Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 март 2012
Мислења
8.386
Поени од реакции
4.855
Ти стварно како да си од друга планета ! Имаш интернет, телевизија, гледаш што се работи и ти треба само малце да мислиш за да се ти биде јасно. Зошто Америка влезе во Ирак, Авганистан ?Кажи ми една причина, само една, зошто би интервирала Америка и Нато во Косово ? Заради кршење на човечки права ? :pos: Зошто не оди во Африка, на секој чекор цивилни војни, убиствана на деца. Знаеш ли во колку држави, го има истиот проблем, една етничка заедница да се бори за сопствена држава ? Барем на уште 20 места, па зошто таму НАТО не оди и да им даде држава и права како во Косово. Не ги треба таму, тука имаат интерес, имаат рудници, природни богатства, тука им треба вештачка држава за криминал ( дрога, цигари, органи, проституција итн итн), најбитно во Европа е, тука е балканот, а од тука почнува секоја војна и тука има народ со ниска интелигенција, како му кажеш така, ќе работи. Така да не биди среќен затоа што Косово постои, после интересот на Америка оставени сте сами на себе, уште непризнаени и неразвиени. Среќно !
Ако не дојдеше САД, како би изгледало денеска Косово????
- српско, со 5% алб. население
- 300000 косовари во мак. тогаш ќе имаше косовари, денес нема....радувајте се.........
Германците имаат висока интелигенција ама чудно уште се под американска воена контрола....
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Сакаш да кажеш дека церн, најголемата инвестиција од повеќе милиарди евра, која се смета како најголемото човечко научно достигнување ќе се анулира само за да не ја крши теоријата на Ајнштајн??????????????
Да бре да.. светската историја е модифицирано а македонските (српските) историчари ја кажуваат секогаш вистината и само вистината.......
Дали ти викаш дека Словенците не се преселиле????
јас го кажав моето мислење за потеклото на мојата нација, и воопшто не спомнав дека сме најстари или креатори на балканот...туку случајно сме опстоиле, а не дека сме најсилни....
Но ти велиш дека македонија и македонците се центарот на светот, библиско име, најстари во светот, вие ги образувавте сите словени на светот....словените не дојдоа во Македонија, туку од македонија си отидоа низ европа...
Дали гледаш колку е безмислено ова погоре....
Мала исправка,словените,не словенците.Словенците се во Словенија :D

Иначе од сите набројани работи само вториов дел болдиран е вистина
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Обавезно четиво со добри поенти за сите што ја сакаат Македонија.

ПИСМО Случај Слупчане, за американското лицемерство по вторпат

20 авг 2012 19:52

Дипломатските претставници на нашиот стратегиски партнер САД во Скопје, повторно, за само неколку месеци, манифестираа лицемерство и двојни стандарди кога е во прашање Република Македонија. Првпат тоа беше по соопштението на Стејт департментот дека ќе ја почитуваат пресудата на Хашкиот трибунал со која Радован Караџиќ се ослободува од обвинението за геноцид во опколеното Сараево. А потоа, со невидена брзина на 5 декември лани соопштија дека пресудата на истиот тој суд во Хаг во корист на Македонија „не се однесувала на НАТО”, т.е. со други зборови САД нема да ја почитуваат.

Бесими и Волерс
И еве нè деновиве пак. Високи државни претставници (потпретседателот на Владата Муса Џафери, заменик-министерот за внатрешни работи…) предводени од министерот за одбрана Фатмир Бесими во придружба на униформирани офицери на АРМ – Албанци, се поклонија пред споменикот на борците на ОНА во с. Слупчане. Настанот сосема очекувано предизвика големи негодувања на сите нивоа во земјата, но Американците од нивниот фортифициран објект на Калето, преку соопштение го поздравија гестот, т.е поклонувањето пред споменикот на убијците од ОНА.
Што е спорно во нивниот гест? Пред сè фактот што Американците поддржуваат чествување на оние терористи што пукаа на Македонија, пукаа на припадниците на АРМ и други бранители, но и во фактот што во слични случаи истите тие Американци реагираат скоро безмилосно!
Дали ви е познато името Абу Сулејман ал-Ирланди? Претпоставуваме не. Е така се вика Американецот чие крстено име е Џон Вокер Линд, поранешен католик роден во Вашингтон, кој во 2001 година е заробен како припадник на авганистанските талибанци. Можеме само да замислиме колкав бил шокот во САД по заробувањето на „американскиот талибанец“ што Џорџ Буш помладиот го нарекол „некој залутан празноглавец”.
Американското правосудство покренало обвинение против Џон Вокер Линд, алијас Абу Сулејман ел-Ирланди по 10 основи и доколку бил осуден по сите обвинувања, тој требаше да се соочи со три доживотни казни плус 90 години затвор!? Но истрагата сепак покажала дека Линд/ал-Ирланди немал сторено никаков грев против САД. Неговата единствена вина била што тој бил со талибанците во мигот кога Американците во 2001 година ја вршеле инвазијата на Авганистан. Денес Џон отслужува казна од 20 години строг затвор во државата Индијана.
Значи, Американците не ги слават своите непријатели, па макар самите тие да се Американци. Но кога станува збор за Македонија, сè си дозволуваат, па и славењето на убијците на македонските војници и бранители во Слупчане.
Упорното форсирање на САД на одреден етникум во земјава, на сметка на поголемиот, и тоа завиено во обланда за „етничко помирување“ и „соживот“ со право го наметнува прашањето за објективноста во стратегиското партнерство и искреноста во намерите на официјален Вашингтон кон нас. Би сакале работите да се поинаку, но тоа ќе го покажат следните потези на САД, манифестирани и преку директни изјави од Вашингтон или од нивната силно фортифицирана амбасада на Кале.
Александар Попоски, Прилеп
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Сакаш да кажеш дека церн, најголемата инвестиција од повеќе милиарди евра, која се смета како најголемото човечко научно достигнување ќе се анулира само за да не ја крши теоријата на Ајнштајн??????????????
Да бре да.. светската историја е модифицирано а македонските (српските) историчари ја кажуваат секогаш вистината и само вистината.......
Дали ти викаш дека Словенците не се преселиле????
јас го кажав моето мислење за потеклото на мојата нација, и воопшто не спомнав дека сме најстари или креатори на балканот...туку случајно сме опстоиле, а не дека сме најсилни....
Но ти велиш дека македонија и македонците се центарот на светот, библиско име, најстари во светот, вие ги образувавте сите словени на светот....словените не дојдоа во Македонија, туку од македонија си отидоа низ европа...
Дали гледаш колку е безмислено ова погоре....
Што мајка бараат Словенците тука?

Вториот болд, се е точно освен што незнаеш да каде се пишуваат големи букви, а глумиш начитан.
Ако по грешка си заборавил да стиснеш shift тогаш погорната реченица не важи :).
И прочитај О писменех, или што би рекле денес за буквите/ азбуката.
--- надополнето: 20 август 2012 во 23:29 ---
Мала исправка,словените,не словенците.Словенците се во Словенија :D

Иначе од сите набројани работи само вториов дел болдиран е вистина
Верувам дека мојот болд е поточен.
 
B

Bonux

Гостин
Ти стварно како да си од друга планета ! Имаш интернет, телевизија, гледаш што се работи и ти треба само малце да мислиш за да се ти биде јасно. Зошто Америка влезе во Ирак, Авганистан ?Кажи ми една причина, само една, зошто би интервирала Америка и Нато во Косово ? Заради кршење на човечки права ? :pos: Зошто не оди во Африка, на секој чекор цивилни војни, убиствана на деца. Знаеш ли во колку држави, го има истиот проблем, една етничка заедница да се бори за сопствена држава ? Барем на уште 20 места, па зошто таму НАТО не оди и да им даде држава и права како во Косово. Не ги треба таму, тука имаат интерес, имаат рудници, природни богатства, тука им треба вештачка држава за криминал ( дрога, цигари, органи, проституција итн итн), најбитно во Европа е, тука е балканот, а од тука почнува секоја војна и тука има народ со ниска интелигенција, како му кажеш така, ќе работи. Така да не биди среќен затоа што Косово постои, после интересот на Америка оставени сте сами на себе, уште непризнаени и неразвиени. Среќно !
Немаат поима дека всушност направиле пакт со ѓаволот,ќе го јадат кај и да е :drk:
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
70
Поени од реакции
44
Ако не дојдеше САД, како би изгледало денеска Косово????
- српско, со 5% алб. население
- 300000 косовари во мак. тогаш ќе имаше косовари, денес нема....радувајте се.........
Германците имаат висока интелигенција ама чудно уште се под американска воена контрола....
Незнам како би изгледало, неможам да давам претпоставки, ама сигурно најмалку ќе добиевте автономија во рамки на србија, со свој парламент, институции и се друго, што е многу подобро отколу тампон зона за правење на пари и криминал, го знаеш тоа и самиот.Србите тоа и го понудиа. А и создавање на држава бара многу жртви, тоа убаво ние Македонците го знаеме. Да не дојдоа, многу покрваво ќе беше за Косово, ама што и да успееше да направи таа нивна "револуција", ќе беше нивно и они ќе си беа свои господари.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Што мајка бараат Словенците тука?

Вториот болд, се е точно освен што незнаеш да каде се пишуваат големи букви, а глумиш начитан.
Ако по грешка си заборавил да стиснеш shift тогаш погорната реченица не важи :).
И прочитај О писменех, или што би рекле денес за буквите/ азбуката.
--- надополнето: 20 август 2012 во 23:29 ---

Верувам дека мојот болд е поточен.
Ај за библиско име,дека се спомува во библијата ок.........али задњето.......:tapp:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
30 деца од Украина заглавени на македонско-бугарската граница

20​
АВГ 2012​
23:33​
Автобус со 30 деца од Украина е задржан на македонско-бугарската граница, а бугарските гранични власти одбиваат да го пропуштат, пренесува бугарскиот портал Новините.
Украинските деца, кои престојувале во македонија на интернационален фолклорен фестивал, и сега се враќаат назад во својата земја, се задржани во меѓуграничниот простор поради неправилни визни документи, јавуваат украинските медиуми.
Автобусот е заглавен на граничниот премин Гјуешево веќе два дена, а на децата им снемува храна, алармираат одговорните за групата. Тие им се заблагодариле на македонските власти за снабдувањето со вода и пристап до тоалет, пренесува украинската телевизија Канал 5.
Украинското министерство за надворешни работи е во преговори со бугарските власти за решавање на проблемот.
Украинските медиуми потсетуваат на неодамнешна изјава на министерот за надворешни работи на Украина во која најавил дека Бугарија ќе го поддржи безвизниот режим на ЕУ за жителите на Украина, кога Бугарија ќе биде примена во Шенген зоната.http://www.mkd.mk/52801/svet/30-deca-od-ukraina-zaglaveni-na-makedonsko-bugarskata-granica/
CCCCCC , BUGARSKA RABOTA :facepalm:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Нема да најдеш некаде во моите 100 поста сум спомнал поделба...никогаш не го реков тоа...
--- надополнето: 20 август 2012 во 21:02 ---

Албанија - уште максимално не е употребено туристичкиот капацитет, уште има крајбрежја каде се чека да се инвестира....
Косово - Има рудници, јаглен за цела Европа....2 мил. жители ќе живеат како кралеви...
а за србија имаш право затоа што и е одземен колачот (рудниците).....
--- надополнето: 20 август 2012 во 21:09 ---

Не реков дека албанците не се испомешани, испомешани сме со сите, но не толку многу за да се асимилираме, не толку многу за да зборуваме грчки, словенски или турски, а знаеме денеска дека има албанци кои зборуваат турски, грчки, словенски = асимилирани....
имаше делови на албанија кои биле недостапни или неинтересни...
Во Косово сите манастири се реновирани, и тоа од буџетот на Р Косово.....
А ен како џамијата во прилеп....
Џамиите во македонија се градат од алб. диаспора, локалното население или локални богаташи кои некогаш градат џамија се од свој џеб.....
1 не си споменал поделба ама ја посакуваш
2 има јаглен за цела европа ама ги црпи америка
3 и ке изградат постари манастири од тие што беа од 14 15 или 16 век :pos: ( и ај да видиме некоја слика од некој нов манастир)
--- надополнето: 20 август 2012 во 23:54 ---
A kade e popisot od pred 10 god . zasto toj ne go obelodenija , ke ispadnevte 18% i nemase da vazi ramkovniot se ke bese uzaludno taka da toa e realnosta vie tuka vo MKD ste 18% .....
точно е брате
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
29
Поени од реакции
20
Неможам да му го најдам постот каде го има напишано ова:
Во Косово сите манастири се реновирани, и тоа од буџетот на Р Косово..
Сосема неточно. Парите што беа за ОБНОВА (има разлика од реновирање огромна) на манастирите и другите верски објекти се Европски. Така барем беше до пред неколку години до кога и се обновија најголем број од разрушените објекти
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103

За да имаат пак што да рушат и палат...
--- надополнето: 21 август 2012 во 01:17 ---
Сакаш да кажеш дека церн, најголемата инвестиција од повеќе милиарди евра, која се смета како најголемото човечко научно достигнување ќе се анулира само за да не ја крши теоријата на Ајнштајн??????????????
Да бре да.. светската историја е модифицирано а македонските (српските) историчари ја кажуваат секогаш вистината и само вистината.......
Дали ти викаш дека Словенците не се преселиле????
јас го кажав моето мислење за потеклото на мојата нација, и воопшто не спомнав дека сме најстари или креатори на балканот...туку случајно сме опстоиле, а не дека сме најсилни....
Но ти велиш дека македонија и македонците се центарот на светот, библиско име, најстари во светот, вие ги образувавте сите словени на светот....словените не дојдоа во Македонија, туку од македонија си отидоа низ европа...
Дали гледаш колку е безмислено ова погоре....
Значи и ти спаѓаш во тие со потпросечна интелигенција, оти да не беше така ќе сфатеше што се трудев да ти објаснам.
Церн цело време се труди ДА ЈА ДОКАЖИ теоријата на Ајнштајн. Научниците денеска не гледаат "out of the box". Строго се држат до таа теорија, како коњине што тераат само право, па се’ што не се вклопува во таа теорија ќе го прогласат за грешка на инструментите, калибрацијата или незнам што. Се’ дури полека не настани промена, за која треба подолг период.
Е, истото е и со историјата. Кај ќе прочиташ од светски историчар дека Грција ја окупирала Егејска Македонија, дека таму живеело автохтоно македонско население? А сите овде знаеме дека е вистина тоа. Ама тоа се коси со политиката што е кроена последниве 100 години. Не значи дека некој англиски или амерички историчар е подобар од српски или македонски, само со тоа што е од богата и моќна земја. Има забегани историчари секаде, ама по кој критериум ти ги оцени кој колку вреди, а се кладам дека една книга не си прочитал, ниту од странски, ни од наш историчар. Учебникот по историја за 6-то одделение не се смета. Очигледно е дека одбираш да читаш и прифаќаш само тоа што тебе ти одговара.
Исто така, јас не реков ништо, ти самиот си тресиш од ракава, но факт е дека македонската култура и народ се стари со милениуми. Тоа што сме спомнати во Библијата ама баш ништо не ми значи... и онака ја сметам само за обично парче хартија со скаски изнапишани. Исто факт е дека писменоста почнува да се шири од Охрид. Оттука произлегува недоразбирањето за доаѓањето на „Словените“ (словото-писменоста) од ЗАД Карпатите. Тоа ЗАД е релативно, зависи од кај гледаш. Западната цивилизација го скоцкала и го сервира тоа, како да сите ние сме дошле од Урал, неписмени племиња, со цевчиња за дишење Дунав сме го поминале (ваљда имаш идеја за колкава река се работи), така сосе жени, мали деца, старци... и сме дошле овде каде веќе постоела Византиската империја (која ваљда имаш идеја колку била моќна во тоа време) и сме ја уништиле таа империја, сме се населиле на цел Балкан и толку сме го претопиле целото население тука, така што денеска сите овде имаме доминантно „словенски“ гени, само „Албанците“ биле поштедени во тоа...
Не ми треба никаков историчар за да знам дека е срање невидено ова за Словениве. Ама вас, како и на останатите народи им одговара да го деградираат нашето потекло и заслуги во описменувањето на толку народи, па затоа упорно се форсираат некои си квази-теории.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Датум: 20.08.2012, 14:29
СПУШТАЊЕ ВО АМБИСОТ

Слупчане и бедата на Македонците

Трагичната историја на Македонците се приближува кон сопствената кулминација – денес, во 2012 година во Република Македонија. Kако никогаш порано, националната гордост и колективниот дух на Македонците се спушти на најниско можно ниво, на работ од мигот (времето/просторот) кога потполното уништување веќе започнува да се случува. Ова време е време на најголемата беда на Македонците – беда на нивното достоинство, гордост и идентитет; беда на нивната држава. Спуштањето во амбисот каде што владее бесмислата, депримирачката празнина и колективниот очај, денес е секојдневие на народот – македонскиот народ кој низ историјата, но и само пред дваесетина години веруваше во својата колективна сила и капацитет за подобар живот во сопствена држава. Падот од височините на занесот, вербата и идеалите, иако беше етапен, во овој период го доби својот конечен пад – струполување во кое се содржани криците на недобројаните херои кои умреле за Македонија. Времето во кое живееме е најголема агонија на Македонците, без трошка надеж и парадигми кои ќе го концентрираат и возвишат колективниот хабитус на македонскиот народ.

Бедата на Македонците (конкретно овозможена и реализирана од нивните политички партии) е толку голема, со елементи на светско-историска фарса, преку самото соочување со фактот дека денес (во Македонија!) министер во влада, заедно со офицери на АРМ, положија цвеќе и салутираа на УЧK (терористи кои убија над 80 Македонци, пред само единаесет години!), на територија на Македонија! Тоа е современата беда на Македонците! Сето ова и многу друго просто вреска со навреди врз Македонците; сета наша секојдневна реалност ја покажува бедата на Македонците, најголемата во нивната историја!

Објективната анализа, со Слупчане како најнов доказ, уште еднаш покажува дека најголемата опасност за нас, за нашата држава и за иднината на нашите деца е токму тој проклет „охридски рамковен договор“. Ние, Македонците, се изнаслушавме во овие единаесет години премногу глупости – од нелогични интерпретации на договорот, преку мистично повикување на некаков си „дух“ на рамковниот договор, па с` до мошне опасни барања, односно говор на омраза кон нас, посебно она за целосна двојазичност и употреба на т.н. Бадентерово мнозинство за гласањето на буџетот на Р. Македонија. Постмодерните форми на ропство што доминираат низ светот, кај нас полека се трансформираа во средновековни свирепи методи на собирање данок за некој друг да продолжи да го унапредува твоето ропство, твојата дискриминација, твоето измачување – токму антимакедонскиот систем кој те експлоатира. Во тој контекст, парите на Македонците, со секој ден с` повеќе, се трошат на вработувања на илјадници и илјадници припадници на едно малцинство (за Македонците има забрана за нови буџетски вработувања), а за критериумите и квалитетот на некои вработени, односно нивните „дипломи“ доволно е да прочитате само еден извештај на државниот просветен инспекторат или да заминете на кој било шалтер на некоја институција. Бескрајни вработувања на луѓе кои си седеле дома, се забавувале, а земале од нашите, буџетски пари (згора на с`, ДУИ триумфалистички се пофали со фактот дека се намалува бројот на Македонците во државната и јавна администрација)! Парите на Македонците заминуваат и за прослави на годишнините од рамковниот договор – почетокот на крајот на нашата Македонија! А резултатот е – Слупчане, новиот симбол на поразот и бедата на македонскиот народ и македонската држава.

Ете, дотаму н` доведоа македонските политички партии за само дваесетина години (посебно во последните единаесет), до оваа антиисториска беда на реалноста македонска! Вџашувачкиот колективен молк на Македонците всушност дава замав и сила на антимакедонските процеси и тенденции, и ја одзема енергијата на политичарите да се спротивстават, институционално и демократски, на експанзионизмот и национализмот на политичките претставници на албанското малцинство. Kаде има сила, нема правда, нема право. И навистина било така, Македонците го знаат тоа – на своја кожа го доживуваат секој ден, до мигот на – апатридизам, клетата судбина на Македонците (не само на оние од Арачиново и Матејче).

Наместо да се фрли на националното ѓубриште на историјата срамниот период на владеење на СДСМ, кога тие направија политичка коалиција со ДУИ, денес за жал дури и во време кога ВМРО-ДПМНЕ има целосен политички легитимитет, се дозволува дрско кршење на законите, како на пример она за официјални владини документи на туѓ, странски јазик; а се дозволи дури и да се случи Слупчане! Но, токму Слупчане, токму денес, мора да биде ултимативен колективен мотив, последна шанса за Македонците да направат радикален дисконтинуитет во поновата историја на оваа нација и држава! Денес и овде, во сопствената држава, НИЕ МАKЕДОНЦИТЕ, и како народ и како нација, мораме да го вратиме тркалото на времето, да ги исправиме катастрофалните национални грешки и да започнеме нов почеток! Легално да го поништиме наметнатиот охридски рамковен договор, да направиме нова природна територијална поделба на единиците на локалната самоуправа во согласност со потребите и интересите на македонскиот народ/нација, и да формираме македонска влада која ќе го заштитува националниот интерес на државата. Сплотени како и многупати во клучните историски времиња, Македонците денес мораат да се надминат себеси, својата неприродна малодушност, својот имагинарен страв – и да креираат нова иднина, единствена можна иднина пред вечниот амбис на животот како апатриди!

Бедата на Македонците повеќе не може да се издржи, поднесе, допушти! Таа беда денес мора да се претвори во своја спротивност, во триумф на Македонците! Бедата мора да биде трансформирана во прослава на креативниот, ангажиран дух на Македонците, во ново огледало на македонскиот национален дух во кој гордоста ќе биде рефлексијата, одразот ќе биде достоинството на земјата македонска! Распрснувањето на новата смисла на Македонците, интензивното повнатрешнување на новите идеали во самосвеста кај буквално секој Македонец каде и да е на оваа планета, новата парадигма, новата слика на Македонија – е последниот голем проект на Македонците! Или ќе се случи или повеќе – нема да н` има, како Македонци со/во своја национална држава!
Тони Науновски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D1B60FBEA6CD8246A575AFE6CCA2850D
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Ако не дојдеше САД, како би изгледало денеска Косово????
- српско, со 5% алб. население
- 300000 косовари во мак. тогаш ќе имаше косовари, денес нема....радувајте се.........
Германците имаат висока интелигенција ама чудно уште се под американска воена контрола....
Знаеш како ќе изгледаше Македонија ако не дојдеше САД ? Со 10% албанско население во косово мнозинство срби со 30% албанско население и тоа ќе беше немаше да има фино лепо отварање на граници и немаше Македонија да личи тоа што е денес ( силувана трудница )
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Нема да најдеш некаде во моите 100 поста сум спомнал поделба...никогаш не го реков тоа...

Албанија - уште максимално не е употребено туристичкиот капацитет, уште има крајбрежја каде се чека да се инвестира....
Косово - Има рудници, јаглен за цела Европа....2 мил. жители ќе живеат како кралеви...
а за србија имаш право затоа што и е одземен колачот (рудниците).....

Не реков дека албанците не се испомешани, испомешани сме со сите, но не толку многу за да се асимилираме, не толку многу за да зборуваме грчки, словенски или турски, а знаеме денеска дека има албанци кои зборуваат турски, грчки, словенски = асимилирани....
имаше делови на албанија кои биле недостапни или неинтересни...
Во Косово сите манастири се реновирани, и тоа од буџетот на Р Косово.....
А ен како џамијата во прилеп....
Џамиите во македонија се градат од алб. диаспора, локалното население или локални богаташи кои некогаш градат џамија се од свој џеб.....
Албанија нема поволна географска положба, на море идат таму зошто е поефтино и поблиску. Косово има Железо и Јаглен тоа е точно, ама битката за Косово и Метохија не е за тоа.
Уживате права насекаде, само во Албанија- Србите, Грците и Македонците не уживаат права ама баш никакви.
Кој буџет на Косово бе? На Косово беа уништени Цркви и Манастири постари од 9/12 века и уште не се обновени,кого лажеш..
Џамијата во Прилеп нема да се обнови туку ќе се гради нова во Ромската населба која ќе ги носи имињата на двајца загинати на Карпалак, а таа во Центарот може да се обнови како музеј.

Џамиите во Македонија се градат со пари од Саудиска Арабија, исто како што се изградија 500 џамии во Косово за период од 10 години. На Косово има обиди за наметнување на Шеријатското право, демек Албанците скршнале од исламот и сега идат мисии за да ве вратат на стариот пат. Не се прави будала...

Целиот свет знае дека словените се дојденци.........и Блаже ристевски вели така....
Одлично, уште веруваш во тероријата за препливување на Дунав со стапчиња?(y) Интересно...
Еве вака сеа малце логички тогаш: Ако Словените дошле од Северна Европа по тебе, а сите најпрво тргнале до Африка тогаш први го поминале Балканот..:pos:

Најтрагично, позади тој Дунав нема ни населба ни нишо ни еден археолошки локалитет што би се докажало дека имало население таму. И мора да признаам тие Словени биле супер ебачи успеале цел Балкан и пола Азија да ја населат со светлосна брзнина..:vozbud:
Населението на Балканот се мешало цело време другар, хомогени народи не постојат.. Така да не те чуди ако имаш нешто во тебе нешто од околните христијански соседи, ако не сега пред твоите да примат ислам гарант имало некој што се мешале со Срби, Грци или Макдонци затоа што националности постојат од 19 век па наваму, до пред тоа се земале според религија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom