Данок за купен хардвер од странство

  • Креатор на темата Креатор на темата old_School_mk
  • Време на започнување Време на започнување

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
6.005
Возраст
34
Локација
Ново Лисиче, Скопје
Ме интересира ова. Моментално сум во Германија и планирам да си купам одредени работи од маркетиве (значи на ново). Дали кога ќе се вратам во Македонија кога ќе преминувам граница ќе ми ги вратат парите што сум ги платил за данок на производот ако им ја приложам фискалната сметка?
 
Во ГТЦ имаше една менувачница, мислам дека тие работат со тој повраток на данок. Влезот од кај Жужу првото ходниче лево.Нема шанси да ја промашиш.
 
Во склоп на насловот ќе поставам едно прашање (иако тематиката на првиот пост е поразлична, сепак насловот се поклопува перфектно. Бидејќи првата е веќе решена, за да не отворам идентична тема, ќе ја искористам оваа,).

На ИТ дискутиравме на моја тема за купување нова конфигурација од Америка.

Во кратки црти, моментално сум во Америка и можеби ќе си дојдам во Македонија некаде околу крајот на септември, можеби не. Доколку да, како што наведов на погореспомнатата тема, планирам да земам делови од овде кои подоцна ќе ги склопам во Македонија.

Разликата на цена ми е 10 000+ денари на цела конфигурација, па ќе ја искористам приликата да си ги порачам деловите додека сум овде.

Лани кога се враќав од Америка си зедов лап топ и немав никаков проблем. Бидејќи слетав во Софија, па од таму со автобус, на граница прашаа дали некој има нешто за царинење, па едноставно си премолчив, и никој ништо.

Но, овој пат бидејќи се` ќе си биде ставено во торбици (значи во тоа спаѓа матична, графичка, процесор, рам, кулер, напојување, хард, ром), невервам дека ќе поминам невоочен, иако сега слетувам директно во Скопје.

Знам дека после 2008 царината ја укинаа на компјутерски делови, па оставија само 5% данок. Како што кажав на темата, тие 5% не би ми претставувале никаков проблем да ги платам. Но, од комуницирање со различни луѓе, многу од нив се изгориле баш поради мислењето дека цела процедура ќе помине само со тие 5% (не ми треба никакво повраќање на данокот).

Дали некој има некаква информација како одат овие работи за хардвер.

Второто прашање и мислење за совет ќе го цитирам од темата:

1. сите работи да ги спакувам во обични кутии (не во оригиналните), да ги заштитам максимално.
Позитивно е тоа што нема да се многу приметливи, и има шанси воопшто да не ме гнават. Негативното е што доколку им се закачат на деловите, ќе немам никаква изрека, и ќе мислам дека сакам да избегнам глупави 2000 денари, па ќе направам веројатно многу полошо.

2. сите работи да си ги носам во оригиналните кутии. Така ќе биде се легално, и може да ги видат, или воопшто да не ги видат и да не ме чепкаат ко на многу други, или пак ако ги видат, ќе си го платам данокот колку што е.
Негативното е што ако заприметат, незнам како ќе се расположени за даночење.
 
Но, од комуницирање со различни луѓе, многу од нив се изгориле баш поради мислењето дека цела процедура ќе помине само со тие 5% (не ми треба никакво повраќање на данокот).

Дали некој има некаква информација како одат овие работи за хардвер.

Второто прашање и мислење за совет ќе го цитирам од темата:

Како се изгореле ако ја имаат сметката и според закон се плаќа 5%?
 
Ме интересира ова. Моментално сум во Германија и планирам да си купам одредени работи од маркетиве (значи на ново). Дали кога ќе се вратам во Македонија кога ќе преминувам граница ќе ми ги вратат парите што сум ги платил за данок на производот ако им ја приложам фискалната сметка?
во Македонија нема логика да ти ги вратат, не си ги купил во Македонија ... прашај како е таму за да Германците ти ги вратат парите на излез од ЕУ ...
 
Точно така. Ако воопшто некој нешто ти враќа, тоа е земјата кадешто е купен производот.
 
Во ГТЦ имаше една менувачница, мислам дека тие работат со тој повраток на данок. Влезот од кај Жужу првото ходниче лево.Нема шанси да ја промашиш.

Тоа е за таксфри, дуќанчето во ГТЦ што е, незнам колку продавниците за техника што се имаат таксфри, али и да имаат, тоа се заверува на граница. По некоја моја логика на тој начин легално го внесуваш ти производот во државава па нема да ме чуди царина ако ти стават и данок да доплатиш...
 
Ова за мене се однесува?
 
Ова за мене се однесува?

Па да... Т.е. одговор на постот на gade е, ако веќе производите ги пријавуваш на граница, да не си направиш трошок повеќе наместо поефтино да поминеш.
 
Вака јас купив лап топ од германија во 2008 година кој што чинеше 600 евра и си земав tax free (мора ако сакаш да го вратат данокот) сметка од продавницата каде што го купив, со таа сметка кога излагаш од државата ти го вракаат данокот во мојот случај ми вратија 60 евра кои што не се малце. Јас тоа го направив на аеродром во Келн каде што мораш производот да го прикажеш во оригинлно пакување со фискална и tax free сметка за да ти го вратат данокот... Мене ми го вратија данокот си ги земав парите, лаптопот го отворив, ја оставив кутијата на аеродром во канта, си го ставив во ранец лаптопот и додатоците и си дојдов во Македонија, се разбира на царина немав ништо за пријавување;)

Доколку дојдеш во македонија со запакуван хардвер или нешто слично во кутија односно производот чини повеке од 50 евра може да ти наплатат царина за истото...
 
А бе никој не рече да се пофалите дека сте купиле лаптоп од странство. Лаптоп е исти кур денеска ко весник да носиш со тебе,дел од твојот личен багаж исто ко и четка за заби и парфем.Ај сега пофалете се и дека ајфон сте купиле од америка,а луѓе за лична потреба во нив носат по три. :s

Луѓево прашуваат за ДЕЛОВИ за компјутерска конфигурација склапање,а тоа е бедотија пошто го носиш интегрално коло па да му објасниш што е па ова е рам па ова е хард па ова е графичка.....кур ми разбира цариникот шо е шо :)

Освен 5% ништо повеќе не смеат да ти оцаринат пошто убаво си стои во закон дека данокот за таква електронска стока е 5%.Шо друго би удриле да ти царинат некоја башка сума од тие 5% јас стварно не знам,а во случај да се деси нешто такво тоа е класичен грабеж,непотребно земени пари.

Моја препорака сето топтан во една кутија само во оние кесите што се со пукање воздушни топчиња и тоа е тоа. Колку може да зафати простор конфигурација,освен напојувањето шо е коцка другото се е плочеста форма,едно до едно наредено сето фино лепо во кутија.
 
Ако прочиташ поубаво односно ако сватиш што е поентата на постот ке видиш дека советот е да не се носи ништо ново во кутија запакувано преку граница затоа што може да ти наплатат царина исто така пишува дека tax free сметката мора да се земе од продавницата каде што си го купил производот ако сакаш данокот да ти го вратат.... А ТОА Е ПРАШАЊЕТО НА ТЕМАВА!!! само го кажав моето искуство - мојата ситуација...
 
Вака јас купив лап топ од германија во 2008 година кој што чинеше 600 евра и си земав tax free (мора ако сакаш да го вратат данокот) сметка од продавницата каде што го купив, со таа сметка кога излагаш од државата ти го вракаат данокот во мојот случај ми вратија 60 евра кои што не се малце. Јас тоа го направив на аеродром во Келн каде што мораш производот да го прикажеш во оригинлно пакување со фискална и tax free сметка за да ти го вратат данокот... Мене ми го вратија данокот си ги земав парите, лаптопот го отворив, ја оставив кутијата на аеродром во канта, си го ставив во ранец лаптопот и додатоците и си дојдов во Македонија, се разбира на царина немав ништо за пријавување;)

Доколку дојдеш во македонија со запакуван хардвер или нешто слично во кутија односно производот чини повеке од 50 евра може да ти наплатат царина за истото...
Фала за одговоров, али да те допрашам уште нешто...
Дали откако го купи лаптопот ти стоеше запакуван дур не отидеш на аеродром или го отвори дома го користеше па после пак го запакува? И зошто само 60 евра ти вратиле? Данокот во Германија е 19%, така да би требало да ти вратат околу 100 евра, а не 60. Или и они да не имаат намален данок на хардвер и компјутерски делови?

Исто така, пошто кога летав за Германија ми беше прво искуство со аеродроми and shit, летав од Софија и таму имаше проверки и царинења, али кога стигнав на аеродромот во Германија немаше ништо. Само ми ставија печат на пасошот, си го земав куферот и тоа беше тоа. Да не сте грешка за царинење во Македонија откако ќе слетам на аеродром?
 
Кога купувате нешто побарајте си да ви направат Tax Free документ, на излегување од унијата дали Унгарија или Словенија ќе го земете купениот производ со вас и Tax Free документот за да ви го заверат. Парите можете да си ги подигнете во било канцеларија или дуќан кај што има Tax Free лого ама сметајте дека ќе ви земаат провизија. За оние кои мислат дека данокот во Германија е 19% се лажат дека ќе им вратат толку, јас купив HTC One X за 499€ а ќе ми вратат само 49 евра данок. Тие имаат табела до одредена сум колку да се врати. Сето тоа ви го напишав од лично искуство.

Sent from my HTC One X using Tapatalk 2
 
Ако прочиташ поубаво односно ако сватиш што е поентата на постот ке видиш дека советот е да не се носи ништо ново во кутија запакувано преку граница затоа што може да ти наплатат царина исто така пишува дека tax free сметката мора да се земе од продавницата каде што си го купил производот ако сакаш данокот да ти го вратат.... А ТОА Е ПРАШАЊЕТО НА ТЕМАВА!!! само го кажав моето искуство - мојата ситуација...
А шо беше битно кај си ја фрлил кутијата. Контењерот строго за хартија беше или ?

Праиш муабет за едно нешто,за лаптоп,една целина. Батево прaшува за деловИ. Разлика - огромна ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom