Увоз на брендирани производи и нивна заштита

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Сакам да внесувам брендирани производи кои ги нема во Македонија.
За истите ќе бидам единствен дилер и дистрибутер.
Прашањето е дали сите брендови(3-5)се заштитуваат одеднаш или секој бренд посебно?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај пообјасни повеќе околу оваа работа? Имаме ние некакви закони за брендирана стока, каков договор потпишуваш со извозникот и слично?
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.280
Поени од реакции
8.446
Dogovor deka ke bides edinstven zastapnik za proizvodot na odredena teritorija se sklucuva so firmata izvoznik. Brend izglea ti pogresno go imas protumaceno valjda vo glava ti se mota nekoi raboti kako fransiza licenca patent....
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ај пообјасни повеќе околу оваа работа? Имаме ние некакви закони за брендирана стока, каков договор потпишуваш со извозникот и слично?
Со извозникот склучувам договор дека јас ќе бидам увозник,дилер и дистрибутер на неговите производи во Македонија.Бидејќи и тој е увозник,дилер и дистрибутер на истите производи во Бугарија,а ние веќе имаме склучено договор,сакам да ги заштитам да не можат други фирми да се јават како извозници и увозници и да ги увезуваат производите во Македонија.

Пример:Некоја фирма e увозник,дилер и дистрибутер на адидас во Македонија и само таа има екслузивно право на тие производи
--- надополнето: 23 август 2012 во 21:10 ---
Dogovor deka ke bides edinstven zastapnik za proizvodot na odredena teritorija se sklucuva so firmata izvoznik. Brend izglea ti pogresno go imas protumaceno valjda vo glava ti se mota nekoi raboti kako fransiza licenca patent....
Па треба да бидат патент бидејќи се нови производи кои за прв пат се појавуваат на пазарот во Македонија,а јас ќе бидам нивен увозник,дилер и дистрибутер.Несакам никој друг да ги увезува во Македонија
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Па треба да бидат патент бидејќи се нови производи кои за прв пат се појавуваат на пазарот во Македонија,а јас ќе бидам нивен увозник,дилер и дистрибутер.Несакам никој друг да ги увезува во Македонија
мислам дека ако се интернационално патентирани не ти треба патент и за македонија, ама можеби и грешам.

државата не може да ти обезбеди ексклузивитет - само производителот. јасно е дека ти би добил застапништво од застапник за бугарија, а не од производителот.
значи, ако производителот во иднина реши да се договори со друг субјект и понуди (очекувано) пониски цени - ти ќе извисиш. државата не може да оди кај хенкел или унилевер и да им каже перо ќе ви биде застапник во мк, зашто ние се договоривме со перо...

дури и да треба патент во македонија треба да го побара тој што го има интернационалниот патент или негов застапник. а, ти немаш директна релација со „газдата“, нели?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.296
Поени од реакции
18.291
Си ја утнал малце работата,ти моеш да добиеш заштита за луѓе кој немаат лиценца да не ги продаваат,прашање е колку ќе добиеш али треба(пр Шутка никој не ја чепка).Али производителот може да има поише дистрибутери,пример мислам имаш Најк патики во дуќаниве кој се на Делта спорт мислам а имаш и во на Рибок продавницата.Имаш Лакоста патики и во Лакоста и во Спорт М.Едноставно така се договорил производителот и нема никаква улога државата во тоа.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па не мислам дека ќе увезува гардероба брендирана, не оде тоа кај нас. Од Бугарија Хммммммм или некое чешко пиво или некоја полска вотка што ги нема кај нас :icon_lol:.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.923
аха така значи да бидеш дистрибутер и увозник без конкуренција, е па не е интересно без конкуренција бидејќи скапо ќе продаваш и никој нема да ти купи попрво би одишол во солун или во софија кои се членки во ЕУ и поефтини се од тоа што продаваш во МК;)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
аха така значи да бидеш дистрибутер и увозник без конкуренција, е па не е интересно без конкуренција бидејќи скапо ќе продаваш и никој нема да ти купи попрво би одишол во солун или во софија кои се членки во ЕУ и поефтини се од тоа што продаваш во МК;)
Цените на истите производи во Македонија ќе бидат доста поефтини иако ќе нема конкуренција така да нема да мораш да одиш во Солун или Софија или да купуваш преку интернет.
--- надополнето: 23 август 2012 во 23:36 ---
Си ја утнал малце работата,ти моеш да добиеш заштита за луѓе кој немаат лиценца да не ги продаваат,прашање е колку ќе добиеш али треба(пр Шутка никој не ја чепка).Али производителот може да има поише дистрибутери,пример мислам имаш Најк патики во дуќаниве кој се на Делта спорт мислам а имаш и во на Рибок продавницата.Имаш Лакоста патики и во Лакоста и во Спорт М.Едноставно така се договорил производителот и нема никаква улога државата во тоа.
Да ама еден е увозник дилер и дистрибутер,другите земаат од него и ја препродават со нивна маржа.
--- надополнето: 23 август 2012 во 23:37 ---

А ако увезам јас што не сум овластен од тие производи зошто тогаш ќе ми ги запленат
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.713
Поени од реакции
1.114
Незнам што ќе увеезуваш кога во Шутка имаме се :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
^^ а и вака како шо размислуваш поарно седи мирен ништо не увезуј ... немаш елементарна логика за „идејава“ а за повеќе да не праиме муабет ...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
^^ а и вака како шо размислуваш поарно седи мирен ништо не увезуј ... немаш елементарна логика за „идејава“ а за повеќе да не праиме муабет ...
Не е работата да седам мирен и не увезувам ништо.Размислувам многу добро бидејќи сакам јас и извозникот да се заштитиме за да не можеш ти ако видиш дека добро ми оди и ти да посакаш ја увезеш истата роба со друг извозник преку друг извор.
Штом се распрашувам имам идеја,а порано или подоцна таа ќе се реализира.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Цените на истите производи во Македонија ќе бидат доста поефтини иако ќе нема конкуренција така да нема да мораш да одиш во Солун или Софија или да купуваш преку интернет.
--- надополнето: 23 август 2012 во 23:36 ---

Да ама еден е увозник дилер и дистрибутер,другите земаат од него и ја препродават со нивна маржа.
--- надополнето: 23 август 2012 во 23:37 ---

А ако увезам јас што не сум овластен од тие производи зошто тогаш ќе ми ги запленат
Види сака монопол да прави.Со Ѕинго да не си другар :):):)
Мислам дека со матичната фирма треба да склучиш договор и таа само на тебе ќе ти дава роба за територијата на Македонија.Но за тоа ќе те натера да земеш некој количина.
Мислам дека тоа така иде.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.077
Поени од реакции
11.347
ctrkantia мислам дека во денешно време во пракса не постојат екслузивни увозници, ако ти сакаш да набавиш роба од Х бренд имаш 1 легален пат (овластен дистрибутер за тој регион) од кого мораш да купиш роба со определена цена зависно количината, доколку некој друг сака да набави роба за истиот пазар МОРА да ја набави од истиот дистрибутер каде што ти си ја набавил, препорачаната цена ќе биде иста и никој нема да смее да оди со голем попуст спротивно повеќе нема да може да откупува...

Инаку по легален пат нема да може да купи роба наменета за друг регион.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Види сака монопол да прави.Со Ѕинго да не си другар :):):)
Мислам дека со матичната фирма треба да склучиш договор и таа само на тебе ќе ти дава роба за територијата на Македонија.Но за тоа ќе те натера да земеш некој количина.
Мислам дека тоа така иде.
Не сакам монопол да правам само сакам одредени производи што надвор се поефтини ама кога ќе ги додадеш сите фактори излегуваат поскапо исто така сакам квалитетот да биде ист како за европа ама по Македонски цени.
Секако цената зависи и од количината а со фирмата што ќе соработувам веќе има склучено договори со матичните фирми само преку мојата фирма сака да се прошири на нашиот пазар
--- надополнето: 24 август 2012 во 02:18 ---
ctrkantia мислам дека во денешно време во пракса не постојат екслузивни увозници, ако ти сакаш да набавиш роба од Х бренд имаш 1 легален пат (овластен дистрибутер за тој регион) од кого мораш да купиш роба со определена цена зависно количината, доколку некој друг сака да набави роба за истиот пазар МОРА да ја набави од истиот дистрибутер каде што ти си ја набавил, препорачаната цена ќе биде иста и никој нема да смее да оди со голем попуст спротивно повеќе нема да може да откупува...

Инаку по легален пат нема да може да купи роба наменета за друг регион.
Склучувам договор со извозникот само мојата фирма да биде овластен дилер и дистрибутер а затоа постојат договори и пенали доколку не се почитува договореното.
Дали во Македонија и јас треба да ги регистрирам производите во Дравниот завод за индустриска сопственост за да не можат други фирми да ги увезат и да се декларираат како генерални увозници,дилери и дистрибутери или правото на ексклузивност го стекнувам со потпишување на договор со фирмата извозник.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom