Малку задоцнето коментирам на постов, али не е битно
Не знам колку сте упознаени дека од почетокот на 2012, не важат веќе оние двојни регистрации како порано и сега тие играчи што се позајмени на некој друг клуб, не можат да играат и за Вардар напоредно. Што ми е муабетот... не знам колку стручњациве наши воделе сметка за ова, али Вардар во моментов е буквално оставен на само 20 играчи?! Па дали тоа е доволен број на фудбалери за клуб што има намера да игра на двоен фронт (првенство и Куп)?! Стварно не ми се јасни некои одлуки на раководните структури. Играчкиот кадар е толку тенок да Вардар е доведен во ситуација, доколку му фалат повеќе од двајца, да не може да собере доволен број играчи за на клупа?!