Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дауни во секој филм го глуми истиот мадафакерски "lol im kewl i dont care also im sarcastic" лик. Не знам дали според тоа се проценува добар актер

Гледај нешто постаро од него, како на пример Chaplin и ќе видиш дали е добар или не.
 
Добар глумец е РДЏ не се заебавајте.
Авенџерс е стваро оверрејтед. Филмот требало да биде комедија наместо акција. Да го правеле филмот како комедија ќе беше меѓу подобрите комедии во последниве неколку години пошто слабо асални комедии има последниве години
 
The Avengers e 57 на топ 250 листата и има оценка од 8.6. :eek: Доказ дека светот полудел.
Само што го изгледав филмот.
Не дека е лош, ама пак не е ни нешто добар, а за да имаш олкава оцена треба да си одличен, а филмов е далеку од тоа.
Мислам дека едвај го догледав филмов и малку фалеше на моменти да го исклучам. Дијалогот е тапа, актерите уште поголема тапа, не се знае кој јаде кој пие, освен Роберт Дауни кој беше единствено добро нешто во филмов. Некогаш наликуваше на X-Men: First Class, ама пак X-Men за овој е Бетмен.
Финалната борба станува досадна затоа што многу трае, а не држи некаква тензија. Изненадувања нема, нешто невидено - нема.
Се на се, една просечна оценка. Далеку е од калибарот на First Class, кој ме држеше до крај и го гледав веќе три пати откако излезе. Авенџерс нема да го гледам пак.
Барав pure fun и пасење мозок, ни забава добив, ни мозоков го испасив. (n)

Ok batman fanboy#50.

Sto e za tebe fun i zabava? "legendarnata" uloga na mrtviot Heath deka e mrtov? <3
 
Кој од овие филмови вреди да се гледаат ?!
M.JPG
 
Ok batman fanboy#50.

Sto e za tebe fun i zabava? "legendarnata" uloga na mrtviot Heath deka e mrtov? <3
не оди толку ниско како прво, секој си има право да си кажи пофалба и критика, еве мене бетмен првите 2 дела ми се гледани и се закон, авенџерс ми беше како да го гледам expendables со супер херој, плитка приказна и класична акција
ме бендиса глумењето на локи,хулк и ајрон мен. другото просек.
јас му давам 7.5 за ефектите и поради тоа што ги собраја сите херои од марвел во еден ист филм
 
Perfume: The story of a Murderer
1382977815.jpg

Искрено, ништо лично, али колку мрзам недефинирани филмови тоа е нешто страшно. Овој филм би го ставил во листата на преценети.
 
Забелешка на место. Не знам дали ја имаш прочитано книгата, но јас најпрво ја прочитав неа, па ја поврзав со филмот и може затоа не забележав некои нејаснотии и недефинирани елементи. Знаев во старт кон што цели филмот и секој момент со знаење го очекував. Да го гледав филмот прво може ќе имав исто мислење.
Инаку, филмот во голема мера отстапува од книгата. Еден добар дел од враќањето на Гренуј од планината до моментот кога прв пат ја сретнува девојката е скокнат. Исто така, премногу малку внимание е посветено на осаменоста и тагата на Гренуј која е клучна за создавањето на парфемот и неговата смрт кај канибалистите. Исто така и инфериорноста во очите на другите, неговата желба за супериорност над сите итн итн. Може и токму тоа се недотатоците кои го прават недефиниран филмот :)
 
Треба да се прочита книгата, се кладам дека е неколку класи над филмот, како и секоја друга ако се спореди со адаптацијата на истиот.
 
1. колку голема штета што пред 2 недели го гледав рускиот филм "12" , а денес легендарниот "12 Angry Men" .Не знаев дека 12 ќе биде што се вика по ист терк правен ( да не кажам копиран) Си го расипав филмов дефинитивно .
2. сега сигурно нема да го гледам "12 Angry Man" од 90тите обработката.Многу ќе ми дојде 3 пати ист филм да гледам :pos:
3. Зар смее вака рускиов филм да биде номиниран за Оскар :eek: ?Та едно исто е (скоро)
 
Забелешка на место. Не знам дали ја имаш прочитано книгата, но јас најпрво ја прочитав неа, па ја поврзав со филмот и може затоа не забележав некои нејаснотии и недефинирани елементи. Знаев во старт кон што цели филмот и секој момент со знаење го очекував. Да го гледав филмот прво може ќе имав исто мислење.
Инаку, филмот во голема мера отстапува од книгата. Еден добар дел од враќањето на Гренуј од планината до моментот кога прв пат ја сретнува девојката е скокнат. Исто така, премногу малку внимание е посветено на осаменоста и тагата на Гренуј која е клучна за создавањето на парфемот и неговата смрт кај канибалистите. Исто така и инфериорноста во очите на другите, неговата желба за супериорност над сите итн итн. Може и токму тоа се недотатоците кои го прават недефиниран филмот :)

Парфем е пропаднат обид од психолошка книга за генијалец да се направи хорор филм. А не можат да го вметнат делот на планината и да сакаат, би изгледало одвратно и глупаво на филм. Исто и со внатрешниот говор. Затоа ретко од некоја книга излегува добра филм.

Инаку, само што почна Hanna and her sisters на Woody Allen на TV1000. :love:
 
1. колку голема штета што пред 2 недели го гледав рускиот филм "12" , а денес легендарниот "12 Angry Men" .Не знаев дека 12 ќе биде што се вика по ист терк правен ( да не кажам копиран) Си го расипав филмов дефинитивно .
2. сега сигурно нема да го гледам "12 Angry Man" од 90тите обработката.Многу ќе ми дојде 3 пати ист филм да гледам :pos:
3. Зар смее вака рускиов филм да биде номиниран за Оскар :eek: ?Та едно исто е (скоро)
Следен да го гледаш 12 мајмуни :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom