Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Годинава бев во Pefkohori,Greece.за 1 пат инаку идев добри 7-8 години во Olympic Beach,можам да кажам дека Pefkohori е претежно за млади има еден куп кафичи , ресторани,кафани паркови и 300 други чуда.Највише што ме изнервира е цената , идам у маркет зиам еден најобичен сладолед којшто кај нас е преку сила 35 денари,она ми го наплаќа 2 евра,остај тоа цената на сладоледот надвор и цената што ми ја куца на каса е сосема различна.Како и да е одличен провод нема да се заебете ако отидете и пробате. :cool:

Цените во цела Грција се зголемени. Не е само во Пефкохори. Они мислат дека сега ако се во криза и немаат пари и треба да ги зголемат цените. О бре браќа, па ни мравка нема да ти иде така ако правиш. Намали ги цените па туристите сами ќе си дојдат и сите задоволни. Лупнале цени ко во Мајами да си.
 
Момци да прашам некој дали бил во Вила Елени во Ханиоти, некои искуство и сл.
 
Здраво,Сакам од Скопје да одам до Солун со автобус, после од солун до првиот крак,се тоа сама режија, е сеа дали имате некоја информација постои ли некој автобус,комбе што оди натака.Или пак имете некое сознание за некоја блиска плажа до солун?
 
Немаш плажи до солун,а и да има не верувам дека личи на плажа поради тоа што солун е огромно пристаниште.Најблиско место за бањање е Неа потидеа на почетокот на прв крак и Неа модања помеѓу прв и втор крак(бар ја кај што сум бил)..
 
Здраво,Сакам од Скопје да одам до Солун со автобус, после од солун до првиот крак,се тоа сама режија, е сеа дали имате некоја информација постои ли некој автобус,комбе што оди натака.Или пак имете некое сознание за некоја блиска плажа до солун?
Има плажа на периферијата на Солун - кај Agia Triada, после аеродромот. Отвори си на maps ќе видиш каде е. Имаш `градски сообраќај` дотаму колку знам.
 
Летово изборот падна на Закинтос и дефинитивно подобар избор не можевме да направиме. Такви убавини досега немав видено :)
 
Знам оти не е за лето, помина летото, ама ќе си прашам во темава... :)
Ќе идам за Берлин за брзо па ми требаат предлози за места за посета. За градов знам многу малку и сакам некој што бил да ми даде предлог од искуство, што вреди да се посети, не е истото да читам на сајтови од типот на visitberlin итн. Ќе бидам 10-тина дена, па не се брзам, ќе имам доволно време за шетање и разглед.
 
Прво види ги местата што се секаде препорачани: Рајхстагот, Бранденбуршката Порта,Parizer Platz, улицата Unter den Linden, Alexanderplatz... ОБАВЕЗНО оди во некој од музеите на Museumsinsel, имаат неверојатни изложби, ако имаш доволно време (и пари) посети ги сите, нема да зажалиш. Славната биста на Нефертити е во Neues Museum. Исто би ти препорачала и да отидеш на Checkpoint Charlie и да прошеташ во околината, има еден балон кој се искачува на висина од 150 метри и се гледа цел Берлин од него, а веднаш до балонот е и зачуваниот дел од ѕидот и музејот Topography of Terror кој е на место на најозлогласената полициска станица и централа на Гестапо. Зоолошката е исто така многу интересна и огромна, аквариумот не го бива многу, малечок е и загушлив, да не даваш пари за џабе. :) Прошетај по Kurfürstendamm и влези во KaDeWe. Оди до замокот Charlottenburg, а ако имаш време оди и до Sanssouci, тоа е летниот замок во Потсдам, на 40тина минути од Берлин, има огромен парк и убаво е за шетање. Ова се местата први што ми паднаа на памет, ако ми текне уште нешто ќе допишам :)
 
Оваа година освен во Бугарија отидовме и на островот Тасос. Многу добро поминавме. На островот летуват претежно Бугари, Романци и Срби.
 
Оваа година освен во Бугарија отидовме и на островот Тасос. Многу добро поминавме. На островот летуват претежно Бугари, Романци и Срби.
Е како бе може убаво да си поминеш со бугари и романци??

Јас си бев на планина, па на езеро, па си турив морска сол у леген.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom