Здраво после неколку дена незаслужен и неплатен одмор од Форумов.
Штета што го промашив мега дербито на двете најдебилни екипи во Премиер лигата од понделникот, имав што да кажам за таа пригода.
Прво ќе започнам од денешниот меч за кој ќе изјавам дека беше чиста мизерија. Среќа што Хартс е на ниво на второлигашка екипа и воопшто не беа сериозни, инаку ќе го оберевме бостанот. Слаба игра и во прво и во второ. Не знам од каде мнението дека второто било нешто поарно.
Слушам дека Шахин ќе доаѓа, и сакам да потврдам дека ако овој Ливерпул сега е треторазреден тим, со него би бил конкурентен. Под услов да пружа исти партии како во Дортмунд пред некое време. Што значи дека ќе видиме како ќе се покаже.
Понатаму: вашата расправија за Енди Керол и Ливерпул воопшто.
Што побргу се сфати дека Ливерпул падна на ниво на Сандерленд, Астон Вила и останати X-разредни екипи, тоа подобро. Илузијата дека Ливерпул е ист како времето кога ја лупаше Барса на Камп Ноу не дозволува промени, и тоа драстични. Патем, Ливерпул е способен да ги направи тие промени, само илузијата, како што кажав - не дозволува.
Сите си мислат „ајде, сега ке тргне!“.
Не, не би требало.
И уште нешто за нашиот “велемајстор“ од Северна Ирска. Не дека не му пружаме шанса или дека го критукувам од старт. Не, јас велев дека тој не е за Ливерпул уште кога го назначија, истиот ден.
Едино тој може да го води Ливерпул онаков каков што е, X-разредна екипа која одвреме на време може да тепа фаворит - два, и да се радува на напредокот кон 6та или 7ма позиција.
А за Керол и споредбата со Карагер и Џерард која беше потегната. И
Rosemberg убаво кажа: ајде да ги избркаме Карагер и Џерард тогаш.
Да, таква споредба е можна, кога веќе Далглиш беше избркан ко последен црнец од Њу Орлеанс.
Керол треба да добие шанса, толку многу што цела филозофија треба да се прилагоди на него. Нека размисли Роџерс малку што и како со него.
Зошто?
Затоа што никогаш не ни добил вистинска шанса.
П.С. Кој сака да разменува идеи и да полемизира почнувајќи од YNWA филозофијата па се до “нашиот велемајстор на клупата“, слободно ад на глупото створење наречено фејсбук.
http://www.facebook.com/profile.php?id=100003204508578&ref=tn_tnmn
Пошо, ко што гледам, нема да бидам траен на кајгана