Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Е како бе може убаво да си поминеш со бугари и романци??

Јас си бев на планина, па на езеро, па си турив морска сол у леген.....
Со Европејци секогаш можеш да си поминеш убаво.
 
Ај некој ако бил и не му е тешко да напише што има поинтересно да се види во Минхен и Аугзбург?
 
Исланд. Ова лето или пролет. Подолго време го мозгам. Јапан е сеуште далечен и скап.

Блазе тебе, и јас го меркам Исланд одамна ама никако да заминам. Ова лето ако се е според планот Холандија би требало за заминам.
 
Изгледа уште некое време ќе го мозгам. За Исланд треба бајаги однапред планирање за поевтини резултати.
А Холандија ти е супер дестинација, сега бев во октомври и супер си поминав. Ако можеш тркни и до Белгија, на северот има прекрасни градчиња, особено Бриж, и сите се супер поврзани со Холандија а и блиску се.
 
Да си прашам нешто. Со дечково ги имаме прошетано околниве земји. Епа сега барам препорака за некое друго место за летување или престој од десетина дена. Значи, да не биде Грција/Хрватска/Црна Гора/Турција/Бугарија/Албанија, ама па и да не биде нешто што би чинело по 2000 евра од личност, ако воопшто постои такво место. Затоа прашувам уште од сега, бидејќи авионскиве карти се многу поевтино ако си резервираш месеци однапред.
 
летај за дубаи би ти препорачал...супер место а и не е толку скапо
 
Организираат ли летото агенциите патување низ Европа?
Ако да, во кои градови се оди, по колку време се престојува, и колку пари требаат ?

Имам во план да ги прошетам Амстердам, Виена, Прага, Будимпешта, Мадрид, Барселона, Рим, Милано, Парис и тн.
 
Воглавно нема. Пред година-две се распрашував по сите можни агенции за такво патување во сезона на летни одмори и немаше од ниедна од агенциите... т.е. имаше од неколку патувања, ама само до Лорет Де Мар, со попатно едно ноќевање во Венеција и посета на Фиренца или Верона и мислам дека Монако се застануваше без ноќевање. И се’ се сведуваше на тоа.
Ако сакаш сите тие градови да ги посетиш организирано, можеш во секое време да се приклучиш на некоја од туриве што се апсолвентски екскурзии... ама во април месец се најчесто.
 
Спомнавте порано на темата дека во Дубаи е релативно ефтино. Која агенција организира пат до Дубаи, колку пари е лет, престој 10тина дена? Некој може да каже поточно?
 
Да си прашам нешто. Со дечково ги имаме прошетано околниве земји. Епа сега барам препорака за некое друго место за летување или престој од десетина дена. Значи, да не биде Грција/Хрватска/Црна Гора/Турција/Бугарија/Албанија, ама па и да не биде нешто што би чинело по 2000 евра од личност, ако воопшто постои такво место. Затоа прашувам уште од сега, бидејќи авионскиве карти се многу поевтино ако си резервираш месеци однапред.
или Мајорка ... ама внимавај за смештајот ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom