Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Dersu Uzala(1975)-Можеби Дерсу Узала не е меѓу најпознатите филмови на Акира Куросава,но бар мене ми е еден од поомилените.Генерал во армијата на царска Русија е испратен со научна експедиција во срцето на Сибир за да ја истражат прекрасната средина.Сосема случајно,експедицијата го среќава Дерсу Узала,осамен ловец и скитник,еден необичен човек кој извонредно добро ја познава и ја сака природата.Генералот го назначува Дерсу за водач на експедицијата,тој е воодушевен од неговиот карактер,а меѓу нив се раѓа едно многу искрено пријателство.
Филмов е добитник на оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје,истиот изобилува со прекрасни пејсажи,преубава приказна и одлична актерска екипа.Филмче кое дефинитивно заслужува да се погледне.
Само една исправка, не е филмче, филмиште е, 10-ка, прекрасен филм.
Dersu Uzala
images
 
Незнаев кај да прашам, тука некако најлогично ми дојде.
Само мене на арена ли ми прави проблеми со симнувањето на торентите? Колку шо се разбирам од бугарски ми вика дека морам да имам бугарска ИП адреса за да можам да симнувам.....
 
Незнаев кај да прашам, тука некако најлогично ми дојде.
Само мене на арена ли ми прави проблеми со симнувањето на торентите? Колку шо се разбирам од бугарски ми вика дека морам да имам бугарска ИП адреса за да можам да симнувам.....
Кај мене е во ред. Пред некој месец ми правеше проблеми и тогаш морав да симнувам со uTorrent. Пробај преку магнет линковите.
 
дечки има некоја најава за излегување на авенџерс на блу-реј ?? :)
 
The Avengers e 57 на топ 250 листата и има оценка од 8.6. :eek: Доказ дека светот полудел.
Само што го изгледав филмот.
Не дека е лош, ама пак не е ни нешто добар, а за да имаш олкава оцена треба да си одличен, а филмов е далеку од тоа.
Мислам дека едвај го догледав филмов и малку фалеше на моменти да го исклучам. Дијалогот е тапа, актерите уште поголема тапа, не се знае кој јаде кој пие, освен Роберт Дауни кој беше единствено добро нешто во филмов. Некогаш наликуваше на X-Men: First Class, ама пак X-Men за овој е Бетмен.
Финалната борба станува досадна затоа што многу трае, а не држи некаква тензија. Изненадувања нема, нешто невидено - нема.
Се на се, една просечна оценка. Далеку е од калибарот на First Class, кој ме држеше до крај и го гледав веќе три пати откако излезе. Авенџерс нема да го гледам пак.
Барав pure fun и пасење мозок, ни забава добив, ни мозоков го испасив. (n)
 
Аман бе се му даде на Авенџрс.
Мене ми беше супер, за блокбастер, за забава и слично.
Роберт Дауни и тешко да имаш утка во филмот, е сега тоа шо е 57ми на имдб, тоа е веќе претерување, ама за блокбастер мене ми беше супер.
 
Дауни во секој филм го глуми истиот мадафакерски "lol im kewl i dont care also im sarcastic" лик. Не знам дали според тоа се проценува добар актер
 
Дауни во секој филм го глуми истиот мадафакерски "lol im kewl i dont care also im sarcastic" лик. Не знам дали според тоа се проценува добар актер
Епа затоа глуми во кежуал филмчиња, кои се тука да те релаксираат и да пуштиш мозок на пасење.
 
А па на не-кежуал филмовите мозоков на факултет да не го пуштам :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom