Во склоп на насловот ќе поставам едно прашање (иако тематиката на првиот пост е поразлична, сепак насловот се поклопува перфектно. Бидејќи првата е веќе решена, за да не отворам идентична тема, ќе ја искористам оваа,).
На ИТ дискутиравме на
моја тема за купување нова конфигурација од Америка.
Во кратки црти, моментално сум во Америка и можеби ќе си дојдам во Македонија некаде околу крајот на септември, можеби не. Доколку да, како што наведов на погореспомнатата тема, планирам да земам делови од овде кои подоцна ќе ги склопам во Македонија.
Разликата на цена ми е 10 000+ денари на цела конфигурација, па ќе ја искористам приликата да си ги порачам деловите додека сум овде.
Лани кога се враќав од Америка си зедов лап топ и немав никаков проблем. Бидејќи слетав во Софија, па од таму со автобус, на граница прашаа дали некој има нешто за царинење, па едноставно си премолчив, и никој ништо.
Но, овој пат бидејќи се` ќе си биде ставено во торбици (значи во тоа спаѓа матична, графичка, процесор, рам, кулер, напојување, хард, ром), невервам дека ќе поминам невоочен, иако сега слетувам директно во Скопје.
Знам дека после 2008 царината ја укинаа на компјутерски делови, па оставија само 5% данок. Како што кажав на темата, тие 5% не би ми претставувале никаков проблем да ги платам. Но, од комуницирање со различни луѓе, многу од нив се изгориле баш поради мислењето дека цела процедура ќе помине само со тие 5% (не ми треба никакво повраќање на данокот).
Дали некој има некаква информација како одат овие работи за хардвер.
Второто прашање и мислење за совет ќе го цитирам од темата:
1. сите работи да ги спакувам во обични кутии (не во оригиналните), да ги заштитам максимално.
Позитивно е тоа што нема да се многу приметливи, и има шанси воопшто да не ме гнават. Негативното е што доколку им се закачат на деловите, ќе немам никаква изрека, и ќе мислам дека сакам да избегнам глупави 2000 денари, па ќе направам веројатно многу полошо.
2. сите работи да си ги носам во оригиналните кутии. Така ќе биде се легално, и може да ги видат, или воопшто да не ги видат и да не ме чепкаат ко на многу други, или пак ако ги видат, ќе си го платам данокот колку што е.
Негативното е што ако заприметат, незнам како ќе се расположени за даночење.