јебе луд збуњеног е работава
Закон за правата на потрошувачите има само за потрошувачки кредити
Македонија до пред шест месеци немаше закон што ги штитеше правата на граѓаните при земање потрошувачки кредити, во смисла на транспарентност за сите услови при кредитирањето.
Овој европски закон државата успеа да го препише од хрватскиот модел и законот стапи на сила во октомври лани.
Најавуван како закон што ќе ги спаси граѓаните, смислата до денеска не е исполнета, тврдат банкарските работници. Шест месеци подоцна граѓаните сеуште имаат проблем –дел од провизиите и трошоците за кредитите, банкарските службеници сепак немаат обврска да ги соопштат. Со законот се воведе единствен формулар што секој кредитен службеник мора да му го понуди на клиентот, а каде се содржани сите трошоци на кредитирањето, покрај каматата. Во тој формулар,
клиентите добиваат информација дека мора да платат провизија за обработка на барањето за кредит, провизија за одобрување на кредитот, провизија за администрираење на кредитот, но и други трошоци што се поврзани со одобрувањето на кредитот.
Сепак
во договорот клиентот никако не добива информација дека ќе има трошоци за неисполнување на обврските од договорот, трошоци за осигурување, нотарските услуги и други трошоци од кои не е условено одобрувањето на кредитот.
Друг проблем во регулативата според банкарските експерти е тоа
што формуларот го издаваат во текот на кредитната постапка или пред реализација со што смислата се губи.
Што ќе му е на клиентот формулар со информациите кога кредитот веќе е во постапка. Целта на истиот е клиентот да го има пред да донесе одлука каде ќе аплицира за кредит. Банките го даваат само ако клиентот го побара, но сеуште постојат случаи, во моментот на информирање на клиентот наместо формулар, да му се понуди симулација на амортизационен план на кредитор кој содржи само дел од информациите од формуларот или само флаер, потврдува анонимно за ова истражување банкарски службеник.
http://evesti.mk/2012/05/21/tri-pati-citaj-ednas-potpisuvaj-vo-banka/