал, додека Жонас во последните минути од првото полувреме го изедначи резултатот на 1-1.​
Барселона 5-1 Реал Сосиедад
Голеада за Барселона во дебито на Тито Виланова во Примера. Меси постигна два гола, а Виља се запиша во листата на стрелците после 8 месечното отсуство поради повреда.​
Леванте 1-1 Атлетико Мадрид
Ел Жар го отвори резултатот за домашните, додека Турчинот Арда Туран им донесе бод на гостите од Мадрид.​
Депортиво Ла Коруња 2-0 Осасуна
Успешно враќање во Примера за Галицијците кои со головите на Рики и Нелсон Оливеира стигнаа до победата од 2-0 над гостите од Памплона.​
Рајо Ваљекано 1-0 Гранада
Со неверојатен гол од слободен удар на Тешорас во последната секунда од натпреварот, Рајо Ваљекано стигна до првите 3 бода во сезоната.​
Реал Сарагоса 0-1 Реал Ваљадолид
Екипата на Мирослав Ѓуќиќ која е повратник во Примера, успеа да слави на Ла Ромареда со голот на Оскар Гонзалес.​
Двојките за 2-то коло во Примера:
Реал Сосиедад - Селта​
Реал Бетис - Рајо Ваљекано​
Еспањол - Реал Сарагоса​
Малага - Мајорка​
Осасуна - Барселона​
Гетафе - Реал Мадрид​
Гранада - Севиља​
Валенсија - Депортиво Ла Коруња​
Реал Ваљадолид - Леванте​
Атлетико Мадрид - Атлетик Билбао
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Море Агирече играње :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom