А вие ич не трошите, така?
Не бевте спремни да дадете пари за Моура и за Хазард - недокажани играчи.
Правиш споредба помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи?
Челзи како прво има богат сопственик кој прави што сака со неговите пари,односно го финансира клубот па макар и бил во загуба.
Да почнеме од 2003/4
Потрошени рекордни 151,500 милиони евра од кој што најскапо платен беше Дамиен Даф, слично како Сити на почетокот купуваше играчи кои што играле во "животна" форма макар и една сезона се со цел се повеќе и повеќе да привлекува играчи.
После него најскапото засилување Хернан Креспо со 22,900 милиони евра, слично како што го стори и Манчестер Сити со Санта Круз.
Круз беше еден од најдобрите играчи во Блекбурн,но во Манчестер Сити недоволно добар..
Одиме, 2004/5
Потрошени 142,500 милиони евра
Најскапо платен Дидие Дрогба кој што играше добро во Марсеј,но и во Челзи.
После Карваљо,доаѓа десниот бек Пауло Фереира кој во ова време,а богами и во тоа време вредат ПАРИ што значи тој е земен за 17,600 милиони евра..
После 2005/6
Потрошени се пола пари околу 80 милиони евра од кои најскапо платен е Есиен со 33,440 милиони евра,а после него Шон Рајт Филипс којшто досега нигде не се покажал во вистинско светло,а не верувам ни тогаш.(27,720 милиони евра).
2006/7
Легендарниот Шева од Милан кој што беше незапирлив,секој напад на Милан беше опасност за противниците,е купен за рекордни 40,480 милиони евра.
Разбирам дека Шевченко вредеше можеби толку пари,но од каде овие париве зарем клубот ги заработил со продажба на дресови,карти за натпревари,акции,ова она?
-АБРАМОВИЧ!
2008/9
Како што кажав малце од малце да се покажи играч и одма Абрамовиќ плаќа за еден лев бек 18,040 милиони евра... кој ако не Босингва....
2010/11
Овој трансфер период ме потсеќа на два рекордни трансфери,а богами до сега не ги оправдале парите што се вложиле во нив.
Торес земен од Ливерпул 50 милиони евра,а Керол земен од Њукалс 35 милиони евра,а Њукасл со тие пари создаде појак тим од Ливерпул и котира повисоко од нив во табелата,но сега не е муабет за Ливерпул така да, CALM DOWN ливерпулци...
И овој период се потрошени милионски суми,поточно 106,040 милиони евра од кој 50% од дадените милиони ги дале за Торес.
Значи Абрамович игра голема улога во развојот на Челзи којшто парите ги давал од својот џеб...